1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Незнам за што точно се работи со променава на пол.
    Но имавме познати кои со детенце родено со двата пола беа на тешки и скапи операции во Белград,ако се работи за покривање на вакви операции е сосема во ред.
    Ако е за промена на пол и тоа е поради усогласување или копирање идеи од други држави,во Хрватска е исто на товар на фонд ,а и во Црна Гора од март годинава.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Така де.
    Во истите тие соби, со истите проблеми со лекови, се' исто како нас ќе се справуваат.
    Нема да им дигнат посебна специјална болница со лична сестра и специјално мени.

    Кај е тука проблемот?

    Зошто корекција на нос ако ти е тешко да дишиш на една ноздра е фондовски покриено, што не дишиш на другата или на уста?


    Сите сме во исти лајна.
    Не зборувајте како нивните проблеми да се смешка, оти не се.


    Вистински се, како мојава спондилоза, депресија, анксиозност.

    Ми треба психотерапија која приватно ја плаќам оти мојата болест не е "доволно сериозна" за да биде фондовски покриена.

    Па не се жалам што некој со болно грло плаќа партиципација за антибиотици, може нели и приватно а и со чај да се лечи.

    Промена на пол би се вршело на Гинекологија/Урологија, во истите кревети лежење, иста храна, исти купатила... нема да добијат ништо повеќе од нас непедерите.
     
    На WildMk, PaLaVa, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Лекарствата и хормоните ќе им ги покрива? Пред и после операција? Или сами ќе ги плаќаат?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Ќе им ги покрива.
    Како што покрива на оние кои одат на ин витро третмани.
    И еден куп други неубиствени состојби.

    Зошто едниве може, другиве не може?
     
    На WildMk, crimson, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Аха, прашај колку покрива. Прашај колку ги има лекарствата во мк.
    Пред некоја година моравме да најдеме итно антипаразитски сируп. Немаше во цела Македонија, во ниедна аптека. Се јавивме кај сите дистрибутери. Немаше. Ама битно го покрива фондот. Е тогаш се работеше за живото-загрозувачка ситуација.
    Инаку чекаме испитувања за малото 2 месеци, пошто нема реагенси. Таа и уште којзнае колку бебиња, деца и возрасни. Исто покрива фондот. Да продолжам?
     
    На vitamina, Rama, PaLaVa и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Јас од економска перспектива би го гледала ова, уствари од повеќе перспективи:
    1. Од К-15 перспектива: ако ти дадам тебе, ќе има помалку за мене.
    2. За колкава целна група правиме муабет?
    3. Колку време треба да се стави лек на позитивна листа? Зошто лековите од позитивна листа може да се најдат само во првите денови од месецот?
    Настрана од тоа дека е залетување во смисла на контроверзи околу самата постапка и последиците од истата (па некој после се премислил или исто бил несреќен, депресивен, ватевр), фондот располага со ограничен буџет, кој сега се распределува на Петко, Станко и Митра. Со постапкава ќе треба да се распеделува и плус за Филимена, значи покривањето за овие првиве би се намалило. Освен ако не станува збор за буџет без дно, на пример норвешкиот нафтен фонд;)
     
    На Rama, Sofi.ja, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Сакаш да кажеш дека мислиш дека за нив ќе има повеќе достапност него за останатите? :)

    Не е така.

    Што да прашувам?

    Ако јас се прашувам и морам да одберам едно, кај да одат моите даноци и кој да добие "ваучер", ќе одберам промена на пол наместо ин витро.

    А реално не сакам да бирам, сакам да постојат и двете.

    Да тргнеме животно-загрижувачки ситуации на страна, се подразбира дека се приоритет.

    Ама ако не дозволуваме државно мењање пол, да укинеме и физикална за состојби кои не водат до инвалидитет, да укинеме субвенции за ин-витро, да укинеме се' што нема да не' парализира или убие.

    Фер?
     
    На violetblue, M&M и Milobebence им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Ако Филимена придонесува во истиот фонд, што тогаш?
    Седи мала не си ти битна.
     
    На WildMk и Milobebence им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека нема да има достапност?
    Инаку јас физикална плаќам приватно. Мене со ултра-звук не можат да ме оправат. Ласер, масажа, едно одење ме кошта 1000ден. Тоа фондот не покрива. За комплетен третман плаќам 10 000ден. И тоа е пак привремено. Кога ќе ми покрие 7 дена во некоја бања, ќе може да го правиме муабетот.
     
    На Rama, Harper, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Да ми извинете ама коа се ќе се среди тогаш ако сака некој и два полови органи нека си стаи

    замислете две пациентки на гинекологија лежат, пост-оперативно
    - шо си оперирана ти?
    - проблем со матката, ти?
    - проблем со к**от, вишок ми беше :emo::emo:

    Некоја со цисти, миоми, не и функционира репродуктивниот систем, мака мачи со хормонални проблеми, и оп одеднаш некоја таму сакала друг орган да си стави :x:x
     
    На Rama, Sofi.ja, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Зошто мислиш дека ќе има?
    Како и за сите останати лекови, како и за сите останати проблеми, ќе мораат да си се носат со проблемите кои сите ги имаме.

    Не е ок да кажеш дека моите лекови не треба да се на листа оти мене животот не ми зависи од асентра.

    Оти на еден тон луѓе животот не им зависи од терапијата.

    Им зависи квалитетот на живот.

    Така и на 80% на тие на физикална.
    Нема да умрат без неа, поквалитетно ќе живеат.

    Нема да умреш без дете, поубав животот ќе ти биде.

    Не се трудете некому нешто да ускратите.

    Сите плаќаме придонеси и на сите проблемите треба да бидат решавани.

    И на оние кои не плаќаат придонеси им даваме здравствено де.

    Може треба да им го одземеме тоа право, повеќе пари за нас плаќачите да има.

    Да не го крадат фондот како што го крадат, има и за лекови, и за операции доволно.

    Не е проблемот во тие што имаат потреба да менуваат пол и не го барајте таму.

    Не е смешно да се смееме на некој со мака, на раб на самоубиство.
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, Babushka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Зошто е поважно да родиш дете од тоа да смениш пол?
    Кое од овие две е животнозагрижувачка состојба?

    Или за едниве емпатијата е поголема, за нивната душевна болка е поголемо разбирањето, а за другиве не е?
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Така де. Тоа што кажав првично: сѐ е средено, само уште ова остана. И ние ќе чекаме лекови што ни следат, и тие исто така. И ние ќе чекаме термини за операција, и тие исто така. Само ќе додаваме на списокот што сѐ ќе покрива фондот, а не дека мора да покрива. Епа затоа имаше реакции во јавноста, поради сѐ наброено претходно, кое е "покриено", ама нема. Ете и зошто ја повлекоа одлуката.

    Од овие две живото-загрозувачка состојба е на пример кога ќе се породиш некоја недела предвреме и на гак ќе фати бактерија бебето, затоа што е гнасно до немајкаде во неисчистените инкубатори и нема да преживее. И на крај ќе кажат дека мајката е крива, пошто таа имала бактерија, иако сите брисеви биле негативни. За кои исто така се чека мој термин. За брисеви. Или 3000ден. приватно. Ама битно покрива фондот. Ако си фатиш ред.
     
    На Rama, PaLaVa, Sofi.ja и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Стерилитетот е проблем на репродуктивниот систем, кој најчесто е предизвикан од низа други проблеми, кои и те како се загрозувачки за здравјето ако не се третираат. Може не се смртоносни ама се загрозувачки

    И Тие што сакаат да го променат полот, ипак имаат некој проблем, не е тоа по свој избор, зошто ете така им текнало, ама може и психо-третмани за тоа, да се прифатат какви што се, а не да аздисуваат.

    btw покриена од фондот е само дел од терапијата за ин-витро. Најчесто колку што чини самиот процес плус тоолку одат за хормони и суплименти. И на крај исходот може да е негативен. Значи не се нешто привилигирани луѓето со стерилитет во однос на оние шо сакаат пол да мењаат.
     
    На Rama, Sofi.ja, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Хормонско лекување е едно, да имам проблем и да не сакам да раѓам, здравствено осигурување тоа секако ми го покрива, а за ин витро сигурна сум - уствари не сум и ќе проверам - што покрива субвенцијата.

    За сите хормони кои сега ги испитував платив партиципација, не ми беше речено аааа тоа на приватно.

    Дневно издавам многу упати за кариотипи, дилетации на хромозоми, спермограми итн. значи фондот тоа покрива.

    Во дадениов момент се во предност, вториве немаат ни 1 денар попуст ни можност дел од процедурата фондовски да е покриена. Ни хормони, а не па операција.
     
    На WildMk, Someonespecial, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Абе ајде Нарциса :D

    Какво бебе и пораѓање, кога бебето не е ни направено?
    Прво треба да се направи, субвенционирано, па да се раѓа.

    Сега ај да поставам во ист контекст прашање ако не, зошто бе да се субвенционираат ин витра, кога нема доволно услови ни за оние кои природно раѓаат деца?

    Вакви спинувања не.
    Моето прашање немаше никаква врска со родени бебиња.
     
    На WildMk, LejlaD, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    @Sesil се' е кажано со тоа "аздисуваат"

    Ајде да се договориме тие што не можат природно деца да родат да одат на советувалиште и да прифатат оти природата така одлучила?

    Или така не чини?



    Прво не знаеш кој и зошто менува пол.
    Не "аздисуваат". Ич.
    Психолошкото советување и помош се есенцијални во транзицијата.

    Ама ако не сакаш да прочиташ, ако свесно одбиваш да научиш, да разбереш, што можам јас тука?
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    мислиш дека некој хормон е покриен од фондот? НИ ЕДЕН! Никаква хормонска терапија не покрива фондот. Еден пролактин да ти рипне, 450ден по таблетка ќе си платиш.
    Еве не се мачи види шо покрива
    http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Protokol za BPO 03.05.2018.pdf

    За АМХ хормонот нема никаде реагенс. Ако си издала упат за АМХ еве сподели. Од 4000ден до 6000 се движи цената во приватните лаборатории. А е еден од поосновните испитувања.

    И не може потребата од промена на пол да се спореди со ни еден друг здравствен проблем, иако е проблем. За потребата од промена прочитано ми е уште првата интервенција во МК коа се изведе, јасен ми е коренот на проблемот. Ама е повеќе психичка состојба и не може да се ставе во ист кош со некој онколошки, кардиолошки, гинеколошки проблем. Еве и анксиозноста е психички проблем нели, ја третираш хирушки?
     
    На Rama, PaLaVa, Sofi.ja и 16 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Лековите не знам дали се покриени, ама тоа е исто и за ин витро и за без обиди за бременост, нели?
    Значи ако имам јас потреба од хормонска терапија, исто би ја плаќала како и оние што се спремаат за ин-витро?

    За АМХ знам дека е врзано ИСКЛУЧИВО со оваријални резерви, така што, освен за ин-витро, во друга ситуација нема потреба ни да се испитува. Значи не станува збор за проблем кој ги засега сите, туку САМО жените кои сакаат да останат бремени.

    Желбата за раѓање на дете не е никаков проблем освен психички, ЖЕЛБА Е.

    Ниту се умира, ниту болен се легнува.
    Пак е психичка болка. Не е телесна.

    И не, нема зошто да имаат приоритет желните родители пред оние со друг тип на проблеми.



    Едно е да зборуваме за хормонални проблеми кои влијаат на нашето здравје, дали има или нема лекови, испитувања, сосема друго е дали некој може или не може да има деца.

    Ако не ми е гајле за чувствата на оние кои сакаат да сменат пол, зошто да ми е гајле за оние кои сакаат да станат родители?

    Сите на психијатар - решен проблем.


    Колку и да покриваат ваучерите - покриваат. Да не покриваа немаше да има до сега 10 000+ издадени.


    Да не ми спинувате мислење, да се повторам - скроз сум ок со ваучерите.

    Само никој не се буни што тие постојат додека има деца болни од рак.

    Ама промена на пол, одма бунт.

    Епа тоа е, двојни аршини.
     
    На WildMk, Someonespecial, LunaGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    SmartSelect_20190628-025032_Amazon Kindle.jpg


    Што од ова ми треба за било какво лекување, освен неплодност?

    Ништо. Одговорот е ништо.

    Е сега, оваа табела да ја споредиме со тоа што добиваат лицата кои имаат потреба од промена на пол.

    Што тие добиваат?

    Патем - ова е само за еден ваучер така?

    Плус уште два да доставиме.

    Па и за второ дете има мислам.




    Дали се исполнува желбата на едните (а и на државата - и' треба наталитет) а на другите не?



    Малце пообјективно дечки.
     
    На WildMk, Someonespecial, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.