1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Не спинувам јас ништо Камелија. Само ти кажувам дека фондот ќе се оптерети дополнително, а не го исполнува ни она што треба да го исполни.
    И ова со ин-витрото, аман споредбава. Ако не, нека ги вратат парите ако е неуспешно трипати. А да не зборам дека е и ограничен периодот кога можеш да се реализираш како родител, пошто си имаме биолошки часовник.
    Нека покрива фондот операција, ама прво нека среди сѐ останато многу поприоритетно од ова. Да, и физикална, и ин-витро, и дерматологија...
     
    На Rama, PaLaVa, candy.cane и 18 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не е поприоритетно.
    Освен ако немаш желба да ми објасниш зошто е.
    Баш на аман делот мислам.



    П.С.
    Јас не сум таа што сакам нешто да се укине.

    Само ви правам паралела со нешто скроз неубиствено, за кое сите сте ок.

    После ќе правиме муабет и дали лезбејки е етички да аплицираат за ваучери, или само "нормални" парови.

    Да видиме до каде можеме да ги маргинализираме нивните животи.
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На WildMk, Someonespecial, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Немам. Си легнувам. За 4 саати треба да станам и да се посветам на две деца кои се комплетно зависни од мене. Со желба дека утре ќе има позитивни новости од фондот, кои мене лично ме засегаат и кои се само моја лична желба и не се ничиј приоритет, освен мој, односно нивни. Ако не, ќе бараме чаре како знаеме и умееме, впрочем како и досега што правевме.


    Инаку да, сум за лезбејки да добиваат ваучери и да се остварат како мајки. И за посвојување сум. И да можат да стапат во брак исто така.
     
    На Rama, candy.cane, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Ако е (се надевам не е) болест во прашање, ти посакувам среќа и да ви биде овозможена здравствена заштита, зошто секој ја заслужува. Без исклучоци.
     
    На candy.cane, LejlaD, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Таа желба или психичка состојба е попречена од некој физички проблем. Да речеме циста на јајник, која може да ја има и жена шо не планира бременост нели?И нема потреба да се третира ако не ти ја попречува желбата? Од каква физичка состојба е предизвикана потребата од промена на пол? Зошто потрбата да се има некој орган без кој сме родени ама сепак можеме нормално да функционираме без него и немаме никакви пречки при неговиот недостаток? Ако си роден без еден бубрег, пример, која е потребата да се акаш од земја да имаш уште еден коа сосем нормално се функционира со еден? Или еден јајник, сеедно?

    И нека звучам затуцано, просто, како и да е, ама нешто многу чувства во последно време од аздис се појавија. Се некој е уназаден, се некој е повреден, се нечии права се ускратени. Уствари внимание им фали на сите, ништо друго.
     
    На Rama, Sofi.ja, Harper и 12 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Циста на јајник, на пример, се решава и без дополнителни трошоци за постапката за ивф.
    Зошто би се секирале за амх освен ако не планираме деца?
    Каква врска има тоа со нашето здравје?


    Им фали внимание, се согласувам.
    Вистинско внимание.

    Да не се пикаат веќе под тепих луѓето кои отстапуваат од она што е мнозинството.

    Оти "нормалното" на кое сме научени е хомофобично, ксенофобично, ужасно.

    Време е за промени.

    Не е време уствари, касниме.




    Инаку мојата болест и мојот проблем има 0 физичка позадина.
    Дали е тоа помалку болест или проблем од дијабет?
     
    На WildMk, Someonespecial, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Штета што овде не се третирани како болни, па така да си земев боледување доживотно. Ќе бев сѐ што треба за да ги уживам сите поволности од боледувањето.
    Од транс, до геј, лез, било што прифаќам да сум, само да не одам на работа :wasntme:
    Нема потреба да ме лечите, не се умира од желба да се има к*р.
    Еве неостварена желба нека ми остане.

    Шо и фали на Кејтлин Џенер. 2-3 жени, 6 деца, 2 милијарди богатство, на 65 реши била жена. Си го сецна, си напрчи гради, се дотерува ко права госпоџа и богами посекси ми е од Крис, бившата му. Типот цел живот да ти бил лезбејка.
    Си го прифатија сите деца и пријатели, а богами и бившите сопруги и зетовци. Никому ништо.
    Познавам и јас транс, си живее нормално.

    Ќе спиев, нема што.
     
    На WildMk, LejlaD, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    ИВФ е крајна процедура која се превзема коа сите опции се ицрпени и сите мерки кои би ја избегнале се искористени. Отстранување на цистата може да ја елиминира потребата од ИВФ на пример. Ама значи ли дека не треба да се отстрани ако некоја не планира да има деца или ако веќе ја завршила својата репродуктивна фаза?
    АМХ се испитува и при сумља за рана менопауза, не е само пред инвитро. А менопаузата како состојба знаеме како се одразува врз жените. Не може да се спречи ама може да се ублажат симптомите со соодветна терапија.

    И во ред е, на сите ни треба внимание, сите сакаме да бидеме слушнати, да ни бидат задоволени потребите ама кај некои таа потребата за внимание е прекумерна, што лично јас сметам дека е резултат на недоволно внимание во детството.
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На Rama, cresa-jagoda, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Поубав/а е од Крис, да. Ама не знам бе како на тие години на така високи штикли успева да стои. Алал да И е. Еве ни 30 немам ама не можам да стојам на толку високо. Да се преиспитам, може сакам маж да сум :emo:
     
    На Rama, cresa-jagoda, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Сесил што и да е ивф, факт е дека постои субвенција од државата, и факт е дека пр. спермограм се прави со партиципација, а не приватно.

    Јас не барам причини да се укине субвенција, напротив, предочувам дека не може едни да фаворизираме, не е во ред така.

    А твојот заклучок, е едноставно погрешен, колку што јас одбрав депресија, некоја одбрала циста на јајник, трет одбрал слаб спермограм... толку и овие луѓе одбрале да се родат со проблемите со кои се родени.

    Во последно време се' повеќе се прифаќаат и не се табу тема, затоа и се поактуелни нивните проблеми и нивните права.
     
    На WildMk, violetblue, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Милијарди луѓе на планетата, со илјадници години сите имале внимание и љубов во детството, и за време на југословенската војна, Малерозна не добила доволно внимание и љубов, и сега сака да има к*р меѓу нозе за да моча стоејќи.

    П.с ето Сеске и тебе не те сакале и внимание не ти обраќале ко мене
    :D

    Абе мме, укинаа смртна казна за убијци, доживотно ги храните и поите, уво не ви чуе, се фативте за 5 души у 2.5 милиони што сакале да си го рецнат/со секундарен да им залепат.
    А што е со педофилите?
    Не ви смета што ги храните в затвор, па ко се болни плус ги лечите со ваши пари?

    Не сте ми јасни, ама ич.
    Логиката изгледа сте ја пратиле на годишен одмор
     
    На Annath, WildMk, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Епа успева дека 50+ години скришно се облекувала во женска облека.
    Ама тоа машко си, мораш ова, мораш она, го направи олимписки медалец. Плус згоден на млади години у пм.
    Жената си е лезбејка и тоа е.
    Се осеќа женско, цел живот со жени спиел/а ко што читав.
    Крис секако немаше да остане со неа после транзиција, оти си е хард кор стрејт, си го најде Кори мажага и трипати (знаете во која смисла мислам)
    Дури беше маж, беа заедно, створија фамилија. Излезе од ормар јавно, развод брака.
    Ретки се тие што би биле во врска со транс особа. И ја разбирам и Крис. Толерирала дома да и се облекува во женски алишта, кросдресинг не е страшно, и јас носам пантолони. Ама сецнат алат и поголеми гради од моите, плус потврди, нечеш богати.

    Шала на страна, озбилна е темата.
    Почитувам сечие мислење, ама не ги разбирам фобиите.
     
    На WildMk, LejlaD, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене ја сум за итно враќање на смртната казна, за убијци,педофили и сите други што трајно осакатиле некој.

    Осеќам дека ме доживувате ко некој што неќе ни да се доближи до гејовете и трансџендерите. Мене лично не ми пречат, немам ништо против нив. Mе нервира потребата за постојано нагласување на различностите, а сепак сакаме да сме еднакви. Нели целта на парадите да биде слушнат гласот и одобрени некои барања. Зошто е таа парада секоја година во Холандија тогаш коа им е признаена заедницата и ги имат сите права? ОК, ај традиција е ;)
     
    На Rama, PaLaVa, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    77.296
    Пол:
    Женски
    Епа нагласувањето и еднаквоста е во тоа твое размислување дека ним операцијата не им е потребна, а на друг е. Значи за тебе не се еднакви, ако друг е приоритетен пред нив. А не си само ти, илјадници скокнаа.
    Ама човекови права за среќа има, па со рамковен ќе нѐ ушалтаат у општеството.
    Инаку тука, затвореници, ЛГБТ членови, излечени алкоси и наркомани имаат предност на листа за бенефитс.
    И не само тука. Куп наши зедоја азил со држење на другарка за рака, со дискриминирани стории како се протерани од нашите конзервативни држави.
    Во Бугарија наши работат по амбасади и невладини на проекти за ЛГБТ заедницата.

    Тука младите се 60% би во најмала рака. Кај нас сигурно 30%
    Ама нели од дома знаат на што се, никој не излегува од ормарот.
    Трај си и прај си ни е работата.
     
    На WildMk, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.784
    Пол:
    Женски
    Инвитрото се доплаќа плус 1200 евра минимум, иако е на фонд.:doh:
     
    На Rama, Sofi.ja, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.828
    Пол:
    Женски
    Не, не е фер.
    Да, фер е.
    И тоа е се што треба да се знае кога ин витро постапка се споредува со било што друго. Евр!
     
    На Rama, An-na, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524
    Screenshot_20190628-075308_Chrome.jpg

    Каква гинекологија...

    Иначе јас преку фондот одам на психијатар.


    Амааааа... животозагрозувачка е состојбата со моите кредити, барам фзосм да ги плати, оти јас стварно не бев родена за кредити.

    Добро утро од Северна Вицотека. Владата за кур не ја бива, ама секој ден ме смее... да ни ја поживее господ.
     
    На Rama, Biljarkata, MilaP и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.602
    Пол:
    Женски
    Смешки муабетов. Уште посмешни споредби. Фондот прво нека проработи за се што претставува сериозна и помалку сериозна состојба, па на крај нека им даде и на оние што убедуваат дека не се болни, туку така избрале. Со што се сложувам. Не се болни, затоа и нема што преку ред да се оди нели?
     
    На Rama, Biljarkata, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    102.171
    Пол:
    Женски
    А кој проблем го имаат оние кои сакаат да го сменат полот?
    Баш ме интередира.
    Кој е проблемот што толку им смета полот кој им го дал природата за да мораат тие да имаат предност од оние кои исто така онаа природатата им ја одземала можноста на оние кои сакаат да се остварат во улогата на родители?
    Значи ако вториве им е проблемот во главата психата кај првиве што им е проблемот за да бидат приоритет на фзом?
    Да има доста побитни пациенти кои се животно загрозени ретки или комплицирани билести и.т.н.
    Ама не ми е јасно од кај дојдовте со споредбава ивф и менување на пол стварно не ми е јасно.
    И баш ме интересира колку од оние кои сакаат да го променат полот се спремни да подигнат кредит и да се задолжат следните 10-тина години како што се задолжуваа голем број брачни парови?
    И зошто на детска клиника?
    Кој се може да оди на оваа интервенција т.е од која возраст?
    Дали родителите би имале право да одлучуваат за промена на полот кај нивните деца?
    Не знам дали тука се зборуваше за детето кој го смени полот од момче во девојче мајката ја почитуваше неговата желба/потреба ама,истото тоа дете на 18 години се препишмани па повторно посака да биде момче.
    Е сега кој се би имал право на оваа интервенција т.с од која возраст може да се направи промена на полот?
    Дали родителите имаат право да одлучуваат за детето?
    Што ако тоа дете се предомисли како што се предомисли детето во примерот погоре?
     
    На Rama, Biljarkata, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    147.177
    Пол:
    Женски
    Проблемот во државава е тоа што се се прави без концепт, ќе објават нешто па пупу не важи. Како мали деца што си играат одиме на работа, пред да се донесе било каква битна одлука, посебно каде што се државни пари во прашање се прават испитувања, елаборати, ама не на некој му текнало нешто пуштил буба па после некој друг му удрил заушка и се повлекува.
    Се сложувам со @CameliaMiller за мбогу работи, ми се допаѓа како размислува, ама за жал општество како што го замислуваш е утопија и сме мнооогу далеку од тоа, а и не само ние. А се слагам и дека треба да се одредат приоритети. Првенствено услови за работа никакви, да почнеа малку од таму, една нуклеарка треба на клинички да пуштат па да го изградат од корен, кое е тоа здравство каде што те лажат бубачки додека лежиш во болница, немање постелнина, искинати душеци, персонал фали.... да не набројувам веќе познати работи.
     
    На Rama, candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.