1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Просто кажано ќе се изразам.
    Ако нема ваучер за ин витро не губат само родителите. Губи и државата во наталитет.
    Ако нема субвенции и бесплатни лекувања за дечиња од смртни болести, не губи само родителот. Губи и државата. Плус гратис дамка у здравство.
    А ако на некој не му насадат пенис, или отсечат, ништо не губи државата.
    Се работи за живот, смрт и каприц. И јас може сакам силикони на цицки па ете, не ми плаќа државата.
    Ова слободоумново се граничи со лудило. Испадна побитен е полов орган неголи живот.
    Ај филипче што ус*ра ајде де, ама народ вака да размислува ми е.. Не знам.
     
    На Rama, Lolipop23, candy.cane и 27 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Ајде пак, објасни, зошто се поважни едни од други.

    Без тоа "тоа е се' што треба да се знае".
    Не е се'.
     
    На WildMk, LejlaD и LunaGrey им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Точно е дека фондот покрива дел од инвитро, што го нема речиси никаде во други држави. Ако сакаш инвитро од осигурување, ќе си платиш многу пари за појак пакет. Нема што државата да се грижи за тој проблем.
    Точно е дека не е животозагрижувачка состојба и се покрива од фонд кој и така е во длабоки проблеми, а повеќето од луѓето што придонесуваат не се грижат дали некој ќе има или ќе нема дете.

    Тоа си е факт, дека го користиме фондот за овој проблем и тоа е тоа.

    Само што да речеш дека не треба да се покрива инвитро од фонд е скандалозно. Си играш со чувства на илјадници парови.
    Да пишуваш закачки за друг проблем кој е подеднакво сериозен за тој што си го има е баш интересно. Па твитчиња, шерувања, пресмешно.
    Не е во ред да е на фонд кога фондот не може да се справи со едноставни лекови и животозагрижувачки состојби.

    Прво да се покријат сите операции, и тие што е неопходно да бидат во странство.
    После доаѓаат инвитра и промени на пол. Во ваква состојба кога еден антибиотик нема преку фонд на крај на месец, не би требало ни едното ни другото.
    Второво е пластична операција која би повлекла многу други слични. И таа со голем и крив нос или без гради има психички проблеми и не е прифатена од околината. Првото не е фер за мајката која збира донации за да се оперира нејзиното дете во странство, бидејќи овде нема таква можност.
    Па на крај се' нека е преку фонд и готово. Во некоја утопија.

    Дали мислам дека инвитро преку фонд е заслужено? Дефинитивно. Мило ми е што го има.
    Ама сум пристрасна.
    За другото не знам, не сум во кожа на таа личност.

    Ич не ми се допаѓа што направија сензација, со доктор од странство и глупости. Ако веќе се реши да се покрие процедурата, нека го пуштат пациентот во странство. Некогаш, во усовршено општество. Ама веројатно тогаш и кај нас ќе има доктори.

    За пациентот што ќе ја прави операцијата, би препорачала да бара донации. Сигурно многу луѓе ќе помогнат, на интернационално ниво. Ќе се соберат пари некако.
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На Rama, Biljarkata, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не одиш на психотерапија преку фонд.

    На психијатар и јас одам.
    Психотерапија е друго.
     
    На WildMk, LunaGrey и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Се става на кантар желбата на поединците.
    Според мене желбата на мајката да има дете е поголема од било која друга желба.
    Сигурна сум дека е така.
    Ама како што кажавте тоа е желба.

    За транс лицето најголема желба е да го смени полот. Секој со своите желби нели.

    И јас сакам на Сејшели да одам, па никој не ми покрива, ни пола :rofl:

    Ама тука сме сите жени, некои и мајки, не се зборува објективно.

    Се согласувам со Каме ако размислувам објективно. Ама тешко е емоциите да се одделат од суштината.
     
    На Rama, Biljarkata, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Си кажав и јас за наталитетот, оти не читаш :) Секако наталитет ќе се стимулира, појќе плаќачи на данок.

    Зошто лудило?
    Не гледам лудаци никаде.

    Па уште кај нас многу слободоумие?
    Смешки бре.
     
    На LunaGrey, LejlaD и M&M им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Сериозна е споредбава ин витро со промена на пол?
    Колку и да сме слободоумни и колку и се да прифаќаме,не е во ред.
    Колку жени од темава се обидуваат да забременат?Ако имаме толкава емпатија,да бидеме емпатични за сите.

    Ама еве се предомислија,изгледа сфатија по реакциите на јавноста дека играат на премногу чувствителен терен,во здравство,каде се е труло,во земја каде со донации се собираат пари за лекување на деца и каде нема лекови и тоа антибиотици за една бактерија на средина на месец.

    Никако не смее да биде на товар на фондот.Ако биде,треба да бидат сите оние зафати кои служат за разубавување,ставање филери,ботокси,силикони...сите тие луѓе се незадоволни од својот изглед.

    Ја разбирам Камелија што сака да каже,но тоа за што се залага може да пројде во друг систем,во напредни општества,во земји кои имаат соодветна здравствена заштита за своите граѓани,а не тука,каде не постојат елементарни услови за достоинствено лечење.
     
    На Rama, Biljarkata, Amellie13 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.828
    Пол:
    Женски
    Безпредметно и нонсенс ми е да објаснувам (особено тебе да ти објаснувам бидејќи те сметам за доста интелегентна) зошто ин витро е поважно од менување на пол. Првото е мака, второто е желба.
    Комплетно се согласувам со @LiliBoz . Ако тие треба да го променат полот и можат бесплатно зошто да не можам јас да ставам силиконски гради.
    Еве инвитрото ќе го тргниме на страна. Зошто тие да се поважни од мене? На некој му смета патлакот меѓу нозе сака да го нема (бесплатно) мене ми сметаат моите мали гради и ќе си платам. Зошто?
     
    На Rama, candy.cane, Sofi.ja и 15 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Ставаш на вага наталитет и желби кои не се живото загрозувачки.
    Ти би била во право кога се друго би било средено во државава.
    А за мене ќе е во ред некој да си менува пол на мој терет кога мене некој ќе ми гради куќа место јас да се задолжувам. И неговото е желба и моето е желба. Ниедно не зависи од живот или од смрт. Желба е. Чим буџетот од народот се дели како од дедо мраз онда и ја сакам да добијам.
     
    На Rama, flower30, oblace1 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    од рак има многу заболени, годишно само стотици се.
    пол може ќе сменат 10 души во земјава.
    ја гледаш разликата?
    нема да ги оштетат толку.

    се слагам со @CameliaMiller јас.
    само затоа што не сфаќаме некои работи,не значи дека не се важни.
    факт е дека треба да осетиш на твоја кожа за да ти значи.
    јас сум среќна за нив. среќна ќе бидам и за сите други операции што ќе бидат одобрени во иднина. само нека оди напред земјава.
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На WildMk, Someonespecial, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    Знаете дека лицата со епилепсија си купуваат терапија на приватно, некоја ја немаат во Мк па порачуваме во соседни држави?
    Знаете што значи лице со епилепсија да се остави без терапија?
    Знаете дека реагенси и постапки за деца се чека по една година?
    Знаете дека родилки умираат?
    И да не набројувам.
    Кога ова ќе се среди тогаш, нека менуваат пол на товар на фондот.
     
    На Rama, kalinaka, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не е поголема мака, можеби за тебе е, ама поима немаш како е за тие кои се соочуваат со тој проблем.

    Желби се и двете.

    И двете се РЕЛЕВАНТНИ проблеми за кои треба да се заложиме.

    За да споредиш менување на пол со силиконски гради, треба да не ја знаеш проблематиката.

    Се согласувам дека болните од смртоносни болести се поважни од сите, но желбата за дете е желба, потреба од емотивен карактер, исто како и потребата да се промени полот.

    Да не заборавиме дека зборуваме за дали и 1 личност годишно (веројатно помалку) наспроти илјадниците ин витра.


    И реков, ајде објективно.

    Проблем со неплодност можам да имам и јас, а пол немам желба да менувам.

    Ама знаеш, јас не мислам дека сум поважна од кој било.
     
    На Annath, WildMk, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Вие стварно не знаете што зборувате.
    Луѓето не менуваат пол ОД ЖЕЛБА.
    Зарем некој би легнал да го сечат и да биде во оргомни болки само затоа што му прднало така?
    Тие луѓе се будат секој ден во тело што не е нивно.
    Се гледаат во огледало и не се познаваат себеси.
    Се гледаат и се мразат себеси.
    Секој ден им е пекол зошто не можат да бидат тоа што се.
    Имам гледано како мало девојче од 7 години знае дека не е девојче. Знаат уште од тогаш. Вика МАМО ЈАС СУМ МОМЧЕ.
    И не,нема везе со сексуална определба тоа, Има везе со хромозоми и ТИЕ ТОА ГО ЧУСТВУВААТ ЦЕЛ ЖИВОТ.
    И цел живот мислат дека нешто не е во ред со нив зошто така се чуствуваат.

    Ама не знаеме како е, ајде да се смееме сите и да се зезаме.
    Никој не оспорува дека други операции не се важни. Ете сега се решило за оваа ,утре ќе биде друга. Зошто не можеме да се радуваме за сите луѓе?
     
    На Annath, WildMk, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Дали е во природата на човекот и на живиот свет да се размножува и да создава потомство?
    ДА.
    Дали е во природата на живиот свет промена на полот?
    НЕ.

    Толку е просто.Не станува збор за желба,туку за природен процес.
    Со ин витро фертилизација се потпомогнува онаму каде е потребно,со другово се задоволува нечија желба.


    Мислиш на хормони,хромозоми не можеш да промениш и контролираш,хормонска терапија се прима при ваквите зафати.
     
    На Rama, PaLaVa, Sofi.ja и 21 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Промена на пол треба да спаѓа во естетски операции. Па и е естетска, само што некој се дрзнал на животозагрозувачките и важните операции да им го намали квалитетот баш заради такви.
    Кај нас чаршави за кревети немаше до скоро на детско одделение.
     
    На Rama, candy.cane, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски

    Кај си прочитала што е во природата во човекот а што не е?
    Има негде точки и подточки да ги прочитам и јас?
    Или го кажуваш тоа што е сервирано од општеството и религијата?

    Во природата на човекот не е да патува надвор во вселената па го правиме тоа.
    Во природата на човекот не е да е да има механички екстремитети, пресадени органи,па имаме.
    Во природата на човекот не е да клонира продукти па го прави тоа.
    ин витро е ВЕШТАЧКО оплодување, а ова е вештачко менување на полов орган.
    И јас имам проблем со забременување,пред да кажеш дека немам емпатија. Па сепак сум објективна без разлика на моите желби и маки.

    Ни одговара еволуцијата ама не за се. За нешто ни одговара да останеме во примитивна доба.

    Или одиме напред или да останеме цел живот во една доба,дај одлучете се.

    На крај краева што Ви смета кој каков полов орган има? Ве тангира?
    Ви смета јас што имам филери и ботокс? Тоа одговара во човечката природа?Пошто еве јас не сакам да стареам и го успорувам процесот со вештачки процедури. Кажете ми дали ги прекршувам ПРАВИЛАТА НА ПРИРОДНОТО, да знам дали да спијам вечер или не|(

    И да бидеме реални тоа што е на товар на фондот ,мислиш дека многу ќе го оштети?
    Колку лица мислиш дека ќе го променат полот? Илјадници?
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На WildMk, candy.cane, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    силиконски гради ти е на исто рамниште како менување на идентитет?
    Менување име, менување на физиолошки навики, менување на стариот живот за нов, менување на све од корен? Кој би го правел тоа од каприц? Свесна ли си колку е тоа тешко за еден човек ?
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Еве по ред да ти одговорам:)
    Прво постот ти е скроз извртен,муабетот е споредбата на ин витро и промена на пол.
    Во прииродни науки можеш да прочиташ се за природата на човекот.
    Во природата е да освојува нови хоризонти,да создава вештачки органи за продолжување на живот,да измислува нови процедури и лекови за поквалитетен живот па и да менува пол,никој тоа не го оспорува.Најсовршено живо битие е.

    Темата е операција на товар на фондот.


    Ова му доаѓа исто како во времето на Грујо.Се троши на чоколади,а нема за леб.

    Се накити градот со гипсани споменици,а ваму школи и болници пропаѓаат.


    Така и ова.Нема лекови и пари за лекување на сериозно болни,а меѓу нив и деца,нема лекови на позитивна листа,а ваму фондот да покрива операции кои не се животозагрозувачки.


    Приоритети нека има,не со млаки популистички мерки да пробуваат да собираат политички поени.За толку ли глупи ли не сметаат,не ми е јасно?


    Немам ништо против лгбт заедницата,сметам дека треба да ги уживаат сите права во едно општество,дека треба интеграција и да се почитуваат различностите.Парадата е опештествен собир,нека ја има,но овие мерки,промената на полот платена од државната каса која е празна за потешко болните и мерка која државата сака(ше)да ја спроведе,нема да вроди со плод.Напротив,само го разгорува и онака насобраниот гнев кај народот кој нема услови за елементарно да се лечи,а притоа плаќа здравствено осигурување.


    И пак ќе кажам,споредбата на промена на полот и потребата на човек да се оствари како родител е дрска и крајно несоодветна.Слободно прашајте ги жените кои се борат со неплодност.

    Може и јас имам ботокси,филери и сликони,ама јас си ги плаќам,не граѓаните од државната каса.
     
    На Rama, Biljarkata, PaLaVa и 13 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Се дур умираат дечиња ради тоа што државата не дава пари за нивно лечење нема да подржам менување пол на терет на народот. Точка. Ако им пречи полот нека земат кредит и нека си го сменат.
     
    На Rama, Biljarkata, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток како владава зад кулисите да работи против Лгбт луѓето, а на широката сцена пропагираат еднаквост и борба за прифаќање .
    Мерката е добра, ама во катастрофален тајминг за овдешната лгбт заедница. Пребрзо донесуваат непромислени потези, во рок од 1 година успејаа да навлечат гнев дури и од неутралните, и паѓаат у вода сите апели за безбедност на парадата, кога свесно им даваат тригер на неандрталците за насилство.
    Едноставно не се прави тоа така. Огромен труд, презентации и едуцирање треба за широката јавност, од кој поголемиот дел се конзервативни, за да им соопштиш дека од фондот од сега ќе може да се менува и полот.
    Едуцирај ги првин, после донеси им закон.

    На крајот пак стапот го јадат припадниците на лгбт заедницата, ни криви ни дужни.
     
    На Nausicaa, Angie1432, LunaGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.