Немаат попаметна работа,па си играат мајтап со народецов.... ова беше пресудно за државата да ни биде ЕВРОПСКА,само ова фалеше и сеа се ќе биде супер
Коментарите се токму на постот на Мила Царовска. @referentka ни еден коментар не видов дека некој смета дека е во ред да не се лекуваат деца на сметка на тоа пол да се менува. Ако постои барем еден таков коментар, дај покажете ми го. Ако зборуваме за операции кои не се вршат во државата, државата им плаќа. Ако зборуваме за експериментални третмани, тоа е скроз друг муабет.
Треба ред да има. Прво намали морталитет кај новороденчиња. Дај помош кај деца со тешки смртоносни болести. После ако сакам и носорог ќе бидам.
Јас сум либерален човек, се согласувам на паради, на право на избор на секој човек. Меѓутоа ова не го подржувам. Затоа што толку болни дечиња ни лежат по болниците, толку многу се чека за донации тие за ова се изјаснија. Ова најмалку беше потребно, очекував да дадат нешто што највеќе е потребно.
Точно и со овој редослед сите сме согласни. Паралелата немаше никаква врска со новороденчиња и болни од рак. Туку со финансирање на исто така нечија желба, која не е ни приближно смртоносна. А двојните аршини таму ви се. Ако не ги гледате и не ги признавате.
Абе дај жити се у каков филм живееш. Ако сакаат нека си променат пол,ама на своја сметка,а не преку фондот.
Камелија, девојчето со свеќа синдром, слушна? Неколку се во светот. Знаеш дека за да се открие лек прво се води како експериментално лечење. Знаеш дека државава не и го плаќа лечењето!? Причина - експеримент било. Пред се, како да се најде лек ако науката не се развива преку експеримент. Второ, тоа девојче нема ли право на живот!?
Не, ми треба статистика за мк. И малку е сурово тоа "само стотици". Колку ново-заболени има на годишно ниво? Колку заболени се вкупно, бидејќи има и такви кои се борат по неколку години.
Каде реков дека не се согласувам со експерименталните испитувања и лекувања? Стандардно ќе извртуваме муабети, а не тоа што сум го кажала?
Не извртува муабети и не, не е стандардно зашто јас не го правам тоа. Ме интересираше мислење, оф топик е можеби малку, но сакав да чујам што ќе речеш.
Треба Лили никој не го спори тоа. Секако дека прво е битен човечкиот живот па после се друго ама зошто некој да нема и вакво право, мислиш секој втор ќе отиде да менува пол? @Shalitra Во свет у кој сите ќе бидат еднакво третирани а не да им се суди врз основа на нивната сексуална определба
Добро извини ако ти делував малку сурово, не сум воопшто. Јас сум човек што храни секој ден бездомни животни и на која очи и насолзуваат кога ќе види бабичка со бастун. Толку од мене.
Ако е сурово, не е неточно. Има, и ќе има. Покрај природните причинители на рак, луѓето прават се` што можат за да допринесат до зголемување на стапката. Број еден - загадувањето. А за статистика во Македонија, не знам дали ја има онлајн.
Владата катастрофа, како контра ЛГБТ заедницата да иде. Жити известувањето, жити ПР, па пу, пу, не важи. Како не им е срам не знам, си играат со сите, после целиот хејт на ЛГБТ заедницата, а тие само ќе си се повлечат. Не сум сигурна дека ја повлекоа одлуката баш заради реакциите на јавноста. Ваљда искуството дека јавноста баш и не се слуша ми вика дека може не е само тоа. Се прашувам дали оваа нивна одлука да одделат средства од фондот за операции на промена на пол ја донеле on the spot, на трибината, па после излегло дека не може да излезе како што си замислиле. Едно, зошто операции за промена на пол во детска клиника? Друго, лекарот кој би требало да ги прави операциите, иако се води како еден од најголемите експерти за проблематиката, од крајот на минатата година отворено зборува дека се зголемува бројот на операции кои се прават избрзано, а со тоа и бројот на луѓе на кои значително им се влошува менталното здравје по направена операција и бараат реверзија на истата. Можеби тој страв исто влијаел на одлуката да се повлече идејата? Да не се лажеме, не сме ние држава која совршено раководи со здравството. Зад евентуални операции на промена на пол треба да стои цел тим од експерти. Не знам дали сме зрели за тоа. Иран е втора држава по број на операции за промена на пол во светот, после Тајланд, само затоа што таму е толку неприфатливо да се биде геј што промена на пол е посоодветна опција. Искрено, не би сакала да станеме држава кај што промена на пол се користи како конверзиона терапија за хомосексуални луѓе. И, ако секој веќе си ги искажува желбите, и јас би сакала автономија над сопственото тело. Бесплатен абортус кога и да се одлучам на истиот, не само кога е со индикации. На крај, стварно ме интересира што се случи и која е вистинската причина за промена на одлуката на Министерството за здравство, ама изгледа никогаш нема да дознаеме. Страшно си поиграат со сите, пред сѐ со ЛГБТИ заедницата. Друго што многу многу многу ми смета е што сме тотално неедуцирани. Ни пол и род не разликуваме, ни сексуалност и родов идентитет, нити пак трансродовост и трансексуалност. Педерите, педерите, секогаш е по педерите.
Кога ќе биде еднакво за сите, така и за ова. До тогаш па нека умираат, гајле им е. Само што не знаеме што ќе ги боли дали пенис или вагина.
Јас не реков дека не треба да има право. Реков дур се не се среди што е приоритет нека си плаќаат од свој џеб. Тоа го реков. На луѓе кров им паѓа над глава со социјална помош живеат државава една цигла не им донира. Реални да бидеме. Има приоритети. Нека средат се што е приоритет, па нека сечат патлаци. Јас се бавам со наука сфативте сите до сега. И подржувам се што е ново. И не сум против мислења на членови (освен тие што не нарекуваат гнаси јер имаме различно мислење) туку сум против одлуките на државата. А тоа е многу различно.