1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Поддржувам експериментални лекувања во странство.
    Затоа што е нереално да очекуваме Македонија да има лек за секоја една болест и синдром.
    Конкретното девојче е едно од 10те вкупно во светот.

    И не правам јас паралела меѓу заболувања од таков тип и промена на пол.
    Направив друга паралела, за која сте сите ок.

    Оти како што кажав, убаво ви е да спинувате и да си се тапшате колку сте емпати.
    Емпати само за она блиску до дома. За ништо друго.
     
    На WildMk, JollyGirl, Independent Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Ама за мене болен од рак не е обична статистика и не е "само еден заболен од стотици". И од мене толку.

    Камелија, сурово е да кажеш дека се само стотици. Зарем малку се? Колку треба да биде бројката за да го нема тоа "само" пред бројката? Да кажеш само 10 заболени на 2 милиони, некако, ама ова...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.938
    Пол:
    Женски
    Јас само се надевам дека трансџендер личностите се имаат исклучено од интернет и дека не отвораат фејс или форуми да читаат што све се пишува.

    Не знам дали имате перцепција дека ова е јавно и ве читаат луѓе кои прво се чувствителна група, а второ дека секој ваш збор е куршум кој може да повреди некој?

    Еве лично јас мислам дека избрзана е оваа одлука, пре би финансирала едукации и програми за толеранција на секоја маргинализирана група, исто сметам дека најмногу пари треба да се вложат во здравство, да се скрати директорството, да се прекине да се фрлаат пари на глупости и конечно луѓето малку да добијаат верба во бел мантил.

    Не сфаќате дека нема апарати за мерење притисок во болнициве, на баба ми коа ќе и се слоши сосе апарат ја носиме таму. Апарати нема ни за стрејт, ни за геј, ни за трансџендер. Е таму треба да се притиска и да се плука, а не на човек кој е во психичка болка и туѓо тело. Крај краева сигурна сум дека и да ги прашате тие неколку души што се трансродови лица ќе ви кажат дека попаметно е леб да се купи него чоколадо.

    Нормално е дека е тактика ова, освојуваме поени за некакви си политички игри, курот ги боли за трансродови лица повеќето од нив, него се лапаат пари и знаат дека има 1% такви луѓе, ама пред свет битно маска имаме.

    Намалете малку со омраза кон луѓе што ништо не ви згрешиле и насочете ја кон тие што на ваши пари си имаат патни трошкови од илјадници евра, си јадат ручечиња и си пијат најскапо вино, кон тие што не плаќаат данок (позз попови), кон тие што имаат да ви купат апарат за притисок и да ви менат кебиња од ЈНА за родилки да не умираат од сепса а не го прават тоа.

    Отров концентриран е темава, лика и прилика на нашава ни мила државичка.

    Не знам само како не ви е срам на некои од вас, секако дека почитувам ако некој не се согласува со оваа одлука, еве и јас мислам дека е избрзана и дека треба да се почека уште некое време и да се средат прво други работи па после ова да дојде на ред, ама имајте малку осет мајко му стара. Мене срам ме јаде што ве читам некои, сакате лутете се сакате не.
     
    На Annath, WildMk, Rama и 26 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Еве ако нема операции за промена на пол преку фонд сите ќе имаат кров над глава. Чиста утопија е тоа и нема врска со темава. И пак не знам зошто упорно се оди на тоа приоритети па приоритети. Приоритети секако мора да има, никој не рече да нема.
     
    На JollyGirl, Angie1432, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Погрешно го протолкува. Не мислев САМО СТОТИЦИ, за бројката. ГОДИШНО САМО. Дека се многу.
     
    Последна измена: 28 јуни 2019
    На WildMk, candy.cane, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не беше кажано во смисла дека се малку.
    Скроз друго нешто беше кажано - дека се многу.
    Препрочитај го постот.

    Многу се и фондот го оптоваруваат многу.
    И сега, дали е тоа е сурово или не, вистина е.


    Заболените од рак (и слични болести) се најголем терет на фондот.
    Колку повеќе се, толку е поголемо оптоварувањето.

    Инаку мислам дека ние се наоѓаме некаде во “нормала“ во однос на светска статистика.
     
    На candy.cane, lovestoneddd и LunaGrey им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.144
    Допаѓања:
    180.345
    Пол:
    Женски
    Се извинувам. Сега го прочитав постот и погрешно го протолкував.
     
    На CameliaMiller и LunaGrey им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    Брат ми има крива носна преграда од раѓање. Поради тоа, дишењето главно му е преку уста и не знам искрено експертски да објаснам како тоа доведува до стеснување/искривување на вилицата, за што мораше да носи протези, иако забите му беа во ред. Кажано му е, додека не го среди проблемот со носната преграда, вилицата ќе продолжи да му се криви. Му следува од фонд помош, не доби од технички причини.

    Ни на крај памет не ми паѓа да го споредувам неговиот проблем со ин витро, само оти и двете не се живото загрижувачки состојби. (facepalm) Ама ни на крај памет. Проблем е, ама господе боже споредбава. (facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Мене ми е брат, и за него највеќе на свет срце ме боли, ама да го стаам пред детенце кое воопшто не го знам, што диши на апарати и чека исто од фонд е нон сенс.

    Другар, цел живот искомплексиран за клемпави уши. Цел живот не се чувствува добро во своето тело, и не му се свиѓа она што го гледа во огледало, депресивен до немај каде, пушташе коса па носеше венче врз ушите.. го одбија од фонд, оти проблемот бил естетски, оти немал никаков проблем со слух или слично. Тек на 29-30 години си отиде приватно си плати од џеб за корекција.

    Кога бирате споредби, бирајте по блиски ако сакате да аргументирате.

    И пред да посочите со прстот кон другиот, у филм “уана би либерте, а секој што ќе упати критика е луд хомофоб”, мислам... |( пробајте за промена да бидете пореални и без да извртувате зборови ко по навика.


    Кога фондот би се средил, болниците би се реновирале, би имало доволно лекови кои би стигале на време таму каде се потребни, сите од нас без исклучок ќе имаат бенефит од истото, оти болеста не прашува дали си стрејт, геј, транс или што и да е. А потоа може да збориме за давање од фонд на сите. Оти генералното добро е секогаш над индивидуалното.
    Оти само во услови на утопија може да има доктор по глава на жител. Дури и кога се би било на место во здравството, докторот секогаш прво ќе отиде до оној што има срцев удар, а тој со шината нога ќе почека... и така...
     
    На Rama, candy.cane, M.B. и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Pred nekojden bev kaj maticniot lekar da si prepisam eutiroks i mi dade recept i vo niedna apteka nemase lekovi preku fzom a prosetav mozda 5,6 apteki
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Чекајте бе малку. И мене не ми беше сеедно за меркава, помислив на ужасните услови во здравствените установи, и тешко болните луѓе, посебно дечиња - за кои редовно се собираат донации. Тие работи дефинитивно треба да бидат приоритет во здравството и разбирливо боде очи потенцијална одлука фонд да покрива промена на пол пред нив.

    Ама да мериш дека инвитро (исклучиво оплодувањето, не лечење на гинеколошки проблеми кај жената кои доведуваат до неплодност) е значително поважно од промена на пол, треба да си воден само од традиционални вредности, игнорантност како кога се споредуваат менталните болести со физички, па и себичност.

    И во борбата со неплодноста идете „против природата“ (не во негативна смисла, мислам дека доволно сум јасна оти природност на нешто мене не ми значи позитивност на истото). И без деца се живее. Сè ова е по ваша логика, да повторам.
    Прочитајте колку од транс лицата страдаат од депресија и суицидални мисли, па дури и со самоубиство завршуваат, па вратете се да коментирате.

    За мене од овие ниту една процедура не е поважна од другата. И двете се огромен напредок на науката и потребни за конкретните лица - и да, животозагрозувачките болести се и пред двете.
    Кога сме кај природа и наука, сетете се само на едно членче што името не сакам да му го спомнам, кое и за вештачкото оплодување го правеше истиот хардкор верски муабет за неприродноста (ама во исклучиво негативен аспект) - па видете кој ви е непријател.

    И да, знам +/-40 друштвото што се собрало тука каков став и вжештени глави има за ова, и дека не ни дочитувате многу од вас малку поразличен став. Затоа си го кажав своето и ич не се ни мачете да ме цитирате, исклучувам нотификации и ниту ќе ве прочитам, ниту ќе ви одговорам.
     
    На WildMk, crimson, BabyT* и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    Во ова наше општество од депресија патиме сите без исклучок. 70% сме со дијагноза, 20% уште не знаат дека ја имаат, 10% ја немаат, ама прашање е само кога ќе ја добијат.

    Пола од нас се со суицидални мисли, покрај трансродови, хронично дебели, луѓе со секакви комплекси незадоволни од своето тело или делови од него, секојдневно живеат во темен свет...
    Другар ми ги потсреди ушите, ама сеуште си зема терапија, оти депресијата е многу подлабока состојба која апсолутно не се лечи хируршки, па да веруваме дека со хирургија ќе се “средиш” и сонце ќе огрее низ дождот и еднорози ќе почнат да какаат виножита на небото.

    И да, ниедна болест, состојба, проблем не може да се изедначи со ниедна друга болест, состојба или проблем. Секогаш, апсолутно секогаш, нешто ќе има приоритет пред нешто друго.
     
    На Rama, candy.cane, flower30 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.938
    Пол:
    Женски
    Е јас сакам да живеам во држава кај што брат ти ќе може да направи операција без никаков проблем. Штом некој има мака со дишење се знае дека мора да се корегира. Коа имаме пари за минариња и цркви, зошто да неаме за таква операција?

    Плус и би финансирала во оториноларингологијата пошто знам и таму колку малку лекари има (се имам и јас таму оперирано) и сметам дека треба да вложуваат во нови техники и методи, а не да се тера само стара школа.

    Не е крив брат ти што се родил така, криви се пак ќе повторам одговорните што не донеле закон кој ги штити ваквите лица.

    Знаеш што ќе биде лошо? Да земам сега да го изнавреѓам брат ти, да му викам забло или носло што никогаш нема да си го дозволам или да му чадам над глава абееее ти уште една дупка имаш за дишење, ваму деца умираат тебе носот ќе ти го корегираме. Луѓе од срце умираат а ти од аздис зуби ќе правиш.

    Е тоа е разликата Јованти, можеш да се согласиш со нешто, може и да не, меѓутоа на што личат коментарине на фејс, ене @CameliaMiller ги постираше.

    Јас навистина разбирам гнев зошто има кај луѓето. Знаат дека лоша болест ако фати се препуштени сами на себе. Ама не е тоа ради трансџендерите, ради тие што лапаат само пари а никаков фидбек не даваат е. Таму треба да се пренасочи хејтот. Не ви се криви трансџендер луѓето што пари за лекови нема. Тие што ги крадат се.
     
    На Annath, WildMk, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    А зошто едното да го исклучува другото ?
    Ја претставивте работата дека ако на товар на фондот се стави промена на полот, финансирањето за останатите здравствени проблематики ќе згасне. Колку годишно случаи би мислеле дека ќе има и зошто мислите дека дури и еден да се одлучи за процедурава, би му било експресно одобрено барањето, односно дека здравството за вас не функционира, а за другиве би било привилегија. Во иста каша сме сите.
    Разберете дека пари има за сите, допрва ќе следуваат и капнуваат пари од европски фондови и донации, само треба правилно водење и распределување на буџетот, да се намали финансискиот криминал и корупција, реално проценување на тендери.
    Како си се искажувате на вакви теми какви сте во суштина, од мерак да гледа човек како паѓаат маски.
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    @KateKane ама јас се сложувам со тебе. И јас сакам брат ми да може нормално да диши, и вујко ми покоен кој со години се лечеше во државна болница да не требаше сам да си ја купува инфузијата од аптека и да не дозакачува дополнителни инфекции легнат на државен кревет. И јас сакам да им се помогне на сите деца, да се лечиме од фонд, а не од донации.
    И кога се тоа ќе се среди искрено сакам, секој што не се чувствува убаво во свое тело да може да си смени што си сака, дал патлак, дал силикони, дал нос да корегира, дал да подврзе желудник..

    А до тогаш, во вакво гнило општество.. што рече Нарциса, на брод што тоне да додадеш уште некој, само сите ќе потонеме многу побрзо.

    Јас овде коментирам на темата, според она што мене ми изгледа реално. Сите коментари што ги постира Камелија најстрого ги осудувам и тоа никако не поддржувам. Гнев немам према трансродови, само и само против погрешни политики.
    И од некаде треба да се почне со промени, ама дури и тогаш, приоритети мора да се одредат.
     
    На Rama, Harper, Alita и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Да видам да не верувам. Во држава каде за настинка треба да имаш врски кај докторот да те прегледа, сега цел еден процес кој ќе вклучува советувања, психолози, хормонски терапии, операција (една или повеќе) ќе биде бесплатен? Или подготовките сами си ги плаќаш, операцијата само бесплатна? Не дочитав, многу имате испишано. Како и да е, и да е бесплатно, мислам дека ќе се само првите неколку примери (или еден, два) колку да види свет дека и тука сме напреднале во медицината. А дека Северна на лепе очи ќе ти плаќа една таква операција оти многу загрижена е за психичката состојба на овие лица...мало морген.
     
    На Rama, Biljarkata, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Сите се согласивме за приоритетите.
    Ни еден не видов да рече - остај детено нека умре од рак, дај да мењаме пол.
    НИКОЈ. Ниту некој инсинуираше таква работа, не па да ја каже.

    Приоритет е животот, и пред се` и пред секоја болест е, пред секоја состојба е, ама нема нешто поважно.

    Ама ако одиме во вториот ред, каде што не зборуваме за зачувување на глава на рамења, каде што зборуваме не за живот, туку за квалитет на живот, не иде да ги ставиме во иста корпа сите, ама овие „аздисиве“ на страна. Оти ни нивното не е аздис.

    Ни мојава депресија не е аздис, и јас плаќам приватно лекови, оти види, Асентра и нема да ја најдеш на рецепта освен ако не е 1ви во месецот.

    И да, и мене тоа ме нервира, ама не ми се криви за истото другите болни од друга неубиствена болест, криви ми се господата што го цицаат фондот.
     
    На Annath, WildMk, JollyGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Merkava e najgolemata glupost koja se slucila posle promenata na imeto.
    Definitivno prodolzuvame da odime kon propast.
    Preku glava mi doaga od liberalizmot nametnat od zapadnite standardi na cie vlijanie za zal podpagaat mnogu od mladite.

    ( Se izvinuvam za pisuvanjeto na latinica )
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller овде никој не рече “педерска држава” па пак не напраивте хомофоби. Никој не рече дека е против промена на пол, туку не се сложуваме дека сега време дошло за тоа да се дискутира дали треба или не треба да е покриено од фонд.

    Иначе не е толку едноставно. Има состојби и состојби. Негде се проценува дека една животозагрозувачка состојба е потешка од друга. На пример негде е итно да се направи операција оти се броени денови во прашање, а во случај ако се процени дека некое детенце може да живее бар 6 месеци до година, секогаш приоритет ќе се стаи на првото. Мразам што е така, ама така е. Мора да се бира.

    Па така и во состојбите кои не резултираат со смрт има приоритетни. Не е дека сите се во ист кош. Секаде некој трпи.

    Лично би сакала никој да не трпи. Ама такво нешто не е возможно. Посебно не сега и кај нас.
    Така што, во бродов што тоне наречен Македонија моментално, во ваква ситуација во каква што се наоѓаме каде се е гнило, верувам дека дополнителни оптеретувања на фонд не се прифатливи.

    Иначе од друга страна, апсолутно се сложувам дека не е аздис. Ама инсистирањето на истото во ситуацијава во која се наоѓаме сега го прави аздис. Апсолутно верувам дека ако не постои “лева рака - десен џеб” во фондот, ќе биде возможно да се покрие се. Ама додека е вака како што е, и додека никој не се откажува од лоповлук, сите ќе си трпиме.
     
    На Rama, Harper, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Па ние кого кривиме бре!?
    На кого сме лути!?
    На некој со различен став или на господата!?
    Погледни од подалеку, сите имаме исто мислење. Барем повеќето.
     
    На Rama, Yowannty и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не делувате така ич.

    Се потсмевате со трансџендер луѓето и ги потценувате нивните проблеми.

    Па уште спореди со силиконски гради.
    Е до таму разбираш, до таму ти е јасно и до таму сочувствуваш.
     
    На WildMk, crimson, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.