Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од T-A-N-J-e-T-o, 25 септември 2012.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.917
    Избегнувај жолчки, пржено, похована храна, свинско месо, многу мрсни риби. Мајонези и слични мрсни сосови исто така не. Сувомеснато и чадено - евентуално пилешки гради (ама и тоа не баш), друго не. Од млечни - сирења и кашкавал се избегнува.
    И пити/буреци оти често се мрсни не.

    Значи можеш све друго- овес, житарици, зеленчук скоро секаков свеж и варен. Некои советуваат грав, грашок и зелка да де избегнува, зависи ако ти прави мачнини.
    Овошје секакво може, од месо пилешко, мисиркино (варено/печено) и полесна риба, пример пастрмка (печена). Јас јадев и говедско ама по мали парчиња. Тестенини можеш ама со полесни додатоци и сосови. Исто многу битно да не се прејадуваш (нешто најлошо за жолчка) без разлика што јадеш. Од млечно - млеко, јогурт, кисело млеко, урда можеш.
    Јатки можеш по неколку. За маслинки и маслиново масло у салати мислам дека се дозволени, барем јас јадев освен ако ти прават тегоби.
    Вода и густи сокови може, кафе, алкохол, газирано не.

    Е сега ти и доиш, не знам како јадеш како доилка ама за жолчка генерално тие се советите.
    Мада може да е различно кај некои па и од "дозволената" храна да им прави тегоби.
    Јас јадев вака и имав тегоби како киселини, ама од све ми беше така, среќа немав напади со таква храна. Само еднаш добив напад од похована храна дента што јадев кога не знаев дека ги имам.
     
  2. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Ох тоа и јадам што е дозволено, плус месо свинско јадев деновиве. Бисквити, суви колачиња исто јадам. До сега е се мирно, па почнав со прегледи, во есен се надевам дека ќе закажам операција.
    А какао или нес кафе /3во1 имаш пиено?
     
  3. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    Јас се оперирав 5 години после породување :D хаха не те советувам исто , ама ако немаш силни болки почекај барем 1 година бебчето да порасне . Имав големи камења по 1.5 и 2 цм, ми ги открија случајно во бременост , повремени тапи болки во грбот имав , не некои напади страшни.. затоа одложував цело време .
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше полна камења. Се оперирав веднаш. Сега кога читам вака ми е криво. Може требаше да почекам. И јас имав болки ама не многу. Незнам...мада кога и да е мора да се вади
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.917
    Мене сите ми велеа ќе чекам со месеци па ај земав упат од матичен за хирург и викам кога биде биде, чим се чека многу. Па испадна за месец :D
    Али и поарно, преку к ми беше дојдено од мачнините секој ден.

    @dushiche какао си пиев а кафе не ама зашто и онака не сум многу по кафе.
     
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Сега за сега имам болки во грбот, докторот вика дека се од каменот а може и од тоа што дојам лоша положба, од време, од неспиење од се друго. Искрено сум голем паничар и ќе се доразболам од мисла што ако добијам болки, па затоа и сакам на есен да завршам со ова, но сепак ќе видиме како ќе оди со термини.
     
  7. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    А после операција како помина? Од тоа мн ми е страв, сепак мали деца имам едното е бебе. Колку треба да се пази со дигање тешко?
     
    Последна измена: 15 јуни 2023
  8. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала ваши искуства на тема дебелеење после операција на жолчка
    Многу луѓе ми викаат ке се здебелиш нагло....стварно е така ?
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.917
    Во болница на нозе станав после 7 саати. Онака се осеќав ептен омалаксано и ме тресеше и зашто лежев на грб, цела укочена бев у грб, рамена. Ама ова како се раздвижуваш полесно ти е.
    За дигање тешко најмалку 3 месеци треба да се пази, првиот месец особено. Ама гледав и сега гледам (оти еве месец помина само) што почесто одење, пешачење постепено по повеќе.
    Секојдневно по дома активности што не вклучуваат тешко дигање си правам сѐ нормално. За пазарење само лесни ситници.
    После оп. исто недела - две ќе мора да си на компир, ориз, супи и по мали оброци зашто стомакот е многу подуен и тежок и плус слаба е перисталтиката, нема често да имаш столица.
    Па постепено ќе вметнуваш овошје, салати, а за помрсна храна тек понатаму. Моментално си јадам исто како погоре што набројав за пред оп, само сепак со масти пазам да нема многу оти не ми е навикнат стомакот уште.
    Знам дека звучи тешко и е искрено, особено кај тебе со деца ама се надевам ако треба ќе имаш помош. Исто не би знаела како да се справиш од тој аспект особено со бебе па нека каже некој друг.
     
    Последна измена: 15 јуни 2023
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Колку и да имам помош сепак се деца што мене ќе ме бараат , но ако гледам така ќе треба да се оперирам за 6-7г. А мислам дека ќе е полошо доколку дојде до чести напади, многу по трауматично за нив.
     
  11. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Mojata kerka bese 2 i pol god koga me operiraa i moj sovet ti e podobro e koga e pomala da te operiraat oti posle pocnuvaat da razbiraat decata i postresno e za niv
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Јас и имам едно од 3 год и плус бебе, затоа и се нервирам се друго може друг да подигне и да среди ама детето неможе да оставам да не го зимам. А колку и да чекам , неможам да чекам со години, месец плус минус не менува ништо.
     
  13. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    A sto ako ne daj boze kako mene ti ispuka zolckata na mene zolckata za sreca pocna da puka pred samata operacija i me spasija dr inace ako bev doma iako cekav samo uste 1 ned da kazeme ke mi nemase spas a simptomi simptomi nemav i koga pocna da puka samo crni tocki pred ocite pocna da mi izleguvaat
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Од тоа и се плашам , затоа и сакам на есен да закажам операција. Ме фаќа паника за после колку ке успеам да се пазам да не дојде до кила.
     
  15. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Nemozes i da sakas da se ispazes jas doma sum ne odam na rab i pak se stvori kila toa e od loso sienje najcesto pri operacijata
     
  16. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    А колку е потоа таа опасна? Има потреба пак од операција?
     
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Kaj mene da imase potreba pak od operacija oti bese golema kilata
     
  18. Nikolija999

    Nikolija999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    So ogled na toa deka Sega ne pravat operacii treba da pravam operacija na esen vo grupava najdov odgovor na site prasanja osven na dve PA ako mozi nekoj da spodeli Dali mozi da imam fizicka aktivnost ovaj period Dali toa bi predizvikalo napad I Dali e vistina deka operacijata mnogu se zdebeluvaat
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.917
    За првото ќе ти кажам.
    Ако вежбање ти предизвикува мачнини и болка, мој совет е да избегнуваш или да вежбаш со послаб интензитет. Па дури и да немаш ептен потешкотии, сепак внимавај, без интензивни вежби.
    Може да не предизвика директно напад ама да ги влоши симптомите, да.
    Јас уште пред дијагнозата прекинав со трчање зашто ептен ми се лошеше кога трчав. И со тежини помалку вежбав. Ама со пилатес си продолжив.

    За второто релативно е, обично ако пазиш на храна не би требало некоја ептен голема промена да имаш. Ќе имаш секако флуктуации во тежина, јас на пример ослабена сум неколку кила од тогаш.
     
  20. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Дали закажа операција или уште не си?
    И јас планирам во есен.