Бев кај дигестивен хирург, на есен ке ја правам операцијата, ама сега пијам лекови за воспалена жолчка, ми кажа дека доколку не се смири нема да може лапараскопски. Освен препишана терапија што друго можам да направам за да се смири воспалението?
Диета што ти кажав и да избегнуваш тешка физичка активност. Друго многу и не можеш. Во државна ли ќе се оперираш инаку?
Тие што сте се оперирале, земавте ли нешто суплементи после? Уште ме фаќа дијареа повремено, не е страшно и секојдневно како што беше на почетокот ама сепак уште не ми е најприлагоден цел стомак. Со храна уште пазам, каснувам и ствари со повеќе масти ама само мали количини. Само веројатно од пореметениве столици више све се осеќам заморено и повеќе ослабев, тек со жешково само бетер ми прави све. Или едноставно електролити ќе завршат работа?
Освен аналгетик по потреба, мирување, диета, друго не ми кажаа. Ми кажаа де дека ќе имам нели проблем со столицата извесен период секако ама дека ќе си се среди тоа со тек на време, ретко останува хронично
Пробиотик 1 месец, 1 месец диета, не се здебелив после операција, иначе столицата мене и пред вадење и после операција ми е иста, не е течна ама не е и цврста, како кашеста е. Бремена сум и првите 3 месеци имав запек (тоа од бременоста) потоа пак исто ми е. Во ноември 2 год од опп.
После многу време гледам дека сте пишале за во систина дека сте оперирале од жолчка. Која е цената? Другарка сака за таму, па за цена ја интересира.
Познаничка таму плати полани 1650 евра за лапараскопска. Значи генерално меѓу 1500 и 2000 евра се движи по приватните.
Моево излезе историја ќе ме полуди целава ситуација, докторот со кој се договарам ми рече дека според ситуација ќе е или класична или лапараскопска операција, амаа преку трети луѓе слушам премногу е стручен ама прави само класична операција? И полудеев. На 10мисли сум. Да одам како што ми кажува докторот ? Ако е класично какво ќе е опоравувањето ? Или да барам друго чаре?
Кај кој доктор си ако не е тајна? Мислам докторот знае на кој начин треба да се изведе операцијата, за да не предизвика некоја несакана ситуација/ компликација. Класична се седи повеќе дена, а со лапаро следен ден си идеш дома. Кај класична има и дренажа, на лапаро само имфузија. Баш ме интересира кој е тој доктор.
Вообичаено ако не е зголемена жолчката или не е недајбоже пукната, се вади лапароскопски. Класично се лежи неколку дена, побавно се опоравуваш, раната ми се чини и повеќе боли, потешко стануваш после итн. Мене па во градска ми видоа само наодот и директно ми рекоа лапароскопски ќе е, не знам ни каква ситуација требало да видат за да одлучат. Јас инаку бев со 7-8 камења по 1цм во дијаметар. Ај баш пиши ми ако сакаш кај кој доктор си.
Докторот ми кажа дека е со здебелени ѕидови и малку воспалена жолчката. Кога прашав каква ќе е операцијата , рече дека зависи од целата ситуација, ќе се почне лапараскопски. Ама од луѓе слушам друго , и искрено полудев. Во градска без врски дали се чека со месеци?
Види сепак може стварно треба класично, не е мое да кажам. Инаку во градска јас по терминот со хирургот, за помалку од месец се оперирав. И други што чекавме заедно ред знам дека завршија брзо. Таму како се ослободува место во собите, така го договараат наредниот. Мене од денес за утре ми се јавија да отидам за прием
А треба ли упат од кај матичен? Од една страна ме фаќа нервоза , од друга одам преку врски па да не сум за кај него зар нема да е полесно само да ме препорача кај друг? А ако сака да појде нешто лошо и лапараскопски може да има последици. Полудев
Да, матична прво ми даде упат за хирург, таму кај хирургот те внесуваат во листа за операција. По некое време ме викнаа на предоперативни анализи, па тие анализи се носат во амбулантата пак и чекаш после само да те викнат за прием и операција.
Треба да се оперирам лапароскопски во октомври, па ме интересира за колку денови/недели се вративте на работа? Треба да најавам и да се организирам околу работата, не знам колку време ќе ми треба за опоравување.