Чекај, не брзај Јас тек после месец можев да спијам удобно на страна. Лежи повеќе, станувај да поодиш кога можеш, многу течности и лесна храна. Не се тегни, виткај во торзото. Јас ни патики не врзував сама една недела кога сакав воздух да ме фати малку надвор. Со лесно Кога ќе почнеш да се раздвижуваш повеќе очекувај дека ќе те болат мускулите на грбот и странично зашто долго време си одела, седела и лежела во иста положба, па "нови" движења ќе болат малку. Ама не е страшно, само не се напнувај, не дигај тешко никако и внимателно ако треба да кивнеш, кашлаш и при станување. Отприлика за една недела ќе ти биде полесно на стомакот, нема да го осеќаш тежок.
Јас веќе почнав и да одам и да седам, имам бебе кое цица па веќе се раздвижувам . А за одење во вц уште неможам само имам страшни гасови. Дали е нормално? Докторот кажа дека не сум јадена неколку дена затоа ми е така.
Често после операција со општа анестезија цревата се мрзливи. Гасовите се добар знак дека имаш перисталтика ама за во веце ќе потрае Нормално е и затоа не јади ништо тешка храна да не си направиш запек. Повеќе компири варени, бисквити, супи, ориз варен, варено пилешко Многу течности исто. Вода, чаеви и бистри сокови. Јас пробував по малку по малку да напнувам ама не многу зашто нели, боли од раните. Ако потрае повеќе, не сум стручна да кажувам ама можеш да прашаш или матична или во аптека нешто за протерување ако смееш, ама пак, не зимај на своја рака ништо. Јас очајно се молев да ми се приоди во веце тогаш Шубе ми беше да јадам да не заглавам све у црева.
Искрено се плашев многу, ама не било толку страшно. Имам болки ама се трпи. Едвај чекав да помине се. Вашите совети многу значат. Инаку ми извадија камен колку една сода плус ситни други.
Јас се оперирав пред месец дена и бидејќи имам бебе ми препорачаа појас, го купив ќе почнам да го носам кај и да е
Се оперирав пред месец дена, прво почна да ми тече некоја течност од папокот, потоа ми се појави како некој израсток после вадење на конците(чир или незнам како да го опишам) со гној бев ми го стиснаа и истече гнојот се намали се исуши веќе тоа, рекоа како ништо страшно, но заприметив дека како да имам некој чуден мирис кај папокот…. Дали се соочил некој со нешто слично?
Каков појас купи, од каде? И јас кога ќе вадам конци ќе прашам баш бидејќи сум со бебе. Што ти кажаа од кога може да го носиш ?
Од Медика плус од Аеродром спроти Јане Сандански, не ми кажаа од кога може да го носам јас прв пат го ставив после месец дена
И мене ми кажа дека можам да го носам. Ќе земам овие денови. Поминаа 10тина дена ама се чуствувам релативно добро, мала болка околу папокот чуствувам , веројатно е нормално.
Здраво оперирана сум на 20ти април,во неколку наврати осеќам некоја болка во желудник и нагони за повраќање бев на контрола после еден месец од операција ми правеа ехо на Гастро се беше океј бидејќи имав и панкреатит од камењата во жолчка. Нешто од типот на Еманера,Нолпаза или Ланзул би помогнало? Тие ги пиев ми ги препишаа на гастро кога имав напади ми рекоа за желудник се.
Девојки 3 недели по операција имам болки во желудникот, носам и појас хирургот ми го препорача. Дали може да е од што ме стега цело време?
Здраво јас сум нова на форумов па сакам да прашам. Треба да ја оперирам жолчката но имам мало бебе што сеуште го дојам па ако може некоја што била у слична ситуација да ми каже дали после операција се прима некој антибиотици за болки итн. бидејќи сакам да продолжам да си го дојам. Фала ви однапред
Drugarka se operirase dodeka malata i bese tri meseci bebe i ona ja odbi, ama poradi toa sto ona imae situacija kade sto pred operacijata bese pod infuzii postojano. Antibiotici posle operacija ne se primaat, za bolka ako imas potreba. I tesko krevanje, napreganje isto taka nikako nekolku meseci za da ne dobies kila.
Јас лежев една недела у болница поради тоа што ми беше воспалена жолчката и се измолзував и пак си го дојам ама сега незнам што да правам после операција а сакам да си го дојам
Кога мојата беше 7 месеци заврашив итно на операција за слепо црево-ласерски со целосна анестезија.Моево беше многу воспалено и имав јако воспаление примав 3 различни антибиотици ама сите ги проверував преку https://www.e-lactancia.org/ и беа со low ризик иако беа многу јаки антибиотици . Против болка пиев парацетамол,а тој е дозволен за време на доење. Инаку сите во болницата ме научија дека доам и дозволуваа бебето еднаш да ме посети иако беше ковид пандемија.Па продолжив да ја доам уште после тоа. Ако сакаш мајка ќе успееш, само упорност.А и да не успееш ништо страшно битно е детето со мајка да расте.Со лесно.
Фала ти многу на подршката и на советот јас после 10 дена го вратив на доење и успеав мислам дека 3-5 дена не се проблем немав подршка од никој ама си успеав се надевам пак ќе успеам фала ти уште еднаш❤️❤️
Како нема да успееш , остави ги другите, ти и бебето сте битни .Јас се чувствував како да го изневерувам како да го оставам.Сите се чудеа колку ли сум упорна во болницата ама јас не попуштив.А бебето колку ли беше среќно кога ќе ме видеше,после доење било многу поубаво расположено. Битно е да отидеш што побрзу на операција ,да не одложуваш.
Здраво јас се оперирав во Април и исто бев со мало бебенце Исто така лежев во болница поради воспалена жолчка .. Освен инфузиите што ги примав во болница,кога ме отпуштија дома не ми дадоа никаква терапија евентуално по потреба нешто против болка и толку. Со лесно