Пред 3 м се оперирав, од истото се плашев. 2дена не доев , денот на операција и денот кога ме пуштија, вечерта ми ја дадоа и продолживме. Само храбро, поголем паничар од мене нема, а издржав. Не е страшно за 5,6 дена се вратив во нормала , за 2 недели останав сама со 2 деца дома.
Здраво на сите Ми рекоа дека морам да одам на операција, другачие никако не може да се реши -жолчката мора целосно да се отстрани, а мене искрено ми е многу страв и ме фаќа паника иако многумина велат дека е лесна операција, но сепак Ве молам препорака за добар лекар, хирург да ми препорачате? ...секоја препорака, насока е повеќе од добредојдена
Јас се оп во Куманово. А што е до самата оп навистина е лесна, брзо почнав сама се да правам низ дома, за 2 нед останав сама со 2 деца, едното бебе.
1) Во градска болница - Ставридис, Арсенков, Давидовски, Тахир. 2) Дигестивна - Антовиќ и Огненовиќ 3) 8ми Септември - Жарко Спасовски 4) На приватно - во Систина Владимир Аврамовски Хирурзи све ова. Јас бев кај Ставридис, другите ми беа исто на големо препорачани. Во Градска инаку иде побрзо, мислам можеш за месец да ти закажат, на Клиника се чека. Не е страшно ништо. Е сега си бара после долго опоравување. Долго во смисла, нема брзо да си на старо со исхрана и кондиција, иако некои лапараскопската ја опишуваат ко ништо да не е. Ама ќе помине брзо.
Здраво пред се да ти кажам воопшто да не се плашиш и дека се ќе помине во најдобар ред,што е најбитно нема веќе да трпиш болки Јас се оперирав во Април на клиниката за дигестивна хирургија (државна болница) кај др Панче Караѓозов и супер поминав,еден момент си во сала а следниот момент се будиш и си во кревет во соба значи не е ништо страшно.Лапароскопски поминав јас со воспален панкреас и жолчка можеше во секој момент во класична операција да прејде меѓутоа се среди лапароскопски После тоа ќе имаш болки не викам не ама ќе помине,со лесно за каде и да се одлучиш да помине се во најдобар ред
Одреден период има режим на исхрана мене ми рекоа 6 месеци да внимавам па постепено да почнам со нормална исхрана. Јас лично после операција немав мака со храната освен што ми смета сега грав и зелка,некој друг проблем немам си јадам нормално.
Месец дена најмалку треба избегнување масти и тешка храна, али секој е различен. Таму ми рекоа исто околу месец па после да воведувам полека Јас за три месеци веќе јадев сѐ, само без претерувања. И сега уште пазам да не претерувам.
Јас знам дека треба масти а особено транс масти и шеќери да се избегнуваат максимално...само не бев сигурна за периодот после операцијата што како...
Здраво пак јас после колку дена од операцијата(лапараскопски) можеш да почнеш на работа? Да напоменам јас работам седната не кревам тешко