Морам и јас што побрзо да видам да закажам термин некаде пред да се искомплицира повеќе.... Фала ти за сите информации
Здраво на сите во средата се оперирав,ја извадив жолчката во четвртокот ме пуштија дома но докторот не даде конкретни насоки за исхраната само посочи да е варена...па така јас два дена јадам супа и пире..Ако може да споделите кои намирници се дозволени одма после операцијата.
Јас јадев бисквити, ориз, компири, варено пилешко и мисиркино, тестенини Многу течности исто - вода, чаеви, можеш и бистри сокови. Со помин
Колку време после операција треба да бидеш на таква храна и како се враќаш во нормала со исхраната? Треба да се оперирам, а ми е страв. Со каква анестезија поминувате? И дали лапароскопски многу боли
Немој да се плашиш,ти ставаат целосна анестезија.Операцијата лапараскопски не трае долго.Веднаш после неа ќе почувствуваш олеснување.Малце ќе имаш болки првите 3 дена ама секој ден се намалуваат.За исхраната точно не знам пошто мене не ми кажаа ама најверојатно првиот месец да биде потечна храна па после постепено почнуваш да внесуваш,ми кажаа само грав,грашок,боранија,зелка дека не смее потешко се варат.
На ограничена исхрана колку ќе бидеш е различно ама некое правило е барем месец. Со тоа што околу две недели одма после операција јадеш што реков погоре, ориз, компир, пилешко, после почнуваш овошје, зеленчук, посна печена риба (пример пастрмка) млеко, јогурт, урда. Па следно ми беа маслинки, масло во салати, сирење На крај дојде пржена храна, жолчки од јајца и свинско месо. Ова кај мене Ама постепено воведувај овие со масти, мали количини. Исто кога ќе воведуваш повеќе масти ќе следиш дали имаш дијареа, дали ти е лошо, дали те боли црн дроб па ќе знаеш дали си претерала или не. После три месеци веќе јадев сѐ, само без претерување. За болење, после операцијата мене многу повеќе ме болеше кичма, гради и рамења од лежење на грб и од воздухот што ти го дуваат стомакот него самите рани. Инаку со општа анестезија е секогаш.
А првите денови после операцијата што ти препорачаа за исхрана? Мене лично ми рекоа само варена храна да е.
Јас една недела до две бев вака, после тоа почнав со овошје, свеж и варен зеленчук, по малку риба и полесни млечни производи. Зборот ми е првиот месец не јади пржено, јајца, свинско и други јадења со многу масти. Можеш масти ама пак да е полесна храна
Ја сум вака 2 месеца. Имам напади па бев кај хирург ми даде лекови зашто нешто ми е покачено од крвната слика што ја гледаше рече да одам за 2 3 недели да направам крвна слика ако е симнато да ме оперира
Да, ако имаш напади и акутно воспаление на жолчката, се чека да се смири за операција. Инаку операцијата и опоравокот од неа е полесно од целата мака со напади и болки. Јас се преродив после.
После операција имаш ли болки во желудникот? Јас одвреме на време имам мачнини , некогаш кога јадам а некогаш кога сум баш гладна , 3 м како сум оп. Исто така мислам дека ти имаше и оп на кила, првите симтоми какви се ?
Не сум јас од кила оперирана, си ме помешала. Имаше знам една членка да, не памтам која. Иначе со желудник немав некои маки. Једино што е мал негативен ефект е што после прв оброк секогаш знае да ме протера во веце, па обично кога јадам доручек кај и да сум, гледам веце да имам во близина