1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од T-A-N-J-e-T-o, 25 септември 2012.

  1. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Ајде мала помош
    Правев ехо на абдомен каде ми најдоа на жолчното ќесе талог од 6,2мм и камче од 14мм, Др ми препорача побрзо операција, т.с отстранување на жолчката и препорака да се видам со абдоминален хирург. Следен чекор кој ми е ми треба упат од општ матичен за хирург (и предлог каде и кој) или. Уште сум во шок бидејќи имам близначиња од година и пол и многу ми е жал што ќе треба да ги оставам душата ме боли уште сега ( колку време ве задржаа во болница и по колку време ќе можам да ги кревам).
     
  2. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Здраво јас се оперирав во Април минатата година,5 месеци после породување затоа и препорачуваат докторите веднаш операција за да не се искомплицира повеќе ситуацијата. Кај мене почнаа да се симнуваат камчиња од жолчка во панкреас па лежев неколку пати во болница да се смири воспалението и ме оперираа. Доколку си од Скопје ти го препорачувам др Караѓозов Панче јас кај него се оперирав на клиниката за дигестивна хирургија,лапароскопски пројдов и после 24 часа од операција си дома имаш болки после тоа не викам не ама многу полесно е од класична операција. 1 месец ми имаа запишано боледување и мирување,поради ризик од кила ми рекоа да не кревам тешко барем 2 недели додека да се зацврстат убаво стомачните мускули,со лесно.
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    16.668
    Пол:
    Женски
    Градска болница ти се сите добри, одлични доктори.
    Јас бев кај Ваљон и поминав одлично. Не се грижи, нема одма да ти закажат, ќе си почекаш додека те викнат. Во болница си дента на прием, нареден ден операција и ден после операција си одиш. Ова е за лапараскопски, за класична не би знаела да ти кажам.
    За тешко кревање, не се препорачува неколку месеци, со цел да не добиеме кила. Е сега на другарка малата и беше 4 месеци и она ја креваше, плачеше, вриштеше детето. На цимерката со мене во болница малиот 6 месеци и беше и она исто после 1 месец почна со грижа околу него.
    Дечињата сепак ти се година ипол, додека се оперираш може и 2 ќе имаат. Ќе се обидеш малце помош да побараш барем некој периот.
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
     
  5. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    @Inamya Да општ матичен дава упат за консултација со абдоминален хирург, ќе види резултати хирургот (ехо,лабораториски анализи) и ќе ти закаже за операција.
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    5м ми беше бебето, после 2 недели почнав да ја носам.
    Бидејќи се поголеми барем месец дена да има некој до тебе , или ако се послушни па да не ги креваш премногу.
    И обавезно по операција барај појас, јас го носев 3 м по оп, а сега сум со мидер. 5 м поминаа од операцијата, сеуште не се чуствувам убаво ако не носам мидер.
    За 3 дена си дома, јас продплжив и со доење, не е страшно, јас бев преемногу исплашена, ама се помина добро.
     
  7. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Фала мама, немам помош од никој, абе не дека цело време ми се во раце ама 2-3 во денот сакаат да ги земам макар и на минутка... Се надевам се добро ќе биде. Инаку имам појас за трудници од Медикус хелп ќе ми заврши ли работа или има некој специјален?
     
  8. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Јас купував од медикус за кила , на средина има како испакнато топче.
    Ама веројатно и тој за после бременост ќе ти заврши работа, битно е да си стегната, и да пробаш да не се напрегаш , докторот мене ми кажа да не дигам тежок товар , да не се напрегам со пример цепење дрваа дете може да носам , не е иста тежина тоа.
     
    На Inamya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eleonora7852

    eleonora7852 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Дали има некој оперирано жолчка во Ремедика да сподели искуство кај кој доктор и која цена е. Синоќа имав неподнослив напад ми кажаа дека има едно камче и баш зошто е мало може да се случи да тргне надоле во каналот. Бидејќи ме страв така да си живеам си мисла дали ќе тргне или не и не би сакала пак таков неподнослив напад да имам сакам да си прашам за операција. Имам мало бебе дома од 7 недели и се надевам дека не е проблем најблиску да е операцијата со царскиот. Зошто ако чекам ќе биде потешко детето за кревање после а не треба да го кревам некое време после операција како што ве читам
     
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    За кревање само 2 недели се пазев, после 10 дена почнав по малку да ја зимам , а од прв ден ја држев во раце, 5м беше.
    Продолжив и со доење.
    Види си со доктор ако не е проблем дека си царски не чекај , верувај. 11м е сега ми пука кичмата ем сака да оди ем да е во раце а тежи повеќе.
     
    На eleonora7852 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AleAna30

    AleAna30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenicki, vo Ponedelnikot me operiraa od zolcka, mnogu malku jadam samo varen kompir, biskviti, jogurt, banana i nisto drugo nemam kasnato. Utre planiram varen oriz so varivo da si napravam megjutoa na ovoj vid ishrana sakam da si se zadrzam podolg period. Jas lesno pominav, bolki pa da ne recam ama skoro ic nemam samo na stanuvanje, kivanje. Mene najgolem strav mi predizvikuva koga ke treba koncite da se vadat ‍♀️ a i sakav da ve prasam posle kolku vreme se banjavte normalno ?
     
    Последна измена: 29 март 2024
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Јас после 3 дена од операција првпат се истуширав ама ги покрив со најлон и плус гледав многу вода да не ми минува таму. Па после со чиста крпа ги потапкав и ги сменив газите. А после вадење на конци нормално се туширав само не триев со сунѓер врз нив.
     
  13. AleAna30

    AleAna30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Dali bese bolno vadenjeto na koncite? Mene toa najveke me maci posle operacijata
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Па малку, оти мора да потегне за да пресече, ама брзо беше, без гајле
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    16.668
    Пол:
    Женски
    Под вариво гледај да нема грашок. Можеш домашна супа со пилешко ( стек малце).
    Конците кога ги вадат е повеќе нелагодно, ама 10 секунди трае.
    После трети ден се бањав, покрив со гази и извадив после тоа.
    После 5 дена се туширав без ништо покриено, само сапуница гледав да нема.
     
  16. AleAna30

    AleAna30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    A kolku vreme vi traese oporavuvanjeto? Posle kolku vreme pocnavte da si funkcionirate normalno? Jas sum povekje isplasena posle operacijava od kolku pred operacija ‍♀️
     
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    16.668
    Пол:
    Женски
    После неполни две недели на работа појдов.
    Потешка работа гледав да истерам колку можам повеќе, ама брзо си функционирав нормално.
     
  18. AleAna30

    AleAna30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Fala ti ❤️
     
  19. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе ве молам мислење за операција на жолчка кај Ставридис во градска болница?
     
  20. happy mommy

    happy mommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски

    Јас вадев жолчка пред 6 години.

    Првиот напад 9ти ден после пораѓај.
    Вториот напад 11ти ден после пораѓај
    Третиот напад 13ти ден после пораѓај.

    Пиев антибиотици да се смири воспалението и точно 2 месеци кога направи малата отидов на операција.

    Две-три недели пазев да не ја кревам, потоа вообичаено се сама правев околу неа и домашните обврски а и од храна кратко пазев, немав никаков проблем и тегоба.

    Да знаев порано ќе ја извадев.
    Да не даде Господ на никој таква агонија од болка а јас тазе породена.

    Кошмар
     
    На eleonora7852 му/ѝ се допаѓа ова.