Навистина е агонија од болка. А додека да одите на операција дали пазевте на храна? Јас бев на консултација и ми рекоа за вадење да потпорасне бебето зошто го дојам а од анестезијата ќе требало да прекинам со доење (зошто и за царски имав анестезија)
Пролистај низ форумов, а низ оваа група мислам имаше жени кои додека биле во болница се измолзувале, па потоа си имаат продолжено со доење без проблем. Посекако анестезијата ќе ја исфрлиш додека си таму, дали преку мокрача или како мене ( јас ја повратив два пати). Ќе молзеш и фрлаш, потоа ќе си продолжиш со доење. Ако имаш можност додека отидеш, измолзувај се и замрзни си , за да му даваат на бебе два дена додека си во болница. А доколку си со болки , избегувај пржена храна, крилца пилешки ( ова прави хаос од болки), газирано, преработена храна, тешка храна.
Јас со себе носев пумпица и се одмолзував и фрлав... Но со оглед на оскудната исхрана, многу малку млеко измолзував и покрај упорноста. Стресот, болките веројатно си го направија своето. Кога се вратив дома, за тие 4 дена, бебе се навикнало на шише и ад млеко и повеќе не сакаше да фати цице... И не запнував искрено. Ми беше важно и моето ментално здравје со сиот преживеан стрес а бебе напредуваше одлично со АД млеко
Пазев на храна пред оп, овошје, ориз , компир , пилешко и риба јадев. Инаку на 5 м од породување се оп, и продолжив со доење, 2 дена не ја доев. Доколку треба ради царски што си предходно чекај, а ради бебето и доење никако, сега е 11 м верувај по 100 пати ја зимам се разбира, потешка е . Најголема грешка ќе сум направила да ја одложив операцијата.н
Додека трае операцијата имаш. Ама откако ме успаа, ми го ставија и пред да се разбудам го извадија. Не осетив ништо.
Добро вечер. Јас ја оперирав жолчката и ме пуштија после 2 дена. Ме интересира некој што прошол кроз тоа да ми објасни после колку дена престанаа болките при станување ме боли кога можам да почнам да дигам потешко кога почнавте со нормална храна.
Јас после две недели можев да станувам без болки само уште не можев да се вртам на страна па спиев на грб цел месец после операција. За дигање тешко зависи што. Прв месец ништо, никаков напор гледав да не правам, понатаму до макс кило. Па тек еве после 9 месеци веќе дигав 5+ кила без воопшто болка. Јас барем долго време имав болки при кревање и напор. Со храна, после месец јадев веќе нормално масти ама од типот риба, месо, маслинки, сирење, без тешка храна. После три месеци веќе јадев сѐ али пак ми требаше време да се прилагодам Spoiler Јадев и потешка храна ама знаеше дијареа да ме фати после, така да си пазев веце да имам во близина Со лесно
Фала ти на одговорот❤️ Јас уште прв ден дојдов дома и цел ден не седнав само чистев ама изгледа морам да припазувам за мое добро
После 3-4 дена дома станував со доста намалена болка. На 5 ти ден излегов до маркет во близина да се размрдам. На 10 ден отидов на слава. На неполни две недели и на работа ( со конци бев уште). И кола си возев после 10 ти ден. Јас мислам дека е индивидуално. Се оперирав 01.12, а на 05.01 , бев на пазар да купувам за коледари, па и тиква влечев со мене. Ептен тешко избегнував. Корпа со алишта, буткав со нога до сушара и полека се наведнував да зимам. Три дена беше мајка ми на помош, после тоа пола ден и повеќе сама бев. Мм на работа, свекрва ми се качуваше , ама не осеќав потреба од помош. Тешка храна како грав, зелка, јајца, внимавав еден месец отприлика. После јадев се. И пред тоа некои 10 дена пазев , после си почнав да внесувам едно по едно. Проблем јас лично немав. Јас бев среќна дека јадам без да ме убива киселина. Ова е мое лично искуство.
Јас сум со мало бебе и мн ми е криво што не можам како што треба да му се посветам дај боже да се опоравам побрзо јас се плажам мн од кила па затоа ве прашувам кога почнавте да дигате малце потешко. Со лесно на сите❤️
Другарка се оперираше кога малата и имаше 2 ипол месеци. И со конци ја успиваше. Дете вришти , само кај неа се смируваше. Фала богу кај неа немаше никаков проблем.
Ќе припазиш на почетоко, ако имаш помош од страна супер. На цимерката што се опериравме исти ден, малото и беше 6-7 месеци. Гледав брзо после операција дека си го и креваше. Ако имаш помош ќе ти биде супер. Седната во скут нека ти седи, а за шеткање во раце некој друг нека те замени барем 1 месец.
Здраво пак јас со моите прашања. Сакам да прашам после колку време почнавте да јадете жолчка од јајце, и дали уопште некогаш смеам да ја јадам?
Смееш да јадеш , нема причина зошто да не, доколку не ти смета. Сама ќе си видиш дали некоја храна ќе ти смета или не. На другарка и смета тесто, пити и такви работи. Мене ми смета праз, ама и пред тоа ми сметаше и упорно го јадев. После еден месец пробај и ќе видиш. До еден месец колку толку гледав да пазам што јадам, да биде полесна храна. Први две недели баш пазев во однос на храна, после по малце почував од се.
Нема болки, ама ќе ти биде тешко на желудник. Ќе си осетиш. Нема такви страшни и грди болки. Откако ќе извадиш жолчката, како нов си ( барем јас лично). Што и да треба, ќе ти кажам, немај гајле.