Zdravo Vo vtornikot me operiraa od zolckata i denes me pustija doma dali ke moze da mi kazete sto mozam da jadam
Здраво, Со помин,можеш да јадеш се што е полесна храна и не е мрсно и пржено!Зеленчук,овошје,супи првите две до три недели. Потоа самата ќе видиш која храна ти прави тешкотија и нема да ја конзумираш. Исто така се препорачува да пиеш премногу течности и чаеви. Пржено,поховано,јајца,мајонез избегнувај.
Дали тие што сте оперирани пред подолго време (месеци, година +) имате некогаш болки слични на напади што траат многу кратко или се така со мал интензитет? Ама на исто место и на ист начин боли. Кај мене одвреме навреме да. Правев ехо, сѐ е во ред, на крвна слика ензими и билирубин во ред.
Да,и баш се чудев зошто така...ама не сум била само јас. Инаку мене горе ме боли,под гради на средина,желудникот
Јас на неколку пати така од памет се имам извадено за да ме преболи после минутка ко ништо да не е. И баш исто, горе во средина и позади во грб, како кога имав напади.
Само што сакав да пишам, приметувам после јадење периодов имам болка како остра на моменти но во левата страна на стомакот( читав на нет дека таму се наоѓа панкреас) дали и таму имате болка? Инаку оперирана сум пред една година. Ме фати страв мислам да одам на ехо на абдомен.
Јас пак морам да прашам Дали некоја правела некои испитувања за ваков тип болка после операција? Месец дена, секојдневно добивам јаки болки, слични на напад, во средина и во грб. Обично се кратки ама кога ќе ме заболи буквално се парализирам оти се многу нагли. Мислев да не е хелико нешто до желудникот ама немам хелико. Не знам дали пак да си губам време по лекари, оти минатиот пат со ехо беше сѐ во ред.
Како провери хелико? Преку крв? Гастроскопија, да не имаш чир , што треба да се третира. Да видиш некоја храна да не ти смета и ти прави тегоби во желудник. Јас праз обожавам, ама здравје во некој друг живот ќе го јадам.
Фецес за хелико. Не зависи од која храна, буквално еднаш после варени компири ме фати. Нешто мислам да не е со сфинктерот што било релативно честа појава после операција, а знам дека дава слични болки како напад. Ама само за ехо не ми се малтретира пак, и онака пак ќе биде све океј. Ама и не осеќам баш во желудник тегоби него по на средина, под дијафрагма и во грб.
Мене желудникот баш на средина ме боли. Од лекови сум имала страшни болки и повраќање дури, исто хелико беше негативен, испадна дека е од естрадиолот од терапијата што ја примав. Исто од стрес многу често ме боли, кога се лачи повеќе желудечна киселина. Да пиеш одреден период нешто во стилот на пантопразол, секако во консултација со матичен. Па ке видиш дали ќе има подобрување.
Колку ве чинеше на клиника лапароскопска операција на жолчка? Мене ми извадија болнички упат за операција, докторот ми рече кога ќе имам болки или било што да отидам веднаш на ургентен за да ме примат итно, цената била 46000 за операцијата. Од тогаш кога ми е издаден болнички упат до денес многу пати имав болки на почетокот одев на ургентно и од таму само ехо ми правеа и после ме пуштаа дома со изговор дека сум се преправала не биле толку страшни болките да не сум изигравала беснило па од една страна кога имам болки сакам да одам на клиника поради можни компликации а од друга страна па не веерувам дека би ме примиле и дека пак ќе бидам омаловажувана од страна на докторите таму.
А чекај, осигурана си? И како бе тоа за итно да ти наплатат приватно? И фала богу дека е на клиника твоево, од таму безброј вакви причи сум слушала, што и за ИТНО им барале пари. Затоа и не отидов таму. Јас платив 4200 во градска ама со термин бев и осигурана. И тоа за неполн месец имав термин.