Бог да чува. Јас платив 4600 ден во градска 2021 година сум оперирана. И за вадење жолчка , не треба да си под болки зошто тогаш е воспалена, а воспалена жолчка не се вади. Боже кај ни отиде здравството. Барај абдоменален или дегистивен хирург за консултација и да ти закаже операција. Не чекај да имаш компликации
Мајко мила не се саглам Жална Македонијо... Не знам што да те советувам освен евентуално да земеш упат кај нов хирург во градска. И јас и други што ги знам, брзо сме се оперирале. За државна за операција на жолчка не си единствена што ги онадат вака.
Здраво…треба да оперирам жолчка. Сакам да прашам дали имате симптом на подуен стомак? Ова прашувам за пред да се оперирате ?
Имав повторно напад па отидов на ургентен, таму ме советуваа дека побрзо се стига до операција во Градска и Воена одколку на клиника, дека иако со врски тешко се стига до термин посебно кај тој доктор кај кој имам врски дека да не се надевам дека во скоро би ме викнал зошто кај него се скоро сите онколошки случаи а ситуацијата моја не е наивна мора да се внимава да не тргне некое камче низ канал и да не се заглави а многу малку фали да стигне до тоа. Па денеска бев и си земав упат за во Воена белким ќе се заврши побрзо, ми рекоа дека со оглед на тегобите и состојбата на качињата и во двете болници би ме воделе како итен случај без потреба да се плаќа приватно па дај боже да испадне така ќе видам за две недели.
И јас сум иста, со многу ситни камчиња сум и ме водат како итен случај. Во четврток ми рекоа да одам на анализи пред операција, па подле да видиме кога ке ми закажат за операција. Иначе и јас одам во воена болница, кај др Гордана Божиновска.
Ако си осигурана, незнам што филмови ти прават дека приватно ќе плаќаш во државни болници. Само партиципација се плаќа. Јас би ти рекла Градска, ама штом си земала упат за Воена, терај таму. И ако имаш напад, нема да те оперираат. Ќе чекаат да се смири воспалението, па после тоа ќе оперираат.
За државна и мене истото ми велеа, дури и матичната, дека и да умираш ќе ти бараат пари да те оперираат, инаку ќе си чекаш, ако дочекаш. Знам и случај каде на човек со ПУКНАТА жолчка му давале инфузии за болки и истата прича - ќе си платите или ќе си чекате термин. Кутриот не знаел веќе каде се наоѓа од болки. Фамилијата одма го носат во 8ми Септември и таму неколку саати го оперирале и среќа го спасиле на време. Инаку можело кобно да биде. Така да дечки и да не сте итни со напади, не се заебавајте и побарајте искуства повеќе. Жолчка чим се напуни со камења, мора да се вади, кога тогаш. А со чекање може само полошо да биде, да ги снема камењата, нема. Јас одма по дијагнозата се решив од страв дека ќе чекам со месеци. А испадна по само месец да ме викнат.
За грдска има еден муабет а колку е така не знам и не можам да тврдам. Дека оперирање жолча веќе е како вонредно на пладне и се плаќа поголема сума. За онаа спроти зелено пазарче зборам.
Јас таму се оперирав. Има листа на пациенти со термини за операција. Баш на снаа ми роднина, се оперираше пред две недели, најрегуларно му имаа закажано.
Јас кога бев знам дека можеше вака попладне да те оперираат побрзо ама да си доплатиш. А другите си чекаат термин. Значи редовно си закажуваат, ама башка и ако некој сака одма, така мислам беше.
Го оперирале со саати, дека му пункала и морале да го исчистат цело тело, да не дојде до сепса. Јас среќа ептееен мало камче имав и одма реагирав. Свртев се , за да најдам доктор.
Знам, но чекам да ми закажат од декември во државна а мене ми се камењата на излез од жолчката затоа и не ми се чека да ризикувам да чекам до декември годинава.
Дегистивна хирургија на државна само врска функционира и паричка. Се е корумпирано таму. Јас имам пријателка оперираше жолчка таму со врски и сошиени резовите како на прасе со извинение на зборот. Мене ништо не ми се познава, како да не сум оперирана.