Јас пред две години се оперирав и имам лузни,како бели линии. Таа кај папокот ми остана поширока и подлабока зашто после вадење конци се отвори површински на кожа. Не е можно да нема воопшто лузна.
Мене баш таа кај папокот ме плаши, некако како лошо сошиено, како оток тука или после тоа тука се повлекува ?
А кога плативте 4200 Оваа година? Дека и јас правев операција во Воена Болница минатата недела, а уште не ме викнале за плаќање. Веројатно на прва контрола
Vo cetvrtok treba da se operiram a od vcera sum malku kako nastinata, nosot mi tece i potkasluvam. Mozno e da mi ja odlozat operacijata?
Правев операција на жолчка на 25.03, на режим со полесна храна сум како што ми кажаа кога ме пуштија, но во последните денови имам некоја мачнина и подуваност на стомакот (како бремена да сум), дали е нормално или нешто се случува, многу сум исплашена со оглед на тоа што летово прележав акутен панкреатит. Следна контрола имам дури во мај.
Мислам дека нема врска после толку време, јас се оперирав сега на 07. 05. И веке почнав да јадам се. Мене не ми рекоа дека треба да одам на контрола веќе, освен кога ми ѓи вадеа конците.
Дали имате инфо колку чини операција на жолчка во Ремедика и доктор освен во Ремедика би го препорачале?
Јас има ли некој што познава некој од воена дали е вистина дека немале материјал за операција на жолчка? Бев пред три недели да прашам до каде е работава пошто дечкото од ургентно ми рече оди кај др. да ти закаже одма и кога отидов др. ми рече немале материјали сум била на список и ќе ми се јават кога ќе ги добиеле а претходно му беше муабетот дека ќе ме викне за три до шест недели и ме натера да трчам на крај на работно време да ги направам сите испитувања а од тогаш поминати се три месеци.