Операција на жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од T-A-N-J-e-T-o, 25 септември 2012.

  1. Kate.93.N

    Kate.93.N Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересираат повеќе детали околу пост-оперативниот период, првите саати-денови. Дали има болки, какво е будењето, кога се станува, дали може самостојно да се функционира (тоалет) и слично.
    Исто за исхраната првите ден -два какви се ?
    Фала ви
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Боли, ама не е страшно. Секое станување е полесно.
    Мене ми се одеше во тоалет, брзо откако ме качија во соба. Сакаа гуска ли, лопата да ми дадат, одбив и се расправав. Ме станаа полека и ме однесоа до тоалет. Ми се вртеше цел свет мислам. После си одев сама цело време.
    Отворив очи во сала, ама уште под анестезија и следно во шок соба се разбудив. Јас бев 300 на саат. Уста не затворив. Па за брзо ме извадија од таму и во соба.
    Храна први денови полесна. После полека ќе почнеш со друго.
     
    На Kate.93.N и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    По будење од анестезија ќе осеќаш жед, барем кај мене беше така. Ама не даваат да пиеш течности првите неколку часа. Па јас си побарав газа да ми натопат со вода да си ги тапкам усните зошто мислев ќе ми распукаат. Уште истиот ден дојдоа да ми помогнат да станам. Боли ама е издржливо. Не одев зошто уште имаше дејство кај мене анестезијата, цело тело ми се тресеше. Па само постојав некоја мин и ме вратија во кревет.
    Утрето исто ми помогнаа да станам, ( тоа ми беше тешко дур не ми ги извадија конците) и не можев да се исправам зошто конците како да ме затегаа ми се чини на долу. Ама еднаш ме исправија и толку после беше добро. Патот до моето родно место од ск ми беше најтежок во целиот процес. Секое дупче што го осеќаше колата мислам ми правеше болка. Во болница ми покажаа како да ми помагаат при станување дома безболно. И супер поминав. Јадење на почеток почесто по малку. Дур да се разработат цревата. И полесна храна. Супи, двопек, ориз.....
    Е од кога ми ги извадија конците како нова бев. И во наредните 6 месеци многу пазев да не кревам ништо тешко. Еве ме 4 та година по операција никакви маки немам, да не се урочам :$
     
    На bookslover, dromka и Kate.93.N им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.533
    Пол:
    Женски
    Се разбудив во шок соба ја, така полусвесна ме вратија во соба, прво ништо не осеќав ни болки, ништо, после полека почнаа така слаби болки и тежина во тело.
    Станав негде после 8-9 саати, отидов до тоалет со помош од сестрата. Али ако не можеш да станеш, ќе ти дадат лопатка, па кога ќе можеш тогаш. Ми се вртеше ептен на прво станување се тресев и бев многу омалаксана. Ама полека ќе се осеќаш подобро, ќе гледаш колку можеш да се движиш. Многу битно е да најдеш удобен начин да стануваш од кревет. Јас ги ставав рацете под грб и буткав нагоре. Цело време лежев на грб, вртење н страна немаше шанси. И цел месец спиев на грб, или се потпирав со перници ако сакав на страна.
    Болки имав ама подносливо беше. Повеќе ме болеше од воздухот што те дујат, во рамења и гради, него ли од раните. Имав болки и во грло од тубата за дишење, ми беше болно голтањето неколку дена.
    Прво во болница ми даваа бисквити, супа, само едвај јадев оти многу имав гадење вториот ден. Исхраната тоа, само варено и претежно ориз, компири, варено пилешко, лесни супи, бисквити, банани и многу течности.
     
    На Kate.93.N му/ѝ се допаѓа ова.
  5. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој колку чини операција на жолчка во Систина?
     
  6. Antoneta93

    Antoneta93 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kate.93.N

    Kate.93.N Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    2350евра
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Ауууууу. Што е тоа бре?
     
  9. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Толку е на приватно... Уште јас кога се оперирав беше толку. Се нема качено цената дури чудно хаха
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Премногу е. За два дена лежење…
     
  11. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Многу е да. Јас нешто повеќе од 24 саата бев во болница и правец дома. Тоа не е ни два дена.
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Е толку де…плус некој саат да кажеме.
     
  13. Megi88

    Megi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здраво, оперирана сум од жолчка негде пред 2 години. Претходно немав приметено или не ми се случувало не знам, но последните два пати при доручок на омлет со витаминска салата ( зелка, цвекло, морков ) ми се случува да имам дијареа цел ден... дали ви се случува и на вас од некоја храна, дали е нормално тоа?
     
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    После операција на жолчка, нормално е при одредена храна, да има некои тегоби.
    Јас имам потешкотии од некоја храна и ја избегнувам. Од некои комбинации имам дијареа и не ги ни јадам.
    Остави простор две недели и пробај истава комбинација. Ако се повторува, избегнувај ја или комбинирај со друго.
     
  15. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Овде ќе прашам бидејќи сте поактивни. Ми открија камчиња во жолчката уште пред 6 месеци го имав првиот напад. Последниот напад го имав пред еден месец и од тогаш се одржавам со исхрана не јадам мрсно. Докторката ми рече може со исхрана да пролонгирам операција ама не вечно, некогаш мора да ја извадам жолчката ама на мене е кога. Ми рече кога нема да можеш веќе да издржиш дојди ќе ти пишам упат. Е сега јас како што кажав не јадам мрсно и ми е океј ама денес кога станав од спиење на гладно осетив болки. Не ми се рефлектира во рамото само под десното ребро осеќам. Не се големи болки ама незгодни се, како да ме боде нешто од внатре. Дали му било на некој вака пред операција? Дали смеам уште да чекам или подобро што побрзо да се оперирам? Зошто уште ја дојам малата и многу ми е тешко да ја одвикнам а докторката рече да се одбиеме пред операција. Пошто ми се смирија нападите реков ќе тераме до година ама секој ден се повеќе осеќам дека ме тишти…
     
  16. Marcheee

    Marcheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Ne chekaj. Chim ti pravi nelagodnost i bolki reshi si go problemot i raat kje bidesh . Samo dva meseci posle operacija nema da smeesh teshko da krevash. Barem na majka mi taka i rekoa.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.472
    Пол:
    Женски
    И јас исто имав проблеми тој период после породување кога се оперирав син ми имаше 5 месеци. Морав да се оперирам имав неиздржливи болки и веќе почна и панкреасот да се воспалува губев свест од толку силни болки што имав.. Мој совет ти е што побрзо да се вади жолчката само операција е спас.
     
    На dromka и arwen93 им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.533
    Пол:
    Женски
    Јас со месеци бев со болки и гадење и осет како нешто да ми смета. Сред ноќ се будев со пржење во стомак. Имав напади на почетокот кога уште немав појма дека е од камчињата.
    Не знам зошто советуваат да одложуваш операција освен ајде во твојот случај ради доењето. Зашто со чекање само на полошо ќе иде, на подобро нема дефинитивно. Јас сум и со последици од вадењето па сега да се вратам пак би ја извадила одма оти неќев да дознаам што ќе беше ако чекав. Последните два месеци не можев до веце да отидам без да добијам нагони на повраќање од движење, од све ми се гадеше.
     
    На dromka и arwen93 им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Мене хирургот знаеш што ми рече. Чим жолчка прави проблем не користи за ништо. Со зборовите тој отпад треба да се фрли. Јас поради неправилно нејзино работење си добив чир на дванаесетпалачно црево. Хроничен гастрит за цел живот. Така да не чекај и оперирај се.
     
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Даа, знам дека не вреди за ништо. И сестра ми е оперирана и истото и го кажаа. Фамилијарно наследство ни е проблем со жолчката. :D Само она рано се оперираше а мене ми е жал ради малава дека цица и за жива глава не прифаќа ад. Не знам што ќе правам во многу бош ситуација сум. Инаку и јас имам гастритис…