Операција на жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од T-A-N-J-e-T-o, 25 септември 2012.

  1. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Многу жени минуваат низ оперативни зафати и пак продолжуваат да дојат. Ако имаш млеко измолзувај се за да оставиш доволна количина и постоперативно да се измолзиш и тоа да го фрлиш. Таа операција е еден ден болница така да мислам дека нема да имаш некој проблем. Нормално се зависи колку млеко имаш и како го канализираш стресот. Сепак стресот многу делува на тоа.
    Големо воспаление и изливање на жолча е многу опасна работа само тоа да го имаш на ум. Знам колку некој чекори се тешки да се направат кога е во прашање дете. Ама на тоа дете повеќе му треба здрава мама, па макар и не продолжиле да се доите. Одлуката си е ваша секако. Ама ова само давам добронамерен совет.
    Колку месеци е малата?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Јас пробав да ја одбијам ама не сака млеко ад и без мене не може да заспие. 7 месеци е, а да се одмолзувам не би сакала за да не си направам мастит. Е сега верувам дека ако дојде до некоја таква итна ситуација сакала нејќела ќе мора да прифати шише тоа е… и на маж ми му реков ако ептен дојде хитна да ме носи на лажичка ако треба ќе мора да и даваш млеко некако да се снајдеш… Докторката рече као до 9,10 месеци да ја дојам па операција па после кога ја виде крвната слика рече терај дур можеш не е итно.
    Фала на сите на советите, ќе видам што ќе направам знам дека не е шала, ништо во уста не ми се става од страв да не добијам напад зошто многу тешко го поднесувам…


    Еден ден се седи во болница? Каде правевте вие операција?
     
    Последна измена: 15 декември 2025
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Одиш ден пред операција, нареден е операција и ден после тоа те пуштаат. Ова за лапараскопски.
    За класична операција, повеќе денови се седи.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    8.731
    Пол:
    Женски
    Јас се правев во градска во центар што е. Денот на операција дојдов и ме пуштија утрето. Една ноќ бев се на се. Ме оперираше др шенол тахир и презадоволна сум.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Женски имам полипи во жолчно кесе, еве се следи веќе некок период со ехо ама во подледен период почнав да имам доста големи болки…
    Ве молам некој што е во тек што има правено операција, дали е страшно ( многу де плашам од операции фобии имам).
    Дополнително сакам да прашам кај се опериравте имкој доктор го препорачувате. Ако некој се оперирал во приватна болница ме интересира колку изнесува очерацијата таму исто?
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    26.797
    Пол:
    Женски
    Ич не е страшно. Ако денес е операцијата, утре си дома. Цел ден ќе го преспиеш од анестезијата. Први 2-3 дена малце е болно станувањето, ама после е полесно. Јас после една недела со конци и на работа отидов.
    Колку повеќе стануваш и се движиш, толку е полесно.
    Јас правев во градска болница, кај др.Ваљон.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.533
    Пол:
    Женски
    Јас во Градска се оперирав кај Ѓорѓи Ставридис.

    Познаничка во Систина се оперираше лапароскопски пред неколку години и ја фати 1500 евра. И толку е 1500-2000 евра обично.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Ќе да е Систина малце поскапо сега. Сестра ми правеше таму операција 3000€ беше ама и покри осигурањето приватно е осигурана.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.533
    Пол:
    Женски
    Е можно е.
    Ова што кажувам беше 2021ва, знам толку ја фати.
     
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.110
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Правел ли некој операција во државна болница и дали имате искуство со др.Гоце Волчевски?
     
  11. TheFriend

    TheFriend Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам препораки за добар доктор по приватните болници од ислуство. Треба да ја вадам жолчката сакам лапароскопски.
    Неколку месеци е откриено дека имам камчиња внимавам на храна и пијам нолпаза за да биди помирен желудникот. Можам само да речам дека има слаби бодежи под десно ребро ако јадам масно месено или алкохол.

    Се плашам од анестезијата читав била тотална и за неа не било сеедно да си пушач, а јас не можам туку така да ги оставам цигарите.
     
  12. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Прв пат читам дека кај пушачи се можни компликации од целосна анестезија, многу мои блиски па и пријатели што се пушачи немале до сега компликации од целосни анестезии, поверојатно е да треба да ти дадат повеќе од нормалната потребна доза зошто телото може пребрзо да ја разградува. Сепак ако имаш кеш оди си приватно јас чекам државно веќе 15 ипол месеци и тоа итен случај и кој знае дали и ќе ме викнат некогаш.
     
    На TheFriend му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheFriend

    TheFriend Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Знам дека пишува се на интернет ама секако дека ме подзамислија...
    Не знам ниту дали сум во право со оваа одлука... Се делува дека се држи под контрола ама не е баш така... Како да планирам годишен одмор? Не си рает некако... Па сама со себе вчера си одлучив да ја оперирам иако матичната вели дека не е хитно, СРП 2.9 беше во период кога имав слаби тегоби константно неколку денови.

    Систина или Жан Митрев? Појма немам која е посолидна за лапароскопија...

    П.С. Имам приватно осигурување и според полиса треба да ми го покријат лекувањето. Не живеам во СК и затоа молам за искуства.
     
  14. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Искрено со приватно осигурување јас не знам и која од овие две се подобри а често читам дека одат во Систина. За годишен одмор немаш потреба да се грижиш не е некоја операција која бара третмани подоцна само прилагодување/навикнување на исхраната трае две недели некои и по една недела се префрлиле на нормална исхрана а со физичка активност како кревање потешки работи по еден месец за лапароскопска операција. Ти супер си, терај ја работата со време да не добиеш напади кои се стварно гадни јас 20 минути сум била во безсознание со пена од уста цела вкочанета со брза помош ме носеа на ургентен и пак ме оставаат така да чекам.
     
  15. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Оперирана сум пред 11 год од жолчка. Овие два дена чувствувам како стегање на местото под реброто отприлика мн кратко 1 2 сек, и ќе ме пушти. Низ годините сум правела ехо се било во ред, дали има некој со слично искуство?
     
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    86.783
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на промена на време реагира или некоја мускулна болка е не се плаши нема ништо
     
    На Skorpija12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.110
    Пол:
    Женски
    Инаку да споделам, мајка ми се оперираше кај Волчевски.
    Она е презадоволна и од него и од болницата. Вика замисли државна болница а ја сум презадоволна. Сестрите достапни, кревети чисти, веце и соба чисти, дури да не веруваш дека ова е државна. Ја примија еден ден пред операција и нареден ден по операција ја пуштија.
    Ете да споделам едно позитивно зачудувачко искуство од дигестивна хирургија
     
    На TheFriend му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Искуство некое со др.Јоксимовиќ на клинила
     
  19. Mamapovtorpat@

    Mamapovtorpat@ Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво. Мајка ми има многу полипи на жолчка. Неколку со поголема димензија а другите многу во број како бисери со мала димензија. Некој искуство да сподели за операција поради полипи, доктор и краен исход? Благодарам
     
  20. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Мене ме оперираше пред два дена многу сум задоволна од него.
     
    На bookslover и TheFriend им се допаѓа ова.