Да и јас сум задоволна од цел персонал, сите сестри достапни во секоја секунда, чисто дури и тоалетите хигиеничарките не ги оставаат непипнати. Анестезиолозите ми оставија одличен впечаток, те смируваат пред операција те опуштаат со разговор и шега пред се па по операцијата бдеат над тебе. Искрено погледот кон дигестивна конкретно ми се промени.
Баш те читав пред некое време дека чекаш долго термин. Со лесно заздравувањето И јас собирам искуства, да соберам храброст да ја извадам, па сподели како помина
Фала ти, мој совет реши ја со време фаќај термин, или ако не ти е баш итно нека те стават на листа за чекање ако некој се откаже да те уфрлат. Искрено јас со кредит си ги платив тие 800 евра ко попче зошто мораше и немав друга опција повеќе петокот ме примија, саботата операцијата беше по сабајле, неделата сабајле ме пуштија. Болки нема дека си под седативи освен притисок чуден и незгодно за лежење само на грб. Подобро да не ве стануваат ако гасот не ве мава на рамена, ако ве боцка во рамена подобро е да пешачите полека и полека да вдишувате низ нос а да издишувате скоро скроз да ги празните белите дробови низ уста така гасот побрзо ќе го исфрлите (беше совет од тик ток видео) и мене многу ми помогна. Не е страшна операцијата а ни пост оперативно колку што мава на психа дека одиш на операција, и стравот од самиот збор операција.
Дечки дали овој период се препорачува да се прави операцијава? Синоќа имав ептен јак напад и сакам веќе да закажам кај некој од докториве да ја извадам.
Ако си имала напад, прво ќе ти смират воспалението, па после операција. Ама вади што можеш побрзо и биди си раат.
Ми се случи пак после 6 месеци од мрсна храна и сакам што побрзо да ја извадам искрено само ме замара.
На брат ми така му се случуваше. Нападите зачестуваа и ја извади и сега си е мирен. Нема никакви проблеми. Имапе околу 27/28 години кога на операција. Лапароскопски и супер помина. За разлика од него татко ми чекаше до последно и не можеше лапароскопски туку мораше итна класична операција. Нормално опоравувањето одеше потешко.
Си ја изрегулирав храната точно знам сега што ми пречи што не, и вчера бевме во кафана и колку и да пазев вечерта ме фати ептен јак напад. Затоа сакам да ја извадам меѓутоа ме советуваа дека подобро било кога било поладно не сега веќе кога се стоплува ептен поради нели инфекции.
Мислам дека докторот е во пензија веќе, ама ја вадеше во Воена болница. Задоволен беше од третманот, зашто си доплати да е во апартман и сам си беше во соба. Вадењето беше пред скоро 13 години.