Јас се оперирав кај Александар Митевски во Ремедика и презадоволна сум од докторот, имам наназад пишувано за него. За систина не знам, државна татко ми се има оперирано кај др. Беака, и она е супер. Во кој смисол мислиш како е постоперативно? И на двете места ќе лежиш, па ќе те пуштат и дома ќе лежиш пак. Мене во Ремедика ме задржаа еден ден само, следниот ден ме пуштија и си дојдов дома. Каде и да се одлучиш, лесно ќе поминеш, рутинска е.
Ти благодарам на одговорот за блиска личност се работи. Ако знаеш колку е цената во ремедика? Мислев колку дена ги задржуваат во болница
Мислам дека цената беше околу 1800€, не сум сигурна затоа што бев со приватно здравствено. Сабајлето одиш на операција, следниот ден те прегледува докторот и те пушта ако сѐ е ок.