Незнам зошто ти рекле намалени движења кога треба да ги јакнеш мускулите, затоа што цел товар паѓа на колкот и само го забрзуваш процесот на оштетување. Плус треба возење точак, пливање башка физикална. И јас го имам истиот проблем посебно на десниот колк. Со терапијата и со вежбите само го одложуваме процесот ама до кога незнам.
Ортопед вика да се штедам, се трошат плус, физијатар баш ти како што пишуваш... Секако морам да се движам, но болките веќе почнуваат за жал...колку ќе тераме, тераме, веќе се помирив со тоа. Дали пиеш нешто? Јас остеокаре, таблети Нем, снаил комплекс и детрикал. Да препорачаш нешто?
Не можам да се помирам зошто уште сме млади. Веројатно кога ќе соопштат ваква вест треба да ни даваат упат и за на психолог зошто прво психички опаѓа човек. Пијам NutraGen - колаген ( скап ама доста добар), Етоксиб - за болка, Хисера и уште едни апчиња витамини.
Во време на корона една поблиска правеше, мислам дека во Охрид. Само се изначека ептен, терапија не ѝ помагаше. И пак ко да ми е во сеќавање дека фати некоја врска за да стигне побрзо до операција зашто исто беше со двата колка. Знам дека после операцијата беше супер, евентуално кога се менува времето си осеќа болка. Не сум баш во контакт периодов инаку ќе ја прашав подетално. @Sale14
На татко ми му се оштетени двата колка, и ете си чека за операција, дури и во Државна и во 8 септември демек најдовме доктори, ама не го барааат, иако понудивме и некоја сума на пари, не сакаа да земат, одговорот беше како демек откако ќе се заврши операцијата, и стварно не знам што да кажам, ама човекот оди со помагало, веќе не може да се движи самостојно, 99% му се сосема оштетени и двата колкови, има болки, се и сфашта пие, а ниту еден доктор не се замара, сите креваат раменици, и демек ќе те викнеме, а поминаа скоро 2 месеци, и ништо. Јас веќе не знам што да превземеме, не може да трпи болки повеќе татко ми, како здравство имаме и какви се овие доктори се прашувам, да гледаш човек со толку големи болки, и да не ти е гајле за да го викнеш на операција, безчувствителни.
Операција на колк и било што ортопедски само кај др Димитар Споа, од лично искуство и искуство на блиски, човекот е магионичар
Кај Циривири. Среда вечер операција-преден пристап операција, петок сабајле ме пуштија. Во тој ден ипол дојдоа физиотерапевти за да ме научат со штаки (одма следен ден по операција ме станаа на штаки). Дома со штаки, мислам по два дена со една се пуштив. Треба пазење пример при седнување на вц шоља, полека со нога испружена. Помош при бањање нормално, само да не се топи раната. Одма после 14 дена на физикална (ма да мислам може и порано) и отприлика за месец веќе бев опуштена скроз. Што и да ти треба плус инфо пиши.
Татко ми правеше кај др. Дамјанович, во Државна, презадоволни сме од докторот! Млад др. ама предобар, од почеток на прием па се до ден денес, татко ми беше и на физикална и во бања, опоравувањето не е брзо, треба време за се, со вежби и рехабилитација ќе биде се добро.
хаххахахаха човекот е далеку од магионичар, арогантен и умислен. Имам лично искуство и никому не ја препорачувам мојата голгота
искрено се каам што го пофалив толку многу и убедував блиска да ја оперира, ниту јас ниту таа сме моментално задоволни, на почеток мислиш се е добро ама потоа заглавуваш на физикална, инекции и еден куп прегледи и то вели е тоа е што да ти правам
колку време му требаше за да се опорави и да почне да се движи без помагало? Дали лесно се закажува кај тој др Дамјанович
Лесно закажавме да, чекавме околу месец дена за терминот за операција. Околу 1 месец му требаше да се стабилизира, опоравувањето трае и подолго, зависи од самиот човек колку ќе подлегне и колку бил во движење претходно.
Баба ми ја оперираше др. Далипи на клиника, искрено ние се зачудивме и како воопшто ја зема, пошто е постара, 85 години има. Она имаше ептен голема желба да стане, и со физиотерапевт се дигна на нозе за два месеци, без помагало за 3 месеци.
Закажавме за две недели ќе идеме на преглед кај докторот. А да се надоврзам за една трагична но и смешна ситуација бидејќи мислам дека такво нешто само овде може да се случи, за операција кога закажуваш кај тој Споа излегува дека си повикува колега од друго место да оперира со него, а плаќаш еден куп пари нели, и сега зашо повикува оставам на фантазијата, зашто ако сум добар и способен доктор ми треба друг да ми ја изведе операцијата ??? Многу чудни работи, а и ми рекоа човекот нема ни два колка оперирано во животот не идете таму, прво работно место му е тоа, се учи за пари, тоа се муабети кои после моето искуство излегоа дека не се само муабети, ако знае некој реално нека каже. Зашо многу лошо искуство со него многу