Операција на преден вкрстен лигамент

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Asd123$, 13 мај 2020.

  1. Asd123$

    Asd123$ Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво сакав да го слушнам и вашето мислење па да знам што да правам, Во ноември месец имав повреда на коленото се мачев некое време имав проблеми на нагло движења имав затегнување и големи болкки. Во јануар почнав со физикална терапија па во на 13 февруари имав зџакажано термин на магнетна резонанса. Ми извршија снимање и додека да бидат готови реултатие поминаа 2 3 месеци поради короа вирусов. Немав ниакви проблеми си играв нормално фудбал и вчера стигнаа резултатите и случајно ги однесив кај специјалист да видам што ми било. Кога ги виде резултатите без да го отвори CD то тој ми кажа целосна руптура на преден вкрстен лигамент. Ми препиша сируп Nutra Gen да го пијам еден месец па да одам на контрола и ми кажа дека за 3 месеци че ми биде здрав лигаментот. Од друга стран се консултирав со лица кои го поминале тоа и ми соопштија дека без операција нема никаква шанса да помине лигаментот. Да ве слушнам што мислите вие и ако е за операција да ми понудите добар специјалист ?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.708
    Допаѓања:
    145.683
    Пол:
    Женски
    Второ мислење да си побараш. Како очекуваш рандом луѓе на форум да ти кажат што да правиш? Секоја ситуација е приказна за себе, може и јас сум имала скинати лигаменти, ама на друг начин сум ги решила. Затоа постојат доктори, ги земаат сите фактори во предвид кога решаваат за операција.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    902
    1. Ако имаш скинат лигамент нема да можеш да одиш, а не пак фудбал да играш.
    2. Лигаментите и тетивити не се мускулни ткива. Не можат да се излечат сами од себе или со апчиња/сирупи туку мора да се оперираат.

    Така да или ти е грешна дијагнозата и не ти е скинат лигаментот, туку само истегнат/удрен/нешто друго (а, можеби и се работи за повреда на менискус) или пак докторот каде што си бил не бил ортопед туку некој забар.
     
  4. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    5.577
    Vo kolku nemas tegobi ne bi trebalo operacija.Operacija na koleno, lakt e slozena operacija.
    Jas koga bi bila na tvoe mesto bi go poslusala doktorot I ne bi se operirala osven ako ne sum sportist I go operetuvam kolenoto so sekojdneven trening. No togas ne vo Mk.
    IMA stara izreka deka se dodeka ne mora ne se ide pod noz. No ako se rasetas po bolnicite privatnite ke te legnat vednas na operacija a drzavnite ke odat konzervativno da se lekuvas bez operacija.Pa biraj.
     
  5. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    902
    Како конзервативно ќе лекуваш скинат лигамент?
     
  6. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    5.577
    Malku proguglaj vo med.clanci na PR
    1. Conservative versus operative treatment of anterior crucial ligament.
    I slichni trudovi I ke ti bide pojasno. Ne uspeav da ti gi citiram od telefonov.
     
  7. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    902
    Океј, да, постои конзервативен третман на повреден лигамент. Но, повреден со скинат не е исто. Скинатиот може само да се „закрпи“ хируршки, друго ништо не можеш да му направиш.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    6.879
    Пол:
    Женски
    Штом имаш руптура на лигамент значи дека лигаментот ти е скинат, како што ти кажаа погоре. Бидејќи лигамент не се кини од нормална, секојдневна активност, претпоставувам дека спортуваш.
    Штом спортуваш, неопходно е да го решиш проблемот (претпоставувам дека немаш проблем за обавување на секојдневни активности и не многу голем физички напор).
    Потполно се согласувам со членката погоре.

    Тоа нутри ген е колаген што е супер за превенција од повреди на зглобови или третман на 'недоволно подмачкани зглобови'.
    Ова ми е исто како на некој со скинат мускул да му дадеш маст за реума да се мачка за да му заздрави.

    Мое мислење е да си појдиш кај добар ортопед, што работи стриктно со колено, има добри и во приватните и во државна клиника, исто добар избор ти е и Св. Еразмо Охридски (мислам дека е така името на костозглобната во Охрид).
    Било кој добар специјалист нема се води по добиен извештај од радиолог и ќе си го отвори цд-то за да види што има, па понатаму да ти каже кои ти се опциите.

    :!: имај на ум дека доколку навистина имаш рутура на лигамент (не мора да значи дека цел лигамент е партал, можеби е само пукнат на некое место), доколку го игнорираш и продолжиш со големо физичко оптеретување, можиш да направиш дополнителни повреди, не само на тој лигамент.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    12.208
    Допаѓања:
    132.820
    Пол:
    Женски
    Да побараш повеќе мислења од повеќе доктори.
    Ми делува некако доста нестручно ова што го кажа, јас во овој случај би отишла кај некој друг и би се консултирала со повеќе стручни во таа област.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    898
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека не можеш да се движиш со руптура на преден вкрстен, но големо НЕ за интензивни или нагли движења и трчање, за да не си направиш уште поголем проблем со 'рскавицата.

    Дефинитивно се согласувам за второ, па и трето мислење.
    Би ти го препорачала доктор Несторовски од 8ми Септември, само што не знам сега како ќе биде со прегледи заради ситуацијава и од кога ќе биде отворена за други пациенти.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mmjj

    mmjj Нов член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски

    Побарај обавезно второ мислење кај Др. Небојша Настов во градска болница или кај Др. Борислав Илиев во Систима оди кај нив со магнетна резонанса. Јас правев операција а бев повредена скоро 4 години и тренирав и се натпреварував ама имав болки и нестабилност не е точно тоа дека нема да можиш да одиш доколку е скинат, затоа обавезно второ мислење!
     
  12. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    што направи? и јас имам потреба од операција на колено и заради коронава не ме примаат на државна кај што ми е докоторот, доколку се направи операција можеш ли да ми препорачаш доктор кој врши операции во теков на коронава ?