1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Феминки, ме интересира дали некоја има искуство со операција на умници?
    Некои компликации ви се појавиле после вадењето на умниците? Многу боли? ;(
    Знам дека до три дена се јаде супа, течности, мека храна, наредните дена ???

    Многу ми е страв, не е за мене ама личноста што ќе ги вади умниците ми е многу блиска. човеков не реагира никако, не е уплашен лелееееее :sweat: Јас сум уплашена и за него и за реакциите потоа уф !
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас јас :D Значи не е воопшто ни комплицирано ни болно во текот на операцијата, нормално под локална анестезија си. Го сечат непцето ја стругаат коската т.е. го одвојуваат забот од коската и го вадат, шијат и готово. Пиеш антибиотици или те боцкаат со инекции за побрзо, како сакаш, наредните неколку дена и тоа е тоа. Нормално имаш оток, може и модар да ти стане образот ама не е ништо чудно тоа. И првите два часа не треба да пиеш ни јадеш ништо, после тоа до вечерта потечна храна, а од утредента можеш што сакаш ако можеш нормално. И обавезно испирање со чај од жалфија за да не се собира храна. Е сега јас извадив два, со првиот немав никакви проблеми за 15 минути беше готово, само не се напив одма апче против болка па кога престана анестезијата буквално си ја лупав главата од ѕид додека да почне да делува апчето, ама после тоа дали уште еднаш се напив апче и готово. Не осеќав болки само онака непријатнотс малце. И обавезно треба да се раздвижува вилицата, јас ја држев затворена цело време и многу ме искара докторката :$ Со двата прста да се двојат двете вилици по неколку пати. Е со вториот заб малце нешто се искомплицира, т.е. им остана некое парченце од забот |( па точно два саати ми го копаа непцето и после тоа долго 2-3 месеци немав мн осет баш на тоа место на образот, а сега со јазикот осеќам и поголема дупка на таа страна. И примав инекции, ама па немав скоро ич оток тој пат, за разлика од претходниот иако очекував многу поголем затоа што нели ме работеа ( :lol: ) два часа. И така. Значи стварно не е мн комплицирано, али обавезни се антибиотици и редовно чистење на устата затоа што не дај боже, може да дојде до сепса. Сепак е отворено непцето па шиено едно др.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сопругот правеше ваква операција пред неколку месеци. После анестезија му ставиле од зелените платна преку лице и си работеле. Дури има анестезија нормално ништо не се чуствува, после се земаат лекарства против болки 2-3 дена. Сопругот пиеше Вентор. Се зема течна храна бидејки неможе да се џвака и после секој оброк се испира местото. Ништо страшно. Најголем проблем на сопругот му беше да го држи јазикот на страна од местото бидејки конецот го предизвикуваше :D После 4-5 дена самиот го извади конецот и толку.... Не се секирај, ке преживее :D
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Да се надоврзам само, мене ми ги вадеа конците точно после 7 дена и првиот и вториот пат, не ги извадив сама :D И доста беше непријатно, искрено 3 секунди работа, ама онака ги тегне цк цк цк цк и после малце крв, па со хидроген и готово. И многу е олеснувачки :D А баш сега осетив дека ми никнува и еден од горните умници, ама се решив демек да пораснат па обично да ги извадам со клешти. Али до тогаш забите не само предните сите од горната вилица мислам ќе ми дојдат еден преку друг. Всушност и поради тоа ги извадив доле, ми ги искривија забите, значи исклучиво од естетски причини. Забот што ми го извадија цел беше перфектен, снежно бел и ОГРОМЕН. Тогаш малце ми падна тешко, ама преживеав :D ( малце сум емотивна за такви работи :wasntme: )
    И уште ова и прекинувам ветувам :D Мене не ми го покрија лицето, ми ставија такво али лицето ми беше откриено и цело време гледав со што ми брцаат во уста, и ги гледав крвавите памукчиња, конците. Мене не ми е воопшто гад, ама ако е гадлив тој што ќе го работат ( :lol: ) подобро да побара да му ги покријат очите. Првиот пат ми беше многу стресно, во другата соба на едно девојче и чистеа гној и вриштеше страшно многу, демек не делувала многу анестезијата во такви случаеви :worried: . И така се потресов, али после одма ми кажаа дека мене нема да ми го прават тоа и нема да е толку болно :D т.е. дека нема да е воопшто, така и беше :)
    Иии да и јас пиев Вентор, малце ми беа јаки на стомакот или па беше од течната храна :^) ама битно делуваат супер.
     
    На buuuce28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Па не било нешто многу страшно. Ај ќе видиме сега, проблемот е што дватаа умници треба да се извадат, па малку напорно изгледа на прв поглед.

    :D Се надевам :D
    7 дена :o Многу се, навистина многу. Еј, Јојоба, ти беше нешто забрането да јадеш и колку време отприлика?
     
    На bubamara14 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Па една недела, за да заздрави непцето. Што знам не, само првите два часа ништо ни вода, после тоа течна храна тој ден. И од утредента што сакам, ама проблемот е и да сакаш не можеш баш, така да потврди работи тешко, знам мајка ми па ми спреми кременадли и пире после 2-3 дена, си ги исецкав фино кременадлите и пошто беа малце посуви зимам едно парченце онака мрва гладна и крккккк нешто како да ми пукна, мислев сум скинала конци (ок, ова морбидно звучи, конците во устата) али ок беше. Значи дозволено е што сакаш да јадеш, ама не можеш :D Добро е за слабеење. Јас вториот заб го извадив две недели после првиот и бајаги заслабнав, па после и се разболев некоја настинка/грип ме фати, изгледа малце ми заслабна имунитетот од што не јадев баш
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    во кои случаеви се прави операциа на умниците? мене само еден ми има излезено и веднаш почна да ми се расипува а осекам врз него жлебинката ми е подподигната :(
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Треба да направиш снимка, да видат до каде се другите 3умника. Доколку растат навнатре тогаш се прави операција.
    Инаку тоа што ти се расипува е нормално, обично умниците се први на удар, поради тоа што се најназад, а и многу потешко се достигнува до нив со четката. Затоа е потребно големо цнимание и редовна хигиена.
     
  9. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Минатото лето правев и јас операција на умник,бидејќи ми растел хоризонтално. Чудно но немав никаква болка а и не приметив дека забите на долната вилица ми се искривуваат,ми рекоа дека морам да го извадам при правење на друг заб на заболекар,затоа што може да ми направи проблеми.
    Не ме болеше при самата операција,ама изгледа докторот ептен се намачи со забот,што тегнење удри како да вади стогодишно дрво од корен,и почнаа солзи да ми течат,што од мака што од страв :D
    Јадев само течна и кашеста храна и нешто за кое не треба многу џвакање,како пире,пудинг,топени бисквити со млеко,чорби. Болките ги намалував некако со аналгетици,имав нормално а и ми крвареше по малку непцето првите 2 дена.
    Имав малку оток,на кој треба да ставате мраз првите 2-3 часа по операцијата константно,инаку подолго време ќе ви биде отечено местото и може и да се зголеми,јас се придржував кон тоа и немав проблем.Единствено не можев устата подолго време да ја отворам ширум,како да ме затегаше,но и за тоа имало решение,откако ќе ви ги извадат конците,ставајте топли облоги (јас топев крпчиња со топла вода) и ќе помине.

    Ден пред операција,ако сте си гурман каснете си што ви душа сака оти после недела-две зависно како кај кој,нема да можете :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    И јас да споделам искуство :)
    Оперирав три умника, четвртиот ми беше израснат па топј со клешта ми го вадеа.
    Два вадев наеднаш, еден сам. Болка нема никаква додека трае операцијата, се осеќа само притисок или тегнење, но болка буквално никаква и се кратко трае. Многу е битно за да немате голем оток веднаш штом дојдете да држите мраз и да притискате, може да пиете Химорал, калциум, спијте со поткрената глава,

    И двата пати поголем оток имав 3 дена, веќе 4тиот можев да искочам меѓу луѓе без да ми е непријатно.
    Ќе ви препишат антибиотик, за болки нешто и тоа е. Значи ништо страшно, повеќе сум се мачела кога сум пломбирала заб отколку за операцијава, бидејќи никогаш предтоа не ми ставале анестезија.
    А да, за првите 2-3 дена, снабдете се со супи, гриз и течна храна зашто да јадете тврдо нема шанси :)
     
  11. duffodil

    duffodil Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    dali na nekoj mu se ima sluceno jazikot da mu ostane trnat nekolku dena po operacija na umnik? mene momentalno toa mi se slucuva i me fakja panika bidejki prethodno koga pravev ista operacija se bese vo red... :worried:
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Фемина, немаш поим колку многу ме утеши со ова.
    И јас треба да правам операција, најверојатно на сите умници. :sweat:
    Отсекогаш сум одела на време кај мојот стоматолог и не сум имала речиси никакви проблеми со забите, па некако и претпоставував дека ова ќе ме сполета. :D
    Никогаш дури и не сум имала потреба да ми ставаат анестезија и страшно сум уплашена од тоа - мразам игли!
    Највеќе ме секира тоа дали боли и дали се чувствува додека ти ја ставаат анестезијата? :?:
    Мислам дека ќе се изгубам уште кога ќе го видам лекарот со иглата в рака, уф. :sweat: :sweat:
     
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Не се чувствува нешто страшно инекцијата, за секунда ја ставаат. А ако е добар стоматологот што ќе ти го вади забот нема да имаш болка ни после тоа. Јас немав никаква болка, а го вадеа повеќе од 1 саат. Не се плаши.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш, јас два умника имам извадено со операција, за 2 дена бев како нова. Со анестезијата ништо не боли, а за помалку од недела дена ти ги вадат конците и како ништо да не било :)
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Ич да не се секираш, и јас се плашев од иглата зашто никогаш не ми ставале анестезија, ама буквално е пецкање од секунда и ништо повеќе ;)
     
  16. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    34.230
    Пол:
    Женски
    Jas denes doznav deka 2ta gorni umnici ke treba da gi vadam so operacija nikako da izlezat na povrsina... mi zakazaa za nekolku dena nemam strav od stomatolog no pomislata na toa deka nepceto ke se sece i vadi zabot nekako malku me faka strav... a toa so koncite kako>? strasno e ? boli?
     
  17. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    не е страшно не се секирај ти ставаат анестезија нема да осеќаш ништо,е после тоа од кога ќе попушти анестезијата ќе почувствуваш болка што е многу нормално,еден ден може да те боли до два,јади си потечна храна првите денови како што е супа и тоа е тоа . после тоа ти ги вадат конците нема да те боли и готово :)
     
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Горните умници се проблематични ако имаат контакт со синусите од горната вилица (моите беа такви, и затоа сеуште ги немам извадено), но се друго е исто како било кој заб. Тоа што не ти се никнати ништо не значи, трае подолго вадењето, ама со анестезијата нема да осетиш што и да ти прават. А вадењето на конците е повеќе језиво отколку болно искуство, го прават за 2-3 минути. Пак ќе кажам, вадење умници не е страшна процедура и брзо заздравува, пострашно е ако си пушач и после операцијата не престанеш да пушиш, е тек тогаш ќе видиш што е мака, да си навлечеш некој синузит и со здравје да си го носиш цел живот. :?:
     
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    34.230
    Пол:
    Женски
    Горните умници се проблематични ако имаат контакт со синусите од горната вилица (моите беа такви, и затоа сеуште ги немам извадено), но се друго е исто како било кој заб. Тоа што не ти се никнати ништо не значи, трае подолго вадењето, ама со анестезијата нема да осетиш што и да ти прават. А вадењето на конците е повеќе језиво отколку болно искуство, го прават за 2-3 минути. Пак ќе кажам, вадење умници не е страшна процедура и брзо заздравува, пострашно е ако си пушач и после операцијата не престанеш да пушиш, е тек тогаш ќе видиш што е мака, да си навлечеш некој синузит и со здравје да си го носиш цел живот. :?:[/q
    Не сум пушач... така да не би требало да има нешто но за синусите ме фака малце страв зш 9години користам спреј за нос поради проблем со синусите на промена на време ме болат...
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Како ти е јазикот, уште ли е утрнат?
    Ако е сеуште, ти го повредиле лингвалниот нерв, истото ми го направија и мене и еве година ипол скоро не ми поминува. На почетокот пиев Б-комплекс демек да се опуштеле мускулите, нервите, ама нема врска, не ми помина. Сега горниот умник ми се расипа, се изрони скоро цел, останат е коренот. Ама од страв од првиот пат, не се осмелувам да отидам пак, а морам. Да му биде страв на човек да отиде на лекар, од здрав ќе го направат инвалид.
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.