1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Ќе те барам тогаш ако некогаш се решам да ги вадам за да не ми сметаат.
    Иако бегам од вадење ко ѓавол од крст, ама некогаш ќе мора. :lol:

    Уште се надевам дека ќе пројдам само со клешти. :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Дали може на ддоилка да и се извади горен/долен умник? Имам еден горен за вадење и два долни, сакам да го завршам тоа што побрзо, а дојам.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Можеш, ама еден по еден вади ги и почекај да направи бебето барем 6 месеци.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Денеска го извадив умникот кај 12h и кај 14 се напив Вентор оти почна да ме боли многу сега е добро и сакам да си направам потечно пире да јадам оти ми се јаде страшно. Може да се испира устата со Бетадине денеска или треба до утре ама пошто ми рекоа по секој оброк сигурно може и денеска. И ако може и од вас некој совет за побрзо минење и и за исхрана и хигиена и така..
     
  5. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.902
    Пол:
    Женски
    Јас со Бетадин не миев искрено. Само миев заби неколку пати на ден и се јадев. Имаш конци? Или не беше зафат?
    Мислам дека најубаво @Annath може да ти одговори за ова. :)
     
  6. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Eden konec mi e. Pa sto znam mi rece Betadin i jas kupiv ama sakkam i plus so kamilica da se plaknam
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @Devil's Mistress, welcome to the club. :lol:

    Пресна ми е целата ситуација па да ти одговорам. За исхраната само првиот ден да е течно и ладно. Сега веќе можеш да си конзумираш што сакаш ама внимателно, нели.
    Орална хигиена обавезно, како и досега - четка, паста. Јас користев Listerine за исплакнување по секој оброк. Ладни облози на секој пола саат по 5 минути и гаргара со солена вода неколку пати во текот на денот.
    Ти препишаа ли некаков антибиотик?

    Најбитно од сѐ, да не се стегаш за храна и зборување. Слободно мрдај ја вилицата за да не ти се укочи.
     
    На Devil's Mistress му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Thanks :D
    Се мијам заби по секој оброк само не го чепкам местото оти сестрата ми рече таму не. Јас по секој оброк се плакнам со Бетадине и после со ладен чај од камилица.Од антибиотици користам Химорал и Цинат ли така нешто. За зборување си зборувам нормално се е само смеењево ми е проблем оти додека ми го вадеа малку устава ми ја поткинаа и имам како херпес ама ништо страшно. За храна првиот ден јадев пире ладно вториов ден пудинг,пире и банана и млеко како шејк само по водлест. Од денес сакам да почнам со понормална храна само ми е страв да не се скине конец таква работа. Иначе да прашам трет ден e веќе и имам минимален оток скоро и да не се забележува дали е нормално? И дали е нормално што го чувствувам како подуено местово kako отрпнато не знам некако чудно ми е не можам да опишам безвеза некое чувство?
     
  9. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски

    Дали болеше многу при вадењето?
     
  10. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Не кога ми ја ставаше анестезијата само почувствував пецкање минимално а додека го вадеше и шиеше ништо само дека те тегне.После тоа од кога помина анестезијата болеше се напив Вентор и толку не ме боли веќе. :D
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам во врска со умниците. Тие што ми се горе никнати се можеби една третина, но тие долу никако да излезат. Проблемот е што многу маки истргав (и уште тргам) со ова умнициве бидејќи поради нив на периоди ме болат сите заби, некогаш од левата страна на вилицата некогаш од десната. Ова сето почна од пролетта кога малку ме наболуваше и летово се зголеми интензитетот. До пред малку воопшто не можев да џвакам храна од десната страна, кога и да пробав добивав страшни болки на таа страна од вилицата и ми се здрвуваше и стоплуваше местото. Исто така при нагла промена на температура ме болат, без разлика дали од течност или тоа што ќе се преместам од топло на ладно или обратно. Често ми се случува по цел ден да пијам кафетин (бидејќи најбрзо делува и може да се пие на 3 саати) за да се смирам. Немам други расипани заби (освен во еден се сомневам) така да мислам дека умниците ми прават притисок на нервите од сите заби и ме боли цела вилица. Дали ќе има потреба да ги вадам оти искрено страв ми е, а и дома ми велат период е ќе помини дури ти никнат целосно после тоа ништо нема да ти е.
     
  12. Kiki98

    Kiki98 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Денес извадив умник со операционен зафат. Се помина добро, но само што стигнав дома почнаа и болките. Знам, нормално е. Ми кажаа за утре да одам на контрола.. Може ли некој да сподели што ќе се случува, затоа што многу ме боли и незнам како ќе издржам ако го чепкаат местото кај конците:sweat:..
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Болките се нормална појава после операцијата. Земи некој аналгетик против болка ако не можеш да издржиш и совет, што мене многу ми помогна и за болката а и за отокот: држи ладни облоги колку што можеш подолго. Инаку ако е се во ред од ден на ден болката ќе ти се намалува и нема да имаш проблем.
     
    На Kiki98 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  14. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец го вадев едниот умник горе а сега другиот горе еве втор ден и отеченка сум така малку како бумбарче.Сега имам два конци ама ми стави и како две бели квадратчиња како што успеав да видам на местото не го разбрав нешто беше не буквата С така нешто. Ако знае некој што е тоа и зошто се става ?
     
  15. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    И уште нешто заборавив ај што сум отечена како тврда топка на местото имам,многу глупо чувство ми беше и модро малку местото оти се уби сестрата од тегнење. Нормално ли е на местотво од време на време ептен минимално болење.Во петокот ми го вадеа иначе.
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    7.285
    Каде имате вадено умници? Искуства со доктори и кои болници?
     
  17. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    На максилофацијална кај д-р Алберто Бенедети кој топло ти го препорачувам и со двата заба прелесно поминав и безболно
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Девојки ви ги прочитав чат-пат коментариве.... Само мене ме унакажале со 6-7 конци?
    Мене ни анестезијата не ми помогна..Ужасна болка е тоа, дур ти го копа забот.
    Втора осмица ваќам со операција, ок за отокот нормално е тоа.
    Мене 1000 ме кошташе една операција, приватно кај матичен заболекар. И саат време ме оперираше.
    Дали е нормално тоа? Или мојов не знае да оперира?
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    јас колку што знам не сите стоматолози оперираат. Е сега за пари некои ќе се обидат ама..... Кај нас во градот само двајца оперираат.
     
    На marija1907 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Да знам, мојов е хирург. Ама кога ги прочитав коментарите се замислив да не ме зезнал нешто.. Забот ми беше многу горе, скоро над 7цата и ми правеше многу проблем. Можно е поради тоа да ме оперирал еден саат?