1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. dipskate

    dipskate Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    исто и кај мене беше, не излегуваше целосно. Јас сум од Прилеп и ме пратија во Битола во болницата и цената не беше повисока од 1000 денари. Ти препорачувам пред операцијата да се напиеш апче за болка, бидејќи анестезијата ме сочува само 30 минути од болка, само што прекина да делува се напив апче и времето од ко прекина анестезијата и да почни да делува апчето ми беше СМРТ. Инаку времетраењето кај мене беше околу 20 минути се на се.
     
    На capricorn7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. capricorn7

    capricorn7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за исцрпниот одговор убавице :inlove:
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Треба да извадам умник кој е излезен, но не скроз. Ве читам тука пиете лекови против болка и антибиотици. Дали морам да пијам нешто после вадењето зашто дојам и сум ограничена, а од друга страна морам да го извадам зашто е расипан? И дали боли анестезијата? :worried:
     
  4. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Vadev umnik koj bese podizlezen so operacija i 7 ca do nego skroz rasipana. Citajki gi komentarive, se cudam ustvari zaso doktorov tolku mnogu me secese i 40 min busese praese ko mi bese skoro izlezen zabov, edinstveno so bese horizontalno postaven. Tret den eve posle operacija, otok od vcera golem mi se pojavi i bolka imam, me bocnaa posle operacija antibiotik, no ne mi dade sea da pijam, zaso na kontrolata vcera sve izgledase super, ama od vcera vecer otekov i bolki imam.
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Оди утре обавезно да те види и антибиотик да ти даде.
     
  6. ❤ Lollipop90 ❤

    ❤ Lollipop90 ❤ Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас вадев два умника на десната страна во четврток. И сега во среда треба да ми ги извадат конците. Секако на вториот ден отеков и до сега е се во најдобар ред. Отокот се намалува и немам болки.
    Меѓутоа многу ме стега местото и ги осеќам конците. Најмногу навечер, не можам да спијам. Некое нервозно чувство.
    Ве молам за ваше мислење и искуство.
     
  7. Anickaa*93

    Anickaa*93 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски

    И јас денес вадев умник доле, малку подизлезен хоризонтален, и се чудам на тие кои лесно минуваат по операцијата. Ме бушеа, ме шиеја, имам многу конци а болките ми почнаа уште што излегов од ординацијата. Веднаш се напив кетонал и ефридол, и плус апчиња за оток и инфекција кој ми ги даде лекарот. Ама мислам првите 2 саати по операцијата коса ќе си искубев од болки, сега еве веќе -4-5 саати се поминати, отечена сум и уште имам болки ама малце поднамалија. Страв ми е сега да одам и конци да ми вадат а имам и уште 3 умника за вадење но тие се скроз излезени.
     
  8. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Имам за вадење горе умник кој е хоризонтално поставен и е многу високо во непце. Скршен е како на делчиња, кариозен и многу малку е излезен, ептен минимално. Прашањето ми е дали боли кога се прави резот?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Не боли, сѐ ќе се работи под анестезија. Ама зависно од зафатот, ако е комплициран, а звучи комплицирано според описот (иако не значи ништо додека не се отвори), ќе имаш болки постоперативно. И гледај да е некој поискусен хирург, по можност на максилофацијална да го вадиш, оти сепак местото е потешко достапно и синусот може да е ептен близу.
     
  10. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Дали анестезијата што се става е иста со таа за поправка на заб? Се плашам дека нема да е доволна и ќе чувствувам болки исто како и при поправка на заб, немам воопшто праг на толеранција на болка, и многу пати ми се слошувало од болка. Тоа ме плаши малку
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Иста е. Плус, боцкањето е на место каде што има мрежа од нерви, па е поголемо местото што ќе биде зафатено со анестезија. Не би требало да боли.
     
  12. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Девојки препорачајте од каде сте задоволни за вадење на умник? Дали клиника или приватно.? За Скопје прашувам.
     
  13. mommy's love

    mommy's love Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Зорица Ајдинска, во склоп на 8ми септември. Само дента на операцијата малку болка и оток и толку, од наредниот ден нормално се.
     
    На cresa-jagoda и Alondra им се допаѓа ова.
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Колку пари ти наплати?
     
  15. mommy's love

    mommy's love Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Пред повеќе од 1год. беше, мислам дека околу 500ден. ама не сум сигурна. Најубаво јави се прашај.
     
    На Alondra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Колку пари чини операција на умник?
     
  17. Mae07

    Mae07 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Денес ја вадев оваа осмица, долу десно. Беше малку покомплицирана операција, но добро поминав. Според ова што го читам овде сега сѐ е како што треба, но местото надворешно малку ми помодре. Дали е тоа нормално?
    Инаку пијам антибиотик, таблети против оток и против болки. Ставам ладни облоги и го испирам местото со чај од камилица.
    Сега болки немам, но се исплашив заради тоа што ми се појави модринка.
    Утре секако ќе одам на контрола.
     

    Прикачени фајлови:

  18. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Ординација Вивадент др. Алекдандар, спроти Американ колеџ во Аеродром. Работи со фондот, значи наплаќа симболично. Јас вадев со операција умник, многу сум задоволна.
     
    На ***cute*** и Alondra им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Може да се појави модринка, не е исклучено, особено затоа што се работи за комплициран зафат според снимкава. Ќе помине.
     
    На Mae07 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 100nogalka

    100nogalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    209
    Pravev operacija na umnik na 17ti avgust na vnatre mi rastese, vo cetvrtok 26ti mi gi izvadija koncite i mi kazaa deka e se okej mestoto I nemav mnogu bolki se bese izdrzlivo no denes pred 2h pocna mnogu da me boli neizdrzlivo od sto bi mozelo da bide ne mozam da lociram kade mi e bolkata Dali na operacijata ili na 7 6 5 cuvstvuvam Kako cela strana da me boli
     

    Прикачени фајлови: