Според панорамата, болката може да е од 5 или 6. Има процес и на двата заби, поверојатно од 6. Нека те види стоматолог, да го отвори и лекува забот, нема ова врска со вадењето на умникот.
Леееллллееее!! Кое олеснување луѓе мои.. утрово ја извадив 8-ката горна, умникот кој беше толку деструиран, кариозен, скршен на делови и високо хоризонтално поставен во непце. Докторката по видена снимка се нафати без операција да го извади, амбулантски, златни раце има. По 25 мин препотување на столче, 2 анестезии од кои втората адреналин, крцкање, влечење.. мачење бидејќи немаше за што да го фати, и се лизгаа клештите.. конечно го видов во рака!! Се издишавме и двете. Мн ми олесни. Е сега, осеќам болка на местото, пиев ибупрофен актив од 400мг ама ваљда е нормално да боли денес..
I jas sum gadliva I zab koga mi pravat mi se povrakja no izdrzav, od koga ke ti ja stavat anastezijata nisto ne osekjas pa ni gad Samo cuvstvuvas deka rabotat nesto kako pritisok, mojata operacija traese 50min
Здраво, девојки Пред една недела извадив умник, бидејќи ми направија двата горни компликации, излезе операција за 10 дена ми рече докторот да одам за конците. Сега имам прашање по колку време можам да го извадам и другиот? Со оглед на тоа што беше операција.
Веднаш штом ти се почувствуваш подготвена. Јас ги извадив сите 4 со поголеми паузи бидејќи немав време, но искрено сметам дека 2 недели е оптимално време. Гледај само да не си со циклус или пред добивање. Првото бидејќи сепак е крварење (моите циклуси се навистина обилни, па избегнувам дополнителни крварења), второто бидејќи тогаш сме почувствителни на болка.