Јас со операција вадев хоризонтален умник, со бушење во коска кај што треба, па одлично поминав Инаку не се секирај, мора да стави анестезија, непце особено без анестезија нема шанси да сече така и да те боли. Најнормално ќе си лежиш и нема да осеќаш ништо додека работи. После тоа, кога ќе помине анестезијата, ќе осеќаш болка и оток на местото, може и устата да не можеш да ја отвораш убаво неколку дена ама пак ќе речам, се издржува, можеш нешто и аналгетик да земеш за болка. Вадењето на конците знае да боли малку оти со едно како ноже поминува по непцето да ги исече ама мала болка е. Веројатно оти се делумно излезени, кај тебе да не треба сечење во коската, него само со клешта откако ќе засече непцето, па дури и полесно од мене да поминеш. Со лесно. Болката после значи секако ја има, ама подносливо е
Јас ги имам извадено и четирите умници со операција. Со горните полесно поминав и не бев потечена многу. Долните се потешки и повеќе отекуваат. Не е многу болно бидејќи оди со анестезија. После тоа сигурно ќе ти даде лекови против болка и првиот ден нормално е да ти се полни устата со крв и отечена ќе си една недела, а вадењето на конци не е болно
Фала ви многу кога ми кажа дека мора да се вадат ептен се исплашив неможам ни да спијам ќе полудам до први април. Полесно ми е сега малку ме утешивте имаше едно видео една кажуваше била 2 месеци потечена ама мене докторката ми рече отокот трае 1 недела.
Девојки, заврши готово. Дома сум веќе не осеќам болка само сум здрвена, отечена и неможам да ја затворам устата. Ми препиша антибиотик, таблети против отекување и против болки. Ми рече млечни производи не смеам 3 дена. Секако немам апетит. Дали после дејството да очекувам болки? Дали смеам да ја плакнам устата или не? Секој совет е добредојден ❤️
Па ќе имаш болка ама се издржува. Јас првите денови не ја плакнав. Првиот ден ми се полнеше крв и само плукав
Овај пат е доста потешко. Првиот пат го вадеше со клешта и колку толку можев барем од едната страна да јадам а сега умирам за јадење ама уста неможам да отворам бидејќи од двете страни долу е гибано. Се надевам ќе се стабилизира и ноќеска не сум спиела ич. Левата страна е потечена многу, десно не е толку. Ми забрани да пијам од сламка оти така повеќе се крварело.
Треба да вадам изгледа две 8ци, кажете ми, знам со анестезија се праи, после многу ли боли? И колку време трае болката, и оток ако има.Или индивудуално е? Другарка знам имаше оток, си држеше боранија Можам да трпам болка, надворешна поготово, ама заб кога ме боли потешко, едино ако смеам со кетонали и рапидоли да се рокам
Вака јас имам стварно голем страв од забар и никогаш неможев да соберам храброст да одам да видам до кај се умниците. Пред две недели почна од десната страна да ме боли страшно горниот умник. Дечко ми вели ти расти сигурно а беше викенд. Недела вечер неможев да заспијам од болки така да немаше шанси да работам тој ден. Трк на забар и таа рече дека забот бил скршен и мора да се вади. Ми стави шприц анестезија и го изваде со клешта. Ми стави конци ама верувај цела постапка траеше околу 5мин и не осетив болка. Првиот ден нормално устата ми се полнеше со крв ама после 3 дена јас можев да јадам колку толку нормално од другата страна. Сакам да кажам ако ти ги вади со клешта само е полесно. Е сега на следната контрола јас пресреќна дека се заврши ама кога ми кажа дека долу двата умници мора под итно да се вадат јас ќе умрев од страв. Значи ми објасна дека нема да е лесно оти се покриени пола со месо и ќе трае околу 60 минути. Јас една недела неможев да заспијам а терминот ми беше вчера. Пред да одам се најадов убаво и ден пред тоа јадев како да ми е последен ден од живеачката .. Почна со левата страна најпрво анестезија ми стави, болка значи не се осеќа никаква само притосок, тоа е нормално и тешко е што мора устата долго да ти е отворена. Е сега на десната страна жената се измачи, и покрај анестезијата јас осеќав болка и можда уште 4 или 5 пати ме шприцна со анестезија. Забот бил многу лошо наместен, видов дека и таа се испоти и уште двете колешки со неа. Во секој случај немој да се плашиш при самата постапка болка не осеќаш, кога ќе помини дејството на анестезијата тогаш боли и незгодно е што нон стоп иди крв во устата и нема шанси да јадиш првиот ден. Вчера немаше никаква шанса залак да ставам во устата, за потечена не сум многу потечена претерано тоа е кај секој различно. Ќе ти препиши антибиотици и таблети за болка. Мој совет најади се убаво пред вадењето оти на двете страни е ептен незгодно и за јадење и за пиење. Немој да се плашиш, болка нема да осетиш од анестезијата. Јас пред да одам бев толку многу исплашена што на форумот прашував нон стоп што како, гледав видеа ама ете помина. П. С мене не ми препорача да пијам од сламка демек така повеќе крварела раната. Good luck
Последен ден од живеачката Не е страшно,ништо. Само треба храбри да сме. Јас сум била три часа на стол не можеа да го извадат забот,а два и пол часа на операција ми вадеа заборавен корен.
Хахахахаха ден пред тоа колегите мислеа дека сум бремена. Купив кит кат, три кифли, кафе, пепси, милка така слатко се најадов а нив им беше чудно бидејќи секогаш сум на диета Затоа велам кога треба не јадам а сега умирам за јадење а уста не можам да отворам
фала на опширниот одговор мене ми се сите 4 израснати, ама горните лошо растат, па ми рече да ги извадам. Од забар не се плашам ич, само мрзам забоболка, затоа прашав дали може да се клукам со пеинкилери. Како ќе го вади не знам, на допир осеќам израснати заби, не колку другиве ама израснати се. Само да можам да зборам ахахаха не сум човек што може да ќути, ќе полудам. На смутиња ќе живеам шо да праам.Ќе им кажам ако не шо е можно покасно да идам дента, претходно ќе се изнајадам како слон. А зашо иде крв? нели конци ставаат? метален вкус во уста...ама навикната сум кога ми крвареле непцата значи за 5 мин работа после 3 дена болка, фер досега никогаш не сум вадела заб на забар, колку шо памтам де..мислам сите млечни сами ми испопаѓаа Ама подобро да ги извадам, него да почнат да ми ги криват забите, не можам пак да носам фиксни.Маргита рече уште еднаш ако стаиш. од притисок сите заби ќе ти паднат
Ставаат конци да ама после тоа сепак има крварење, кај мене траеше вчера неколку саати крварењето после почна по малку ама сепак не ми беше згодно никако за спиење оти ми идеше крв во грлото и станував да плукам. Да зборам неможам ни вчера ни денес здрвен ми е јазикот уште и грлото ме боли да голтам едвај. Ако вадиш еден заб па друг, ќе можиш колку толку да јадиш бар на една страна а и да збориш мислам дека напрајв грешка шо отидов двата наеднаш неможам ни вода да пијам ама пак немав друг избор заради боловање на работа. Вака еднаш реков ќе земам боледување после рает. Не се секирај првиот ден и да не збораш не е страшно, јас пишев на порака на дечко ми вчера ако ми треба нешто.. Денес и јас смути пиев, имам и монте пудинг ама ми рече три дена без млечни производи заради антибиотикот, така да сега пире, супа, смути од понеделник ќе можи сигурно јогуртче попара, пудинг... И сепак имало позитивна работа во ова сабајле се вагав и имам 51 килограм
аа не, двата одеднаш не.Да не знам од кај ме боли попрво...ех супер ако е за слабеење.Не ми треба мене тоа.. у минус сум и тоа дебел
Здраво женски, Знам дека сум голем паничар ама поминаа 8 дена одкако ги извадив 2 долни умни и. Прашањето ми е дали можи полека да почнам да си јадам умрев цела недела на пире, каша, пудинг.. Конците ќе ми ги вадела на 19 април се плашам да не ги пукнам ама умирам за јадење.. . До 19 април значи тоа да не јадам ништо? Горниот умник кај што го изваде ги тргна конците ама со јазикот осеќам уште како мала дупка дечко ми вели тоа е нормално. Денес немам болки ама на моменти имам слаба болка како да боли и чеша истовремено ама не трае долго. Пијам и б комплекс. После колку време почнавте да јадите?
Дечки треба да вадам во вторник умник кај д-р.Бруно Николовски на Клиника, некој искуство?? Многу ми е страв зошто утредента бранам семинарска со физичко присуство и не знам дали ќе можам да зборам
Наредната недела имам закажано за вадење осмица, ама без операција затоа што забот е излезен. Страв ми е од болка и оток бидејќи забите ги поправам со анестезија и скоро секогаш отекувам, дали пред да одам да се напијам некое апче или нема потреба? И дали боли вадењето со клешта?
Јас извадив една 8мица сега за сега, а треба сите да ги вадам. Колку што бев исплашена, искрено фино минав, повеќе чекав да здрви анестезијата него што траеше операцијата, нецели 2 песни исслушав (да, заминав со слушалки да не слушам шо ми праат од страв ), е сега тој заб ми беше маалку излезен, другиве не се ич, не знам како ќе биде со нив Отеков и еве трет ден сум уште отечена, пијам апчиња и за оток и антибиотик и за болка, ма да реално болка нема, освен нелагодност поради отокот Колку време трае отоков отприлика? Ко ќе ми текне дека сакав сите 4 да ги извадам од еднаш, ми се темни