Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    Се додека нема директен контакт мегу синусот и коренот на забот, нема за што да се секираш :)
     
  2. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам... како се ближи терминот за моментот на операција на умникот некако се охрабрив... се надевам се ке е во ред а и пред тоа морам едно Милче со цели лешници зш кој ке чека да поминат неколку дена :D ;)
     
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Napravivi i kako sto kazavte nisto strasno... :D za mesec dena i drugiot ke go izvadam... edinstvoeno problem mi se pojavi golem otok no za se ima lek :D
     
  4. vladimir8

    vladimir8 Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ke moze li nekoj da mi predlozi dobar stomatolog za opracijata na umnik bez razlika na toa kolku e skap ili ne. Slusnav deka se otvorija nekoi novi ordinacii no sepak ne sum dobro informiran bidejki podolgo vreme ne zivem vo Makedonija...Vi blagodaram
     
  5. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    јас треба да вадам 4 умници и многу ми е страв :(
     
  6. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Neznam dali do sega veke si gi izvadila no voopsto ne e strasno nema nisto ni da osetis... samo sto mozno e otok da ti se pojavi posle toa ama i toa pominuvaaa
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Еве ме и мене овде.
    Утрово оперирав за прв пат умник (за прв пат општо вадев траен заб) и се чувствувам одлично.

    Операцијата ми траеше релативно кратко, околу 15 минути ама што и како ми правеа немам поима зошто око не отворив. Единствено ја видов инекцијата со анестезијата, иглата искрено ме извади од памет затворив очите и освен што осетив минимално пецкање во моментот се останато пројде без никаков проблем.

    Бидејќи мојот заб беше израснат (ама расипан и загноен внатре) мислам дека не ми го сечеа местото ама ми беше малце језиво кога ми го расклатуваше за да ми го извади и имав чувство ко цела вилица да ќе ми излезе ама болка немаше никаква. Ги слушав докторите како нешто коментираа демек многу крварам и знам дека нешто ме чепкаа и ме чистеа ама физички не ме болеше воопшто. Не осетив ни додека ме шиеше докторката освен конецот на уста и кога станав бев како нова.
    Излегов од сала шашардисана од тоа анестезијата па ме фати една смеа ко да не ми ваделе умник туку ми кажувале вицови и земав да ѕвонам по телефони за да се испофалам како супер сум поминала.

    Се опремив со куп кафетини за болка, си отидов дома и чекав да помине дејството за да почне да боли и да отекувам. Чекав, чекав, чекам и ништо!
    Освен што ми тече по малку крв, нема никаков показател дека сум оперирала умник денес. Надворешно изгледам потполно исто, болката е еднаква како кога вадев млечни заби - значи скоро никаква (напоменувам дека не сум се напила ништо, нема потреба) и зборам и се смеам без проблем. Цен ден сум на вода со цевка плус и кафенце си шмркнав, се чепатам пред огледало да си ја зјапам раната и не ми се верува дека сум прошла толку лесно.

    До душа сега ми е малку криво што не си го видов забот после операцијата ама бидна веќе.
    Утре ако некакви има промени ќе пишам, ако не сметајте дека вадењето умник е најлесна работа.
    :D
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Доколку било без сечење, не е операција. И јас имав еден израснат и исто како тебе, само го расклатуваа и не ми беше буквално ништо, ни болка ни оток.
    За останатите три што не беа израснати и сечеа, беше друга песна, но во секој случај ништо страшно. Битно е да сте упорни со држење ладно на местото, уште пред да се појави оток, болката се решава со апчиња :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.915
    Допаѓања:
    81.188
    Пол:
    Женски
    Артемишн, од тебе ќе собирам храброст, да знаеш! :D
    Мене ми израснаа два комплетно и ќе се вадат на таков начин, ама долните вилици ми се тесни и двата умника се лошо поставени во хоризонтала па ќе мора зафат и сечење, крвови. :sweat:
    Треба да правам муабет со мојата матична, па потоа да средувам ситуација со специјалистот. Ќе ви пишам како че пројдам, ама искрено се надевам дека ќе биде понатака, сега стварно немам храброст за ова, ми треба време да се наканам. :tmi: :D
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Мене лани ми ги сечеа непцата на долните умници, затоа што споро излегуваа, а ми се заглавуваше храна под непцињата која многу тешко ја чистев. Можеше дополнителни проблеми да ми излезат, да загнои непцето, па докторката ми предложи да ги сецне. Имав публика кога го правеше зафатот, еден куп студенти го следеа случувањето :lol:
    После тоа, две недели тешко голтав, бев само на течна храна.
    Има една маст што ми помогна, ги мачкав непцата со неа. Заборавив како се викаше, ама ако има некој потреба, ќе ја најдам некаде низ дома. Мене сечените непца многу ме болеа, па се мачкав со маста и ми ги смируваше.
    Вадењето на умниците не е толку страшно колку сечење на непцата :worried:
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Не знам ете мене ми го дефинираа зафатот како операција и така ме третираа ама очигледно дека не е така комплицирано како кога треба да се вади заб што не е израснат.
    :?:
    Мишела и мене ми се тесни вилиците и забов не можеше ко што треба да излезе па ми правеше постојано проблеми и ми загнојуваше од внатре па решив да го тргнам. Те уверувам дека постапката за подраснати заби е многу поедноставна и после тоа нема никакви компликации. Освен што ќе ја осетиш инекцијата и тоа кога ќе го расклатува забот, што е малку језиво ама не боли, нема ништо страшно. Можда и мене ме расекувале зошто знам дека крварев многу ама јас сум плашлива и не отворив око така да не знам со сигурност да тврдам, а и не прашав. Докторката пред да заминам само ми напомена дека можно е да отечам зошто ме чепкале многу и што лекови да земам ама за среќа не ми затребаа.

    Еве денес јас функционирам буквално ко ништо да не се случило вчера, јадам и пијам без проблем ама само од едната страна. Толку добро се осеќам што дури и се спремам за вечер да шетам.
    :lol:
     
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ајде да споделам и јас искуство :D ги имам извадено двата умника на долната вилица, ми се немаа појавено воопшто и немав некои проблеми со нив но откако правев снимка ми рекоа дека морам да ги извадам дека ќе ми го нарушат редот со забите и така првата операција поминав катастрофа.. за време на операцијата се беше во ред и кога ми помина анестезијата почнав ненормално да отекувам имав 8 конци, пиев антибиотици и за оток едни апчиња, цело лице ми беше пореметено дури и дел од вратот ми беше подуен така бев цела недела потоа ми спадна отокот па бев сина па зелена :D 2 недели потоа се беше во ред се додека не почнав да отекувам пак, нешто се искомплицирало т.е. не била убави исчистена раната или имаа нешто заборавено да извадат нормално дека не ме известија што и како е :@ им беше чудно зошто по толку време пак сум отечена цела недела по 2 пати одев на заболекар ми ставаа дренови секој ден дека ми беше загноено и тоа многу, ми ставаа анестезија пак демек да не ме боли..а на тоа пристискање сум ги избројала сите ѕвеѕди во универзумот :| и дека загнојано анестизјата не фати нормално, ме сечеа на живо пак, ми го пукнаа тоа со гној што ли беше и раната ми ја оставија отворена ми ставија нешто внатре како црно и ми рекоа дека само ке се распадне да не го чепкам и фала Богу ми помина ми зарасна и повеке немам проблем, а за наредната операција ја правев во државна во Скопје и сум презадоволна ме оперираше доктор Наташа не ни приметив кога ми го извадија забот, после ми ставија дексаметазон инекција за да не отечам ама нормално малце имав оток но за споредба од претходниот пат ова не беше ништо и утредента примав уште една инекција и после си пиев исто антибиотици и за оток апчиња, плакнење после секое јадење со чај од камилица или жалфија и за една недела бев како нова ми ги ивадија конците имав 6 овој пат и засега немам никакви проблеми :)
     
  13. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    И мене треба да ми вадат умник на горната вилица и искрено, преплашена сум. Никогаш во животот не сум имала никаква операција и незнам како ќе ја направам оваа. А и не трпам болка воопшто, и мала да е јас од прозор ќе се фрлам :lol: Ви ги читав коментарите и малку ми олесна, ама сеуште не знам јас како ќе го поднесам тоа. Држете ми среќа ! :|
     
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш за операцијата не е воопшто страшно ќе ти прснат спреј пред да ти ја стават анестезијата со инекција ке осетиш само мало боцкање, а за време на операцијата нема да осетиш ништо :)
     
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Е јас имам да ве прашам нешто сега, мене осмиците ми се пораснати и деенс баш бев кај матичната и ми рече со клешти ќе ми ги вади значи нема операција, ама :!: ме извади од памет затоа што ми рече вака - ќе си дојдеш со некој постар со кола затоа што не се гледа убаво на снимкат, може да се случи коренот да е во синусот и кога ќе го повлечам да остане дупка и мора одма на клиника да се зашие сигусот - и јас останав ваква :o !! А морам да ги вадам, мала ми е вилицата нема место, буткаат и ми ги криват забите. Е сега, вие што сте ваделе пораснати осмици, нешто вакво слично искуство, да ми кажете, да ме утешите? Може нема ни да биде така, на сминка изгледа океј, ама вика некогаш и кога не изгледа на снимка така, се случува да е во синусот.. Јас како што сум наопаку си напраив филм така дека ќе е кај мене :D
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Тражи си упат за специјалист стоматолог, умниците имаат долги корени и неопходна е операција за да зарасне местото а и од превенција од инфекции. Незнам како можела да ти каже ако ти остане дупка веднаш на шиење, нормално дека ќе остане дупка без разлика дали коренот е во синусот или не, само ќе трчеш наваму натаму, незнам каков е тој професионализам од страна на матичната, дали е до пари или што несакам да навлегувам. Но не си прави дополнителни проблеми и барај си упат. Јас ги имам сите три умника извадено баш од истата причина како тебе, немаше простор кај да раснат и сите ми беа извадени со операција. Не е ништо страшно, со анестезија е, и конците се носат една недела.
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    ^ Ама не збореше за дупка на непцето, нормално дека ќе има, туку на синусот ако воопшто коренот на забот и синусот имаат контакт , затоа прашувам дали некој вадел умници и имал таква ситуација да има контакт со синусот. Рече ако е така, мора да се зашие синусот затоа што несмее на него да остане дупка, он имал контакт само со носот, несмее со устата да има контакт... Затоа прашувам, уште незнам дали е така, на снимка не се покажува..

    Едит - инаку мене ми се веќе пораснати, така да нема потреба од операции, може со клешти да се извадат, инаку ми рече ќе ме праќала на клиника, ама затоа што се пораснати може кај неа..
     
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    на која возраст обично умниците се веќе излезени, пошто нели многу долго растат и дури да пробијат треба огромен период и повремена ама јака болка кога пробиваат ?? :)
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажала докторката, осмици се вадат во обична ординација секој ден, тоа што те предупредила е за твоја сигурност. Не само за осмици, опасност за отварање на синусот има на сите заби од четворки до осмици, зависно како ти е поставен синусот во сооднос со корените на забите. Ако е за плашење работата, тогаш сите заби треба да се вадат на хирург зошто секогаш има опасност од комликации. Пак ќе кажам, најчесто се поминува во најдобар ред, инаку самиот стоматолог не би се нафатил на интервенцијата ако знае дека ќе има проблеми.
    Е сега, треба искрен муабет да си направиш со стоматологот. Ако има големи шанси дека со вадењето на осмицата ќе ти се отвори синусот, ако на снимката се гледа дека има контакт мегу нив, во тој случај оди си на хирургија. Што е сигурно, сигурно си е. Ама ако само се блиску еден до друг, ама контакт нема, стварно мислам дека минимални се шансите да има проблеми и нема зошто да не си го извадиш забот кај матичниот стоматолог.

    По некое правило околу 18 години, ама тоа апсолутно ништо не значи. Има некои на кои им никнуваат порано, на други многу покасно (дури и до 30 год.), на некои не им никнуваат никогаш. Со свои очи сум видела осмици да никнат на 91 годишен човек. Му ги извадиле тогаш седмиците на стари години и тогаш се појавило простор за да никнат осмиците.
    Ако прашуваш колку време им треба од првите болки до целосно никнување, најчесто не е повеќе од 2 месеци, ако имаат доволно место да никнат. Ако малце е потесен просторот, може да биде и многу подолго зошто им треба повеќе време да си најдат друг правец на никнување (и никнуваат према образот) или да ги искриват другите заби доволно за да никнат.
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Имам осмици растат хоризонтално. Пишав на друг форум за заби, но добив само еден одговор.
    Би ве замолила уште некој да ми сподели искуство пред, за време и после операцијата како е и што е . Премногу ми е страв од помислата дека ќе ме сечат (дека не се пораснати), од анестезија (никогаш не сум примила, сум вадела нерв без анестезија од страв!), од самата помисла дека ќе ме оперираат.
    Би ви била многу благодарна за секој одговор .