1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. Nataalija44

    Nataalija44 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    здр 7ца ми е искршен заб како корен да речеме половинка така,ми рекоа требало операција да се прави, како иде тоа и дали може само да се извади не знам зошто има потреба од операција?
     
  2. Didi87

    Didi87 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Имам 2 долни осумки кои се зарастени внатре па мора операција. Јас во суштина не се плашам од заболекари, игли и слично, но имам друг проблем. Малку сум гадлива кога треба да ми се чепка во уста посебно назад околу јазикот или крајниците па се плашам дека нема да ја издржам цела операција. Дали имате некој типс како да не ми се гади додека помини цела процедура или дали имаме некоја клиника каде вадат со целосна анестезија (зошто во Германија има, ама тука не знам). Благодарам.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.277
    Пол:
    Женски
    Нема да осеќаш ништо од анестезијата, башка не чепкаат во крајниците. Јазикот ќе ти е отрпнат, без осет на таа страна кај што ќе се работи.
    Има и кај нас со целосна анестезија, во Систина чинам, само ќе треба добро да искешираш за еден заб, камоли за два.
     
  4. Didi87

    Didi87 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. За секој случај ќе прашам и таму баш ме интересира цената хаха
     
  5. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Женски утре имам закажано операција на умници. И двата долни треба да ми ги вадат. Можеше и матичниот но удирале на некој нерв и затоа мора кај хирург. Е сега они се потерани но само се гледаат и немаат место каде да испаднат и затоа мора да ги вадам. Прашањето ми е дали боли и колку? Повеќе од после извршен царски рез или како? :D
    Во Германија ќе ми ги вадат, вчера читав рецензии за докторот 5 од 5 ѕвезди има, се најдобро пишува за него но мене ми е страв. Страв ми е дека цело време си подгнувам плунка и сега дека нема да можам додека трае процедурата ми е страв. Дали можам да потражам целосна анестезија или како и да се вика за да ме заспијат? И дали потоа тие ме будат или сама се будам? Страв ми е премногу а па издржав станување на нога 5 саата после царски рез. 8)
     
  6. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Тие заби што ги викаат уште и заби на мудроста непотребно се вадат кај голем дел од пациентите извадени и може да створат други проблеми зависно на пример синуси или слично. Без рентгенска снимка не треба ни да се помислува зафати и за тоа како е во други држави треба да се праша таму секако не тие што не се таму.
     
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    Операцијата е со локална анестезија, меѓутоа двата умници одеднаш...не ти е баш паметна идеја. Нема да можиш устата да ја отвориш целосно со еден опериран заб, камо ли со 2.
    Дали боли, зависи колку ти фатила анестезијата и колку добро ти е ставена, во случај да е добар доктор ќе чувствуваш само притисок и допир, меѓутоа по операцијата и минувањето на анестезијата можи да почувствуваш болка на двете оперирани места. Ќе имаш и конци, тоа плус притисок прави на устата. Се на сѐ, зависи од поќе фактори. Со лесно да мине
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Не боли повеќе од царски во никој случај. Јас имам вадено со локална анестезија не чуствував болка, потоа пиев таблети против болка уште неколку дена. Да, непријатно е бидејќи не можеш да ја отвараш устата убаво првиот ден два, ама не е нешто неиздржливо. За плунката они ја собираат со апаратчето. Штом се веќе изникнати малку не е толку страшно. Јас следниот ден бев на работа после процедурата.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Не сум имала царски, ама не верувам дека е толку драматично како истиот. Во моментот на операцијата не боли, хирургот оперира, има и помош околу собирање на крв и плунка, така да не се плаши. Е 2 заба на различни страни и тоа долни, не знам како ќе можеш да се храниш искрено. Боли после операцијата, апчиња ќе си пиеш против болка, може и оток да се јави, мраз на местото се држи веднаш после операцијата тој ден. Јас имав и проблем со движење на долната вилица едно месец дена ама се помина. Не е за потценување, сепак е операција и во моментот бев фрустрирана кога имав болки во вилицата, па дури и главата, ама полека се поминува.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите. Моментално сум во чекална па со Господ напред. Сакам да ги извадам и двата сега бидејќи чекам 2 ипол месеци од денот на закажување до денот на операцијата. А веќе од 3 јули сум на ново работно место директно во фирма и не би сакала одма да отсуствувам.
     
    На sj *O*, Cherry333 и violetblue им се допаѓа ова.
  11. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Kako pomina ?
     
  12. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам сега за сега сум добро. За 10 минути ми ги извади и двата и дури ми ги ставиле во ќесенце ми ги дадоа за дома. :) Кога стигнав дома осетив првин на едната страна оток и болка, а после и на другата. Апчињата што ми ги дадоа со лажица ги смелев и испив и сега за сега неам болка. Ама седам со мокра ладна крпа покриена на образите.(facepalm) За спиење вечер не знам како ќе биде, ама ако е вака супер ќе е. Преска испаничив толку многу што го терав маж ми да ме носи у болница. :whew:
    Инаку сакав да ве прашам дали пушите? Доколку пушите цигари после колку време од операција запаливте цигара? Не ми се толку јаде, и вода пие како што ме фаќа криза за цигара. И уште нешто. Тоа тупферите што ги ставаат газите како памукчиња за да собираат крв, ми рече да ги плукнам после саат време, и после не одма ама пак да ставам. Жени јас не можам уста да отворам за да можам да си ставам, а и плус гаде ми се кога треба да ги ставам. Пробав два пати не успеав и баталив. Па сега седам до мене вангла и само плукам во неа. Не можам на 5 минути да трчам во Вц.:rofl:
    Ама се изнапишав. :wasntme:
     
  13. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    14.238
    Пол:
    Женски
    20230623_192819.jpg
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    За делот со пушењето немам одговор оти сум непушач. За делот со плукањето е нормално, само немој премногу силно да плукаш оти ќе ти се скинат конците и можи да ти се згрутчи крвта. Ти препорачувам да се плакниш со ладна камилица. Со помин
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Постојано одложувам вадење умник зошто ми е страв..Некој да не имал искуство со д-р Бруно Николовски? На максилофацијална хирургија
     
  16. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Женски денес бев да вадам конци и докторот ми кажа дека се е супер и добро заздравено. Го прашав докторот дали сеуште треба да јадам пасирано или може да џвакам. Ми рече дека може да џвакам освен да избегнувам сега за сега кикиритки и други јаткасти плодови. Е сега пробав да јадам макарани арно ама осеќам дека имам една дупка и таму ми влегува храна, и малку сам исплашена. Таа дупка така ќе остане, или тоа раната пак се отворила? Маж ми вика премногу преовеличувам но јас да си прашам, бидејќи не знам. Осеќам потешкотии во џвакањето дека не можам баш убаво, но тоа е нормално. Сега само ова ме плаши со дупката каде што ми влева храна.
     
  17. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    Нормално е. На последниот умник кај шо го вадев местото и јас уште имам дупка, на останатите места ми се затвори со тек на време. И таму ќе го миеш местото само понежно, и ќе плакниш обавезно
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Исто и свекрвата ми кажа дека е можно дупката да е била и од чворот каде што стоел конецот. Искрено се исплашив и одма на најлошо мислам, али океј е. Ќе внимавам малку на почетокот. Ти благодарам уште еднаш.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со докторот, ни осмица не вадев на клиника од пуста одбивност кон истата. НО, затоа што секогаш ќе се заинаетам за нешто ми се мава по нос (не сакав да одам на клиника), после мојата операција на осмицата додека сум била под дејство на анестезија сум се прегризала и сум си направила циста во внатрешноста на долната усна. И пак завршив на максило за да ми ја отстранат. Ова ти го пишувам само за да ги пофалам максило. Не знам зошто толкава одбивност имав за таму, ама многу позитивно бев изненадена. Чисто, дезинфекција ми правеа околу устата пред интервенцијата, внатре со бетадине (што не се случи на мојата операција кај оралниот хирург). Докторите се супер, искусни и опуштаат пред операција. Е само поскапо е отколку во други државни установи, пример умник вадат за 1250 оперативно како што слушав, јас на приватен орален платив 700. Ама вреди, стварно позитивно изненадување од државна болница..
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Нормално е да имаш дупка на местото кај што бил забот и корените,не може одма да заздраве. Се полни со храна, мене шубе ми беше од тоа исто да не ми заздрави со храна внатре (facepalm). После секое јадење жабуркај со вода само доволно е, да излезе храната од дупката
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.