1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај кажете добар хирург за осмици. Небитно дали државно/приватно, само стварно да го/ја бива затоа што голем уплав имам од вадење (страв да не се искомплицира и сл.)
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    14.236
    Пол:
    Женски
    Dental clinic Dentin desno posle nadvoznikot bit pazar doktor Fisnik Kasapi odlicen oralen hirurg raboti so fond samo zemete prioriten upat od maticen stomatolog I so upat odete tie kje Vi zakazat termin pozz
     
  3. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Мора ли секоја 8 мица да се вади? Јас ја имам преку 10 години
    , но во последно време само кога ќе затворам уста ми е малце неудобно, вака немам друг проблем како на пример при јадење?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Не мора.
    Неудобноста може да ти е од друго, не мора од осмицата. Ако ти е излезена пред повеќе од 10 години, не би требало сега да почне да прави проблеми со затворање на устата. Нека те види стоматолог.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Melanija12

    Melanija12 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има искуство со вадење осмици на државно, кај мојот стоматолог на приватно е 5000ден, ми спомна дека на државно со упат било околу 1000ден.
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.266
    Пол:
    Женски
    Јас вадев полани на клиника хируршки и платив 350 партиципација. Кај Едвард Јанев вадев и задоволна бев.
     
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Некој што вадел умник претходно да ми каже кога почнавте да јадете и функционирате нормално?
    Уста не можам да отворам, ни збор да кажам. Пробав да го извадам тампонот, но штом го тргнам почнува да лие крв иако помина саат ипол..
    во ист момент ме фаќа нервоза затоа што пред да отидам немав време ни да јадам, ни цигара да запалам. :tmi:
    Докторката ми рече 2 недели да не пушам :o изгледа непушач беше.
    На интернет читам од 3-5 дена. Вие кога запаливте? :D
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    После два до три часа би можела да јадеш, ама ладна и течна храна. Ако уште има крварење после саат и пол, два часа, ама баш крварење, не сукрвица, тогаш оди на орална хирургија.
    Пушењето после вадење не се препорачува, не затоа што докторката е непушач, оти ќе ја извадиш крвта, т.е коагулумот од раната и нема да може да ти зарасне, ќе боли многу повеќе од било кога до сега оти коската ќе биде изложена. Два до три дена непушење обично е доволно, ама најарно е ич да не се пуши додека не затвори ко што треба. Исто така не треба да испираш од истата причина.
     
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот :) ми прекина крварењето после 3 часа.
    Ќе почекам со јадење и пушење, се напив со цевче смути малку и тоа со страв.
    За испирање ми дадоа шприц да го чистам местото со солена вода, ама дури после 48 часа. Среќа немам оток и силна болка.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Со цевка не. И тоа може да го извлече коагулумот. Ќе пројде и ова, тешко е првите два дена.
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.859
    Допаѓања:
    4.622
    Мислам дека со цевка не ти е паметно да пиеш, така шмукаш и смета на раната. Јас си пиев сосем малку од чаша или со лажица. А за цигариве, маж ми попрво за цигара ќе умре отколку за вода, он пушеше после неколку саати.
     
  12. .baby.love.

    .baby.love. Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Trudna sum 32 nedela I imam bolka od desna strana kaj umnicite I gore I dolu, najverojatno ke mi napravat problem, Sega nemozam nitu render slika da im napravam ni intervencija nekoj so slicno iskustvo ?
    Iako mislam deka ke si cekam da ja isteram bremenosta ama bolka sekoj den ne se trpi...
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Прво оди на стоматолог да видиш што е причината за болката, и да, може да се прават интервенции, па и да се вади заб во бременост. Како што кажа болка секој ден не се трпи, му штети на плодот многу повеќе отколку било каква интервенција.
     
    На .baby.love. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Denica123

    Denica123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    I jas sum trudna 18ta nedela, denes vadev 8mica, mnogu e postrasen infektot vo bremenosta otkolku anestezijata sto se prima za vadenje zab i intervencijata. Jas sakav da prasam za iskustva, kolku vreme boli posle intervencijata? Ne bese so operacija, ama osekam bolka. Kolku dena trae od prilika?
     
    На .baby.love. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joplinjanis

    joplinjanis Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Некој што вадел умник на максилофацијална хирургија да препорача доктор?
    Секоја препорака и искуство се добредојдени.
     
  16. Nora02

    Nora02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    35
    Прв пат денес вадев осмица доле лево, одлично помина операцијата, а и сега немам некои големи болки ниту пак сум отечена многу. Читав дека на другите првиот ден и крв им течело од местото, јас ниту крв немам. Дали е нормално да не ми тече крв воопшто? (можеби е убаво извршена операцијата не знам)
     
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Dali nekoj vadel 8ci kaj dr. Ajdinska?
    Od nikade nigde pocnaa da me bolat nekolku zaba i denes se snimav i mi rekoa loso e postavena osmicata..da odlucam dali odma da gi vadam ili da pocekam..dali e rizik da se ceka? Imav drugi bitni pregledi ispozakazano periodov :(
     
  18. Eona.002

    Eona.002 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со дрен откако конците се извадени? На колку време ви менуваа, за колку време ви помина и што јадевте? Имав операција на долен умник, после 7 дена дрен затоа што раната можеби била сува..
     
  19. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Машки
    Operacija na umnik (neizlezen voopšto) gore levo, nosev konci 14 dena sve okej bez problem pomina sve
     
  20. Eona.002

    Eona.002 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Нормално ли е чувство на затегнатост 9 дена по операција? Осеќам како да имам нешто во долната вилица