+1 на листата. После операцијата, следниот ден бев на контрола...само ми кажа да жабуркам ---> Листерин, жалфија, камилица. Поминаа 3 недели, сега за сега..добро оди, на права траСа сме. Сепак не треба опуштање, опоравувањето може да трае некаде и до пола година. пС. браВо за докторот
Здраво на сите , многу сум под стрес , ќе треба да правам операција на умници на долна вилица, арно ама се легнати и не никнуваат ке треба оперативен зафат, ми реко дека имало нерви блиски забот и е комплицирано, да напоменам ме болеа и двата но со Вибрамицин ми се смируваат . Некој искуство со вакви умници да се оперирал ? И предлог за добар доктор на Максилофацијална хирургија ме праќаат...
Тргни си го името од сликата погоре. Од мое искуство на максило се спремни, не вадев умник ама за друга интервенција добро поминав. Ќе те гледаат детално и ќе ти најдат чаре. Моја познаничка не и ја извадија скроз осмицата бидејќи беше во главниот нерв и гледаа ризик, дел од коренот оставија. Не се плаши, осмиците се реално зезната работа, ама ќе направат докторите проценка на ризик и ќе те средат.
Реално многу се плашам , моите де хоризонтални и ги буткаат другите заби не се излезени нагоре како сите заби ... Кој имал искуство со вакви умници нека сподели мислење ќе ве молам и добар доктор предлог...
Лошо е што те болат, чест случај е иначе тоа. Мене двете ми беа така, едната малку ми изби и се расипа, затоа ја вадев. Другата ми е иста како тебе ама не планирам да ја вадам иако ме праќа стоматологот додека не ме здоболи или не напраи друг проблем.
Ист ваков умник вадев, од болка вилицата ми се грчеше. Вадев кај Едвард Јанев на Стоматолошка клиника, не Максилофацијална. Поминав одлично, минимум болка имав. Нема зашто да се плашиш, вакви умници им се честа појава за операција
Здраво на сите! Пред околу 3 недели правев операција на долната десна осмица. Ми ја извадија на клиника (само до пола бидејќи забот завршува во нерв затоа што инаку можат да ми направат трајно оштетување.). Конците ми ги извадија после 1 недела. Дали е нормално да се гледа останатиот дел од коската повеќе од претходно и да боли? Некој со искуство? Се плашам да не се искомплицираат работите. Ви благодарам
Zdravo vadev dolen umnik pred 3 nedeli i uste imam trnenje na jazikot pijam neuro gorte vitamini mi rekoa so vreme pusta. Iskustva
Трнење на јазикот од што? Само дента ако имав, некој саат после зафатот..и зошто не ја прашаш личноста што го извадила умникот?
Doktorkata mi rece ke pusti od anestezijata ili mi povredile nekoj nerv mnogu dlaboko bese korenot prasuvam dali nekoj imal takvo iskustvo mi rece moze da osekam trnenje i do 2 meseci
Ако бил коренот во каналот на нервот (претпоставувам долен умник вадеше) можно е да има трнење, ама ако е само јазикот, најверојатно е повреда при боцкање. Најчесто се повлекува после 4-6 месеци, ти дале терапија, останува времето да покаже дали ќе се повлече трнењето.