Zdravo, pak jas! Dali nekoj ima iskustvo so predvremeno pagjanje na koncite, konkretno mene mi padnaa denes po 4 dena od operacijata? Rizicno li e, treba li da se javam na stomatolog?
Здраво на сите, Дали некој од вас има вадено 3 умника наеднаш? Мене ми закажаа операција за 20ти април. Два од нив се излезени на долната вилица (едниот има кариес), а другиот се наоѓа во лево во горната вилица, но не е излезен на површината. Какви искуства имате со вадење повеќе заби наеднаш? Што би ми препорачале за побрзо постоперативно оздравување, и после колку дена можевте да функционирате нормално? Поздрав до сите ☺️
Гледам некој ставал слики во темава, па at this point очајна сум за мислења пред да прашувам и други хирурзи. Имам циста на горната 7ца и импактирана осмица и ми рекоа одеднаш да се извадат двата, хируршки и двата наводно седмицата била до синус па требало синус пластикс( др забар како второ мислење што го консултирав ми кажа најобично вадење е). Патем овој првиов крајно ме исплаши до степен да мислам дека е некој комплициран случај( да напоменам никакви болки немам и сум немала), не знам баш што да правам..
Здраво на сите, треба да вадам долен умник кој е веќе излезен, меѓутоа расипан. Па се прашувам дали има врска тоа што умникот е веќе излезен, во смисла во кој случај би било полесно и подобро, излезен или не? Поздрав до сите.
Здраво на сите, ви пишувам за искуство после вадње на умник. Пред неколку години ги извадив долните 8-ци, сѐ беше во ред. Пред 2-3 дена ја извадив и горната 8-ца кај истиот доктор, но имам повеќе симптоми. Имам болка, поднослива донекаде, но е болка. Лека температура (37,3), изразена чувствителност на околните заби, малку зуење во ушите и малаксаност… пијам и препишана терапија. Некој нешто слично?
Здраво. Ме интересира дали некој има вадено долна 8ца, хоризонтално поставена која е поврзана со нервите на долната вилица (како на сликава) и какво искуство имате од тоа. Пред неколку месеци бев на максилофацијална хирургија и докторот ми кажа дека е доста тежок зафат и колку можам да го пролонгирам вадењето на истата. Но забот од време на време ме боли, бидејќи делот кој е излезен на површина има кариес на него и не може да се направи. Неколку стоматолози ми препорачаа да го извадам. Дали имате некој совет, искуство ваше или на близок? Знам дека треба да го вадам, но страв ми е бидејќи е близу до нервот на вилицата и не сакам да имам сериозни компликации. Благодарам однапред. Поздрав