Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски

    Прво да ти кажам дека не е воопшто страшно, кога ќе ти ја стават анестезијата ќе осетиш малку боцкање, и после кога ќе ти отрпне цело место ќе започнат со оперцијата, за време на операцијата нема да осетиш ништо, по операцијата можно е да ти стават пак инекција за да не отечеш многу по операцијата, анестезијата ќе ти помине за неколку часа потоа ќе осеќаш мала болка ама ќе си пиеш лекови, 12 саати по операцијата нема миење заби, првите неколку дена ќе бидеш со потечна храна и ќе се плакнеш по секое јадење со камилица за да не ти останува од храната во устата, за околу една недела до 10 дена ќе ти ги извадат конците, тоа нема да боли исто, отприлика тоа е, ако те интересира уште нешто а сум заборавила да напишам слободно прашај :)
     
  2. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Прво да ти кажам дека не е воопшто страшно, кога ќе ти ја стават анестезијата ќе осетиш малку боцкање, и после кога ќе ти отрпне цело место ќе започнат со оперцијата, за време на операцијата нема да осетиш ништо, по операцијата можно е да ти стават пак инекција за да не отечеш многу по операцијата, анестезијата ќе ти помине за неколку часа потоа ќе осеќаш мала болка ама ќе си пиеш лекови, 12 саати по операцијата нема миење заби, првите неколку дена ќе бидеш со потечна храна и ќе се плакнеш по секое јадење со камилица за да не ти останува од храната во устата, за околу една недела до 10 дена ќе ти ги извадат конците, тоа нема да боли исто, отприлика тоа е, ако те интересира уште нешто а сум заборавила да напишам слободно прашај :)[/quote]

    1.Што ќе се случи ако не ги извадам ?
    2.И, дали може да чувствувам ужасна болка на долната вилица од осмиците што ми растат горе (двата)? Двете осмици се за операција, горе, мене цела страна доле ме боли и многу лошо мириса здивот некогаш. Може да е од умниците ?
    Многу ти благодарам за одоворот. Поздрав.
     
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ако не ги извадиш ќе ти направат проблем, значи штом растат хоризонтално тие нема ни да излезат како што треба туку само ќе ти ги шуткаат останатите заби и ќе ти ги искриват. А на второто не би знаела да ти одговорам, а за здивот не верувам дека е од тоа, може грешам ако знае некој друг нека ме поправи :)
     
  4. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    8.680
    Пол:
    Женски
    Мене другата недела ќе ми вадат умник (и тоа единствениот што го имам) :D ама 7-8 месеци се изнамачив дур откријам дека се работи за умник...прво ми потекоа жлездите на вратот, температура што ли не..бев на сите можни лекари(приватни и државни) се изнадавав пари и никој не ми ја кажа точната дијагноза..сто пати ми земаа крв, се ми е покачено и седиментација, ЦРП АСТО :@ но на крај случајно се испостави дека осмицата ми расте во коската од вилицата доле :@ сега пијам антибиотици за да се смали воспалението и другава недела вадење. И да премногу ми е страв и од анастезијата, самото вадење, недај Боже компликации после...ама тоа е, многу работи изгубив заради ова и сега ќе стиснам заби една недела само да се спасам
     
  5. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    И јас мака мачам со умник. Уште пред пет-шест години имав болки во левото уше. Докторката ми ги даде сите можни апчиња, капки и спрејови за уво и нос, но немаше подобрување. Се живо испитав и на крај кога веќе не знаеше што да ми даде ми рече дека ми е крив носот и поради тоа ме боли увото. А јас немам кров нос :fubar: Требаше да лежам во Скопје, но јас отеков и надолу по вратот. Отидов на стоматолог и ми кажа дека почнал да ми расне умник, но три корена се во ред, а еден никако да пробие. Толку години поминаа, а уште не е целосно пораснат, и се уште имам болки периодично. Стоматологот одби да го вади со образложение дека ќе порасне. Ај ќе почекам уште некоја година можеби ќе порасне. А докторката специјалист остана на мислењето дека ми е крив носот :clap:
     
  6. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Од страв уште немам отидено, а имав закажано, и не отидов :(
    Работата со моите умници се повеќе се искомплицирува како што ми изгледа.
    Дали е можно поради умниците што ми растат хотизонтално да голтам потешко, да ја отварам устата потешко, од страната како да ме затега некако и плус кога се мијам заби од таму ми тече крв.
    Ве молам за помош и ако некој правел, да ми каже колку пари е операција на умник (од прилика)
     
  7. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ако одиш на државна со упат околу 500ден. а на приватно е 2500ден. не е воопшто страшно, ете јас за 2 недели ќе ја правам и 4тата операција :) Имам погоре пишувано за се околу операцијата па можеш да прочиташ
     
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    8.680
    Пол:
    Женски
    Jas utre ke odam da mi gi vadat koncite..pred edna nedela go izvadiv umnikot i moram da se pofalam mnogu lesno pominav, za nepolni dve min go izvadi zabot a koga pomina anastezijata voopsto ne me bolese samo imav nekoe neprijatno cuvstvo vo ustata i malku temperatua noza dva dena pomina.e sega meseci unazad imav uzasni problemi prrdiizvikani od umnikot kamoli da znaev deka seto toa e od zabot odma ke go vadev. Od mob pisuvam izvinete za lat
     
  9. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Петок конечно одам на операција во државна. Бев денес да ме види докторот уште еднаш и денеска ми рече ,,Оф, оф, оф“. Премногу ме исплаши! Ми рече дека сум имала многу насобрано храна под непцето, ме чепна со едно такво, Господ го видов! Ме исплаши премногу, уште на крај како за пријатно ми рече „Господ нека ти е напомош во петок“.
    Дали може да е до толку страшно? Инаку умникот премногу ме боли и сега, не можам да допрам со јазик таму, а не па да јадам. Умник расте премногу криво, ја има искривено дури и 7 :(
    Колку време трае вадењето, се на се?!
    п.с. заборавив да кажам дека секогаш кога мијам таму заби тече премногу крв, ако нешто има врска тоа :)
    Би ве замолила да ми одговорите.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    majaskkkk1 не се секирај. И јас бев во слична ситуација како тебе пред 5-6 години. Мене умниците ми растеа криво и почнаа да ми ги искривуваат и другите заби. Па извадив 3 умника. Прво едниот, па по еден месец и другите два на едно одење. И многу тешко ми ги извади, премногу ми биле испреплетени корењата, па и се скрши на вадење, па после опретивно ми ги довадуваше. Проблематични ќе ти бидат првите неколку дена, осеќаш болка и неможеш да јадеш, бар јас така. Освен течна храна ништо друго. Но по 4-5 ден веќе е друго. Искрено едниов умник што ми остана повеќе проблеми ми прави цело време, отколку и него тогаш да ги извадев.
     
  11. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Извадив. Ништо страшно, малку оток, другиот ден се јадев :)
    Треба сега уште едната, ама таа следниот месец, не е страшна таа. Единствен проблем ми е што имам лоша миризба сега, можно е да е поради тоа што имам вадено заб?
    Ви благодарам на сите за одговорите
     
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Колку кошта операција на умници?
     
  13. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ако одиш на државно не е скапо, околу 300 денари со картони. Можеби и малце поевтино...
     
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Во Св. Пантелејмон на државна ми земаа 500, а на Максилофацијална 150 |( (и на двете бев со картони), а приватно 2500
     
    На bubic.k му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Оние кои што се имате оперирано во државна дали сте задоволни од услугата ?
    Дали осеќате болку , мислам дали се добри анестезиите ?
    Дали многу се чека за термин ?
    и ако можете да ми препорачате некој лекар
     
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна и од Св. Пантелејмон ( од тука ти ја препорачувам д-р Наташа Писевска Чолакова ) и од Максилофацијална ( д-р Алберто Бенедети )
    Болка не се осеќа за време на операција, после нормално малку ќе осетиш, сепак се работи за операција. За термин во Св. Пантелејмон прво бев им реков дека сакам да закажам, ме прегледаа и ми рекоа јас кога сакам, ама сепак се гледа според закажано што како имаат, па од матичен земаш упат за таа дата и тоа е, за Максило малце ми ја одолговлечија процедурата, дека прво ми закажа матичниот демек за операција, ама прво морало преглед ( за тоа чекав цел месец ) и по прегледот ми закажаа пак за 1 месец ( значи тука имаат повеќе гужва и ќе си причекаш малку.. ) па според мене подобра опција ти е Пантелејмон ако сакаш побрзо да завршиш а и повеќе внимание ти обрнуваат за разлика од Максило.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    Благодарм многу а колку се плаќа тука ?
     
  18. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски

    Во Св. Пантелејмон е 500, а во Максилофацијална ми земаа 150 ( ама другарка што се оперираше исто во максило и зедоа 500, дури се чудев што толку малку ми земаа мене, ама најверојатно им зависи од комплицираноста на операцијата, а јас за брзо бев готова )
     
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Мене ми земаа по 400 на максило ги вадев и 2та горни умници... и ја препорачувам др жане.. болки не осекас... за првиот ми закажаа за 3 дена откако праев снимка а за 2от се договоривме прво да ми заздраве страната болки не осекаш никакви дури ни по анестезијата...само оток се појавуа што е нормално
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дечки, да ве прашам, за оние што ваделе обично 8ца, со клешта, колку време осеќате нешто таму на непцето, еве јас пред 1 недела го изввадив, никакви проблеми немав, ни оток, ни ништо, ама цело време осеќам како трошка леб да ми смета таму, не ме боли, дури некогаш заборавам и заџвакувам на таа страна, а шубе ми е малце.

    Се си мислам да не ме гнои, ама сите ми викаат ако има нешто ќе те боли многу. Мене ништо не ме боли, а сепак осеќам едно топченце таму како да ми смета, и тоа мислам дека е на местото кај што е боцната анестезијата?

    Некој со слично искуство или совет некаков да ми даде?

    п.с. гледав таму ѕиркав, на вид ништо нема.