Здраво. Бремена сум, термин ми е во ноември и ми треба совет од некоја што била во слична ситуација. Имам 8-ца за вадење, но не ме боли и моментално немам проблем со неа. Носам фиксна протеза, а ортодонтот ми рече прво да ја извадам 8-цата, па потоа протезата, бидејќи долните 4-ка и 5-ка почнаа да ми се расипуваат кај непцето. Ми рекоа дека во 9месец е дозволена анестезија. Сега сум во дилема дали да ја вадам 8-цата во бременост или да чекам после породувањето. Најмногу ме плаши крвавењето и можноста за контракции. Дали некоја од вас вадела 8-ца во бременост? Во кој месец и како поминавте? И дали сте правеле рентген снимка за 8-ца додека сте бремени? Би ми значеле вашите искуства – дали би ја ваделе сега или би чекале после породувањето?
Здраво, знае ли некоја од вас дали има можност за тотална (општа) анестезија при некој оперативен зафат на максилофацијална хирургија? Знам дека во одредени случаи имало таква опција, но дали некој има да сподели искуство со тоа? Благодарам однапред
Здраво. Треба да вадам долна 8ца хоризонтално поставена и делумно излезена на површина. Бидејќи е блиску до нервот на долната вилица имам препорака од стоматологот да направам 3Д снимка. Планирам да одам деновиве кај др.Африм во Скопје, но немам совет од матичниот стоматолог дали да ја снимам само долната вилица или и двете. Ќе може ли совет и инфо дали подобро излегува снимката само на едната вилица или можам со ист квалитет и прецизност да ги снимам и двете? Благодарам многу.