Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. Alek.P

    Alek.P Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    ПОМОШШШШШ!!!
    Денес бев на ортодонт за да видам за протези фиксни.. направив панорамска снимка и докторката ми рече да ги вадам сите 4 умници.. а пошо сум трета година и не ми се изникнати ќе треба да ми ги вадат со операција..ми закажаа за другата недела..
    ај некој што правел таква операција нека ми објасни подетално ве молам многу ми е страв.. јас кога примам инекција секогаш се онесвестувам а да не зборам за операција..
    фала однапред..
     
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.062
    Немој да се плашиш воопшто...Незнам како ти се поставени умниците и покрај тоа што не ти се изникнати ама многу зависи од нивната положба колку ќе биде комплицирана процедурата(односно колку ќе трае)...Јас пред еден месец вадев умник исто така неизникнат кој беше хоризонтално поставен и ми ги буткаше забите,докторот рече дека може операцијата ќе трае околу еден час (facepalm) се испоплашив ама тоа ми беше :lol: Влегуваш во салата,те чисат со алкохол внатре во устата и на лицето околу устата,ти ставаат од оние зелените нивни на глава хах и само лицето ти се гледа.Докторот ќе ти стави 2 анестезии колку што сфатив од објаснувањето на докторот во два нерва, е сега не е како онаа типична анестезија ќе те заболи малку ама сепак се издржува,ќе почека да делува анестезијата и ќе почне со операцијата.Прво се сече местото и верувај ама баш ништо не се осеќа,после знам бушеше нешто и на крај го извади...болка нема да осетиш апсолутна никаква може да го осетиш само тоа тегнењето,влечење и слично...јас да ти кажам за 20 минути завршив кога го извади се изначудив колкав беше,секоја чест на докторот многу зависи и од тоа....Анестезијата делува околу 2 часа,јас би ти препорачала да испиеш апче уште пред да престане да делува веќе анестезијата,јас така направив(кетонал,вентор нешто појако).Дента ќе ставаш ладни облоги на местото 30 мин,па 15 мин пауза и така цел ден...Исто би ти препоарачала да почнеш уште дента со антибиотик јас закаснив еден ден па малку отеков повеќе ама брзо спласна отокот(за 2 дена).Болки немав никакви наредните денови.Проблем е тоа што неможеш да јадеш убаво,повеќе на течна храна ќе бидеш неколку дена :)
     
    На Alek.P му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alek.P

    Alek.P Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4

    еве ја снимката..
     

    Прикачени фајлови:

  4. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    80
    Дали некој правел апикотомија (операција на заб)? Ако правел или знае нешто ве молам да ми кажете.
    Инаку, имав заб без нерв веќе 2г. и почна да ме боли. Направив снимка и ми кажаа дека треба операција.
    Пред операција/после операција? За време на операција?
    Фала.
     
  5. planB

    planB Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас пред три месеци извадив еден умник имав многу големи болки, пиев антибиотици, аналгетици но болките не стивнуваа. Денес извадив уште еден ве молам кажете нешто за смирување на болката...
     
  6. Ksen

    Ksen Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Еве и јас да споделам искуство. Извадив горна 8 ца поставена хоризонтално према увото, воопшто непробиена. Мене ми правеше проблем увото ме болеше од неа и кога спиев на таа страна се будев од болка, а понекогаш и глава ме болеше. Кога видов колкав умник ми извадија сватив каков притисок правела.
    Инаку, операцијата беше сложена, многу бушење, не можеше да се најде од прва кај е точно, па нејкеше да излегува, непристапен терен, ми пукна и аголот на устата. Но за 4 дена сум ко нова. Анестезијата е јака, болка не се чувствува , и отпосле само еден кафетин се напив вечерта кога попуштила анестезијата, ставаат и инекција против оток, а и антибиотици, така да не е страшно, слично на пломбирање заб.
    Препорачувам кој има проблеми слободно да собере храброст и да си ја отстрани, потребна е само позитивност дури треа зафатот, и брзо поминува, јас за пола саат завршив работа, и секако потребен е добар орален хирург.
     
  7. elinen

    elinen Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    ПОМОШШШШШ


    забот ми беше лечен и пломбиран пред една недела ми се скрши и почна да ме боли отидов на доктор таа ми кажа дека забот е загноен ми даде алмацин и кажа дека забот ке се вади и ке се става мост, но бидејки многу често ми се расипуваат забите ми е страв по стругањето и ставањето на мостот да не дојде до брзо оштетување и на забите на кој ке биде прицврстен мостот(дали сум во право)? Дали некој има искуство со мостови некој совет ве молам :)
     
  8. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    здраво и јас имам извадено умник, знам дека два дена пред операцијата даваат хеморал форте за да не се направи оток. по кажувањето на хирургот, знае да отече толку многу, пациентите да немаат врат! (facepalm) потоа даваат антибиотици и аналгетици. толку болка немав колку што потоа ми мирисаше неподносливо од тоа што го ставаат во забот. цела недела пиев сок со цевче и ништо не јадев. и тоа исклучиво сок од боровинка :!:, само тоа ми имаше доволно јак вкус и мирис да ми ги неутрализира лековите во забот. и да, имав ехо во ушите, дома сите одеа на прсти :D , зошто ужасно ми правеше нервоза. инаку ако аналгин не ти помага, земи кетонал. и прилично ослабев, ништо не можев да јадам :(
     
  9. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    А само да прашам дали за поправање и за вадење на заб е иста анастезијата. Пошто ако е иста ќе мора да ме успијат :)
     
  10. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Феминки дали знаете колку е цената за операција на умници приватно?
     
  11. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Здраво,
    Дали може да ми препорачате добар стоматолог ортодонт? (приватен)
    Имам испит за 3 дена а умников почна да пробива и да боли ненормално и увото дури ме боли.. :sweat:;(;(
     
  12. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Др. Илиев - http://iliev.mk/index.php/contact :)
     
  13. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    34.456
    Пол:
    Женски
    Уште три умника т.е 3ти молари треба да вадам
    Еден веќе извадив т.е долен лев 3 молар.
    За време на операцијата ништо не осетив, само конците малце.
    Но, по операцијата мака видов, цела недела отечена бев ко бумбариште, наместо ден-два крв да ми тече, мене цела недела ми течеше, за болки , ни вентор ни било какво апче ми помагаше, само кетонал инекција.:sweat:
    Битно помина хаха :D :whew:
    Поради ова, не можам психички да се спремам да одам да закажам операција за другите 8ки.:tmi:
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.305
    Пол:
    Женски
    Штo ќе ти е oртoдoнт зa умници? Кaј oрaлен хирург требa дa oдиш.
    Три денa пред испит зaб не се вaди, сегa сaмo некa ти јa смирaт бoлкaтa, пoсле испитoт вaди гo aкo ти сметa.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Сакам и ортодонт,зашто до скоро имав протеза доле и сеуште го носам ретенерот,а ми расте долен лев умник и долен десен сабајле приметив (а докторот мој не е веќе во мк)..
     
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Колку сте платиле за вадење на умник?Јас од понеделник ке закажам па ме интересира цена :)
     
  17. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото .. ми спомнаа дела е околу 500 ден ама не беа сигурна и сакам поточно да ми кажат.Некој?
     
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Помалку е од 500, околу 350 платив во Државна.
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Пак јас..сакам да прашам колку дена треба да се спие на повисокљ перница.Јас спиев само првата вечер а втората спиев нормално ама само на десна (затоа што левиот го вадев).Оток имам еве трети ден ама мал.Како да ми сплавне до утре највеќе другиден?
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.465
    Допаѓања:
    165.709
    Пол:
    Женски
    Јас да побарам помош тука зошто изгледа ова ме чека, па да се едуцирам :worried:
    Долу десно, извајв еден заб зошто морав, па сега таа осумка мачи мака турка изгледа ќе излези. Другарката од десно некако се мачи ама има простор изгледа и таа ќе излези ама горните горе непцата кај шо треба да се ме болат, ама нема кај и да пробијат, а не па да почнат да пробиваат. И кога вадев забор, испадна да се знам со докторката ( мајка на другар ), и матичната ми велат да почекам уште малце. Болки немам често, понекогаш, еднаш неделно ни 30 минути онака осеќам местото. Овај долу десно шо расти, уште не е пораснат. Понекогаш грлото долу ме стега кога се мачат осумките да излезат.
    Јас мислам дека сепак ќе треба да ги извам.
    Дали ова се почетни „знаци“ или има шанси да излезат? :shake: