1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да прашам...веќе отворен умњак - мртов заб без болки и слично, процедурата за вадење како е?
    Инаку, не ме плаши вадењето туку дали ќе фати анестезија и последици од него.
     
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    @Artemission Не се ставил цел цитат,јас имав прашано која цена е а ти имаше одговорено па мислев цело да го цитирам ама нешто не сум направила како што треба :):)

    Па работат на тебе двајца доктори и една или две сестри,последниот умник за 20 минути ми го извади.
    Иначе цената е 6500 ама ова со попуст во зависност од тежината на операцијата.
    Искрено и мене ме ми се даваа толку пари,ама према искуство што сум била неколку пати за друга работа во државна (на очно,и тоа приватно платен преглед) не дум воопшто задоволна.
    За пломби и слично одам кај матичен стоматолог да..

    Ама се на се,нити оток видов,нити болка,буквално ништо.
    Веднаш по операцијата местото нити ми беше воспалено,нити ништо.Во перодот од таа една недела,освен денот кога ми го извади бев уште два пати на контрола и третиот пат конците ми ги извади.

    Многу пари се да ама битно лесно поминав (можеби и на клиника би поминала незнам,ама нити ми се чекаше со денови за термин,нити редови ,или однос нула ако ми се погодеше некој од искомплексираните не дека сите се ама знаеме дека има ):)
     
  3. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Зависи дали ти се скрос пораснати или не,ако ти се ке ти ги извадат одман нема да имаш проблеми,на пример на мене ми беа до пола пораснати и пак ми ги истуркаат сите заби долу и ми правеа операција,јас за еден заб една недела закрепнував не па за два,ама се зависи до организмот,ако ти прават операција првиот ден е критичен може оток да ти се направи после втори трети полесно.
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @BeautyAndTheBeast јас само еден имам извадено до сега и немам различно искуство ама исто и на клиника беа повеќе доктори/сестри кои стоеа околу и асистираа. Ми правеа муабет и беше многу опуштена атмосфера што ме изненади со оглед на тоа што за клиника општо нема баш најсјајни муабети. Не отеков воопшто, немав болки, дури ни аналгин не се напив. Единствена разлика (покрај парите) е што чекав 2-3 недели за операција зошто барав специфичен термин.
    Докторката Маја се викаше (ако некој го интересира), плавуша, на презимето да не се сеќавам.
    Бев без препорака, без врски или познати - на тепка си ја одбрав :)
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    @BeautyAndTheBeast јас се оперирав од заостанат корен во веќе зараснато место на клиника. Ме оперираше мојата докторка и најдобриот доктор таму а платив само 60денари со упат. 2 часа ме оперираа,ми се посветија максимално. После пиев антибиотици(ова е кај секого различно) и супер беше се. Мислам 100 евра за операција е премногу. Само сакам да знаеш дека јас само 7 дена чекав за операција.
     
  6. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    @buba4e89
    Заостанат корен?Значи забот бил изваден,а накнадно го ваделе и коренот?Барем јас така сфатив

    Значи ако те оперирала истата докторка(велиш мојата докторка) она ти оставила корен од забот когс ти го вадела.Епа браво за неа,незнам дали знаеш дека така се умира се фаќа сепса.Среќа што приметиле некако,веројано си имала болки.
    Ваму дур те оперира има компјутер до него,со панорамска снимка и цело време набљудува што е како е дур оперира,значи не остава никаква можност за некоја незгода.Вториот заб што ми го вадеше,едниот корен самиот беше без еден негов дел ,и баш кога го извади зумираше на сликата проверуваше убаво да види за да е сигурен дека е таков самиот заб.

    Многу пари се да,ама човекот има многу работа,голем стручњак е,и алал да му се парите.

    Јас не чекав воопшто,одма ми закажува кога сакам и кога ми одговара.

    Како што кажав не ги сакам државните доктори а ни сестри,повеќето се искомплексирани,неодговорни,безобразни и дигнати до небо.(пак ќе напоменам,не се сите но поголем дел да)
    Како и да е,не се знае кај како ќе поминеш,не викам не сигурно многу се задоволни од клиника,ама знам и многу што не би стапнале таму пак никогаш.

    сега здравје уште последниов да го извадам.

    А иначе докторов и не е најскап,брат ми прашуваше вп круна мс и беше многу повеќе.

    А да,и да се учат на мене стажанти,не фала!!! или па да ми дремат до глава,и да гледаат шанси нема.Да мора да се научат,да вежбаат (за некои работи не правам проблем,пример за земање крв и слично ама за операција не.Баш скоро во авицена ми земаа крв,и земаше нова вработена но со обучена колешка и додека едната зема другата асистира и беа многу љубезни и културни)

    Поздрав :)
     
  7. Krunicka

    Krunicka Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Девојки за колку време излегува умник? ;(
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.297
    Пол:
    Женски
    Зависи како е поставен и дали има место да излезе.
     
  9. е.спасовска

    е.спасовска Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    vo ponedelnik imam zakazano za vadenje umnik kaj dr Marolov ve molam vasi iskustva preplasena sum .. dosega nemam vadeno nikakov zab nitu primano anestezija
     
  10. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Еве мое искуство,летово ми вадеа два умници и бидејќи не ми беа целосно пораснати а ми ги туркаа другите заби,морав да ги вадам нормално со операција,тоа значи ми ги сецнаа непцата за да можат да ги извадат а едниот дури ми го скршија на пола бидејќи беше многу голем.После вадењето јас пиев и антибиотици оти имав оток и ми се воспали грлото не можев да голтам ни да јадам.Ако ти е пораснат цел како обичен заб ќе ти го извадат,ништо страшно,и ако не ти е не е страшно,ќе бидеш под анастезија нема да осетиш ништо,ќе мора да те сецнат ако не е испаднат цел и најверојатно и еден два конци(мене ме шиеја),ама пак повторувам НИШТО СТРАШНО,и јас бев како тебе преплашена до смрт,мислев ќе ме колат на столот и се помина најдобро.Постапката со операција трае помалку од 15 мин,а обичното вадење ни 5 мин.Биди смирена или барем пробај да се смириш :D Се ќе биде во ред.
     
    На е.спасовска му/ѝ се допаѓа ова.
  11. е.спасовска

    е.спасовска Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    vcera go izvadiv umnikot koj bese celosno i pravilno izlelzen so anestezija normalno a samo sto pocna da go vade umirav od bolka pa zatoa me bocna pak, vadenjeto traese 5min ... tie 5 min umirav od bolka znaci uzasno bolese.. prasanjeto mi e kako e mozno so anestezija a da imam nenormalna bolka , nepodnosliva
     
  12. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Истото ми се случи и мене кога го вадев првиот умник и тоа мене ми го сечеја непцето за да го извадат.Едноставно анастезијата не
    когаш не отрпнува до крај,може некој нерв да не го фати,кај секој е различно,затоа вториот пат лога вадев ми ставија дупло повеќе количина на анастезија и добро поминав.
     
  13. ilkata

    ilkata Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    go izvadov umnik pred edna nedela a jazikov uste mi od ednata strana malce kako zdrven i mi trneet odveme na vreme...dali mu se ima na nekoj drug sluceno ova.
     
  14. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски

    Ми се нема случено , а имам извадено два умника. Мислам дека не би требало вака да биде... анестезијата поминува за неколку саати, отиди пак каде што си го вадела и кажи им. Ти ги извадија ли конците?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.297
    Пол:
    Женски

    Од анестезијата е. Б витамини и магнезиум ќе помогнат да се опорави. Може да потрае и до 6 месеци.
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас два умника вадев со клешти, со анестезија и исто долго време осеќав нешто таму околу. Можда околу 3 месеци. Прашав, бев на преглед, ми рекоа нормално било. И пројде.
     
  17. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Дали може умници да се вадат за време на бременост? Ќе ми ги искриват сите заби :(
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.297
    Пол:
    Женски
    Ако не прават проблеми, не е препорачливо нивно вадење во бременоста. После породувањето може.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено истото само мене ми трнеше долната усна, нејверојатно при вадење на забот или при ставање на анестезијата ти има повредено некој нерв. Трнењето ми траеше скоро два месеци а откако почнав да ги пијам Б-комплексот со фолна киселина по консултација со стоматолог за недела дена исчезна.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherryblossom9

    Cherryblossom9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    90
    А што анелгетици примавте за болка и кои ви беа најефикасни? Мене ми рекоа да пијам вентор или бруфен.. овие бруфенов малце се слабички, а па венторот се доста појаки ама и за желудникот па ми е страв да не го испровоцирам..