1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Било кој аналгетик што ќе ти ја смири болката. Јас конкретно кетонал пиев првите 2-3 дена, ама имав страшни болки.
     
  2. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Не сретнав слично прашање па еве. Вадев долен умник пред неколку дена, излезен беше шо значи не оперативно. Лесно излезе и имам само едно конче кое што треба да го извадам за една недела од вадење. Имам вадено два до сега(на горната вилица) за кои не пиев ништо и за два дена ми помина болката.. е за овој веќе 6ти ден осекам болка - на цела таа страна од главата (уво вилица..).. пијам повремено аналгин и ми помага, во суштина се трпи...ама дали е нормално да боли веќе скоро недела дена? Нема гној(бар колку што се гледа)..
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.963
    Допаѓања:
    134.825
    Пол:
    Женски
    Мене више од недела дена ме болеше
     
  4. Upintheskylol

    Upintheskylol Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Денес вадев умник и имам онака слабо крварење на раната од време на време . Дали е ова нормално и како да се спречи?
    Што користите за испирање на устата и после колку време од зафатот се прави тоа?
     
  5. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Јас не крварев воопшто после вадењето на газата, али најверојатно е индивидуално и не е страшно првиот ден. Ја испирав само со вода евентуално можеш чај од камилица (без шеќер). Од вториот ден ме советуваше мене забарот да го испирам местото...(со тоа што го вадев во 18 часот)..
     
    На Upintheskylol му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Сите четири ги имам вадено. Три оперативно уште не излезени,едниот подизлезен со мал засек.
    На горниот сеуште имам чувство како да го имам негде длабоко во непцето. Грдо чувство
     
  7. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Devojce probaj da odrzuvas oralna higiena ne se plasi da cetkas so cetkickata za zabi na mestoto kade sto ti e vaden umnikot, moja preporaka da pojdes kaj doktorot da go vidi za sekoj slucaj da vidi kak oe mestoto dali zazdrauva i moze tamu na lice mesto da ti stavi edna zelena mast sto ima vkus na mentol mnogu e efektivna
     
    На garudamon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Дали за операција на умници треба упат од стоматолог или може и самата да си појдам да си закажам термин?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Ако одиш кај специјалист кој соработува со фонд, треба упат, а ако одиш кај некој што нема таква соработка, сама ќе си закажеш.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    @Annath, ме интересира колку отприлика треба да биде излезен еден нормално поставен умник за да се извади без комплицирана хируршка интервенција.
    Имам два целосно израснати за кои стоматологот ми кажа дека постапката за вадење ќе биде многу едноставна, но ме плаши оној кој моментално ме тормози. :)
    Дали дека е долу, изгледа ко да е премногу длабоко и си правам филмови дека ќе мора да ме сечат многу. 1/3 од забот се гледа веќе фино, но стоматологот рече дека има надеж и уште било рано, па најдобро да почекаме уште малку, ама мене ме интересира и мислење базирано на твоите искуства.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Па барем третина да биде излезен, за да може клешта да се стави. Ама зависи и од поставеноста на другите заби, степенот на отворање на устата, т.е дали ќе биде можно да се стави инструмент за класично вадење.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.085
    Мене нешто почнува да ме боли непцето близу седмицата. Значи малку како подуено е, не ме боли којзнае колку ама го загризувам со заби и нервира.
    Незнам дали е умник, а немам време кога да одам да го снимам
    Што мислите?
    Кои се симптоми за растење?
     
  13. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.059
    @Annath ме интересира и твое мислење зошто малку се загрижив, треба да вадам 8ца горе таа десно наводно влијае на процесот на исправување на забите и покрај тоа што извадив две 4ки ( ме интересира и ова исто од твоја страна гледано според снимката) и исто бев денес на конслутации кај оралниот хурург кој претходно ми вадеше долен умник, и ми рече дека бил блиску синусот ама дека не очекувал да се отвори..Твое мислење ? :sweat:
     

    Прикачени фајлови:

  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    За исправањето на забите не сум компетентна, немам специјалност, ама забите се доста збиени, па можеби затоа е предложено да се вади 8. Инаку нема да се отвори синус, иако корените се близу. Мали се шансите, затоа што на снимката коренот на 8 не е во синусот (линијата е целосна, не е во прекин). Ама и да се отвори, ако го вади орален хирург, одма ќе го среди местото. Ризик секогаш постои. Верувам дека кај тебе нема да има проблеми.
     
  15. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.059
    Фала ти многу на брзиот одговор :*
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Mishela ако не може целосно да излезе забот, вади го додека е со време и додека не ти направил поголем проблем. И јас вадев еден што беше само подизлезен лани, од што сакав прво другите да ги средам па да го извадам фатив перикоронитис, па не можеа отокот да ми го симнат, ме отруја со антибиотици и инекции.
    А за вадењето ептен лесно поминав. Ме сечеа, да, ама така беше поставен резот да не мораше ни да се шие.
    Се зависи од забот. Секој случај е различен :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Порасна умникот, излезе скроз. :)
    Бев на забар пред некој ден, ми рекоа да не се секирам, забот е супер поставен и не им смета на останатите заби.

    Всушност, сите три умника се наместија добро, не им сметаат на останатите заби и пораснаа доволно.
    Сега не знам дали да си отварам работа и да ги извадам сите „безболно“ или да почекам.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не сум ни погледнала датум на мислењето :tmi:
    И мене денес ме мачи умник па беснеам по дома :x
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.185
    Пол:
    Женски
    Ама ако ти кажам дека истиов умник ме мачеше уште до пред две недели...:worried:
    Ме намачи и ми наплати за сите. Беше целосно „враснат“, имаше заземено хоризонтална положба и ептен немавме надеж за него.
    Среќа докторката ме советуваше да не избрзуваме, па ме фатија обврски и како за чудо забот се исправи и почна да расте нормално.
    Ама ме здоболе дури израсна. Последниов месец бев со отечен крајник. :(

    Да е жива и здрава @black-angel, ми го спаси животот со Ефридолот. :)
     
    На black-angel и DAngel им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Mishela и мене другиот ме изнамачи, и тоа секој месец ме болеше по неколку дена, како хормонски да се поклопуваше. На крај го извадив.
    Од овој ми се поду крајникот денес, ама ми рекоа ќе излезел, плус шестка вадев таму пред некое време, демек таман ќе си се расширел.
    Со обврски сум ептен деновиве, нека расте немам време на забар да одам :(
    Инаку моето хируршко искуство и со двата заба е бомбона :D И шестката и умникот ми ги вадеше истиот орален хирург, нити болка имав после, нити некакви проблеми.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.