Опишете го партнерот(карактерни особини и надворешен изглед)со кој сте биле до сега и кој бил најблиску до совршен за вас....
Нежен емотивец ..сочуствителен и хуман за тие што се околу него..Чесен и праведен..духовит до бескрај ..срамежлив често..разборит понекогаш по потреба..нервозен - скоро никогаш или вешто ја прикрива..и незнам друго што..ај кога ке се сетам ќе пишам повторно
висок,црн,развиен,и тој кошаркар ко мене...совршен дечкооо најзабавен,моето најомилено здраво и најнеомилено чао,добар,верен,веќе реков,едноставно совршен.. далечината нема да ја убие оваа љубов, X <3 C најголем поздрав и многу љубов до сите
Ханито мое најубаво е висина баш онаква каква што сакам јас, да кажам средно висок црн тен , кафени како закосенки оченца убава полна уста темно кафена коса, црна брадичка ,може и таа е темно кафена ама како црна делува стегнат у телцето аии едно газе што има мх мх мх Во однос на карактерни особини, мирен , тивок, по малце срамежлив, душа од човек некогаш знае да биде лутко и инат ама ретко тоа Ах, да ќе заборавев дека има ситни бемкички по цело тело, и многу ми е секси заради нив, особено оние кои му се близу усните
Висок(една глава повеќе од мене ) плав, слаб(не премногу слаб), со плави очи. Премногу добар со сите, не знае да каже не(кога станува збор за другарите), секогаш тука за нив па дури и за оние кои не заслужуваат. Секогаш спремен да помогне кога некој е во невоља па затоа и тој често си загазува. Понекогаш е инаетчија понекогаш не е, зависи како ќе го фати. Сака нежности, но повеќе сака грубост.Многу е дружељубив и многу бргу се спријателува и со луѓе кои што не ѓи познава. Мислам дека е доволно.
Повисок е од мене а кога ќе си ставам штикли исти сме , по дебелина е среден ни дебел ни слаб , потоа зелени очи и кафеава коса.Според карактерот тука е секогаш за мене и секогаш можам јас да сметам на него.Секогаш гледа да не ми го скрши кејфот, да ми биде погодено.Негова мана е што брзо се лути за нешто и тогаш во тој момент многу е нервозен инаку другото се е океј..
Убаво, дефинирано тело, газенце дури поубаво од моето , раце во кои се губам кога ќе ме гушне, нежно вратче што обожавам да го лигавам, усни што молат да ги бакнувам, насмевка која ми го разигрува срцето, крупни очи кои менуваат нијанси, освојувачки поглед и косичка што не сакам утре да ја ишиша живчан, НЕромантичен, избувлив,тврдоглав,инает, мора да е секогаш во право, но сепак прекрасен, човек од збор, доверлив,паметен, вреден, не би го менувала никогаш и со ниеден друг
Повисок од мене една глава, предобар, добро тело, внимателен, секогаш спремен да помогне, секогаш покрај мене, љубоморен но не е избувлив, паметен, мирен, човек од збор, имаме исти размислувања и исти очекувања, мислам дека тоа уште толку не зближува подобар нема
.. ....повисок од мене една глава,црна коса,зелени очи,црн тен.широки рамења,крупен онака,со железни раце,уфффффф кога ќе ме гушне,се губам во него,често знае да ме крене на раце.....романтичен,секогаш ме насмејува,ме расположува,оптимиста,нежен,преубаво бакнува,внимателен,секој пат кога ќе се видиме,ме изненадува со мала ситница,...не е љубоморен... .....
Повисок е малце од мене ама со штикли исти си сме. Убаво тело, прекрасни зелени очи, раце кои даваат прегратки во кои потполно се губам, нежно вратче, убава мала уста која обожавам да ја касаам. Нежен вниматален досетлив секогаш потготвен да ги ислуша и да ги истрпи моите испади... со еден збор за мене СОВРШЕН.
Висок,црна коса,очи кои ја менуваат бојата зелено-кафеави,полни усни,совршено газенце. Дури и на 15-ка штикли пак 5 цм. е повисок од мене. Добар,наивен,добар слушател,секогаш насмеан,и секогаш знае да ме насмее. Романтичен,нежно мече,знае да цени тоа што има. Единствен за мене !
Па нормална висина (ни многу висок, ни пак низок),црна коса, светло кафеави очина , долги и густи трепки (инаку на трепките му завидувам), полни усни, темен тен, ни премногу слаб ни пак дебел и ќе заборавев премногу убаво газе . Добар, многу мене ми попушта ,паметен, понекогаш тврдоглав и нервозен,нежен,сладок и секогаш подготвен да ме расположи и да ме слуша кога сум нервозна . АБЕ СОВРШЕН !
Ми се допага тоа што е повисок од мене , така да можам да носам колку што сакам високи штикли, има црна косичка , зелени очички , прекрасна насмевка Најромантична душа е на цел свет , ужива во мали и скромни работи , не е материјалист и МЕ САКА НАЈМНОГУ
Убав,црна коса,кафеви очи,висок1,80 добар,наивен,се понаша слатко и децки,многу слаб,секогаш ми попушта,постојано се мазиме. паметен,понекогаш нервозен никад тврдоглав само за да не ме повреди,нежен, секогаш знае да ме расположи и могу ме сака. Се што сакам има во едно - Совршен
Висок и црн, со зелени очи (дефинитивно тоа е мој тип на машко) Строг и дрзок со другите, со мене по потреба. Сакам маж со став Ме чува како очите во главата, и тоа е најбитно
Плав со преубави кафени очи во кои знам да се изгубам, прилично повисок од мене, не е ниту слаб, ниту дебел. Има прекрасна насмевка, особено му го сакам дупчето кое му се прави на едниот образ кога се смее. Одредени делови од телото му се затегнати, а останатите како мешето не баш, ама што знам, немаше да ми биде привлечен без малото меше. Има многу долги и интересни прсти. Цврсти раце, но штета што не можам истото да кажам за карактерот. Променлива личност е, непредвидлив што би се рекло, ама мене ми е многу предвидлив, а и нормално е со оглед на тоа што еве веќе поминуваме трета година заедно и покрај се. Прав џентлмен, секогаш ме пушта да одам пред него прва, знае да направи некои гестови кои прават да се чувствувам навистина посебно. Многу е чувствителен, но не покажува многу емоции, мисли дека тоа не е 'машки' најверојатно, но пред мене знае и да заплаче понекогаш, бидејќи знае дека го познавам премногу добро. Независна личност е, премногу е амбициозен и знае да се исклучи од светот кога работи на некој за него многу важен проект. Сака храна, секаква, буквално! Па, затоа се одлучив да се научам да готвам и да му припремам една романтична вечера кога ќе се врати од патувањето. Нежен е, дури понежен од мене, јас сум груба во споредба со него. Повеќе е тип што сака собирања некаде дома, отколку излегувања по кафичи, што на почетокот ми сметаше, бидејќи јас сакам да излегувам, но за се постои компромис. И убаво е да се има до некаде една независност. Многу добар тактичар и политичар е, а и доста итар. Знае да се снајде во секаква ситуација, без да биде засрамен. Премногу е паметен, блазе мене. Не го давам на никој, само мој е!
Моето галени4е... Моето галени4е ики се вика и стално во прегратки ми се пика... Ај сеа песни4ки да не пишувам туку да си го опишам. За убав е многу убав абе најубав е бе. Сите ми завидуваат. Многу слаб,повисок е од мене една глава,има кафеави очи и кафеава коса,многу е нежен и затоа си го викам галениче,коа малце ке се налути многу е чуствителен а кога се смируваме се смируваме на чуден начин и никој не приметува ништо. Абе совршен како што кажав и погоре
Висок, црн, зелени очи, брадичка која многу убаво му стои(иако јас никогаш не сум ја сакала, кај него не ми смета.) Нежен, а истовремено поседува и нота на страственост. Кога ке ме погледне со неговите очи знам дека сум единствена девојка за него. Многу ме сака и ми го покажува тоа. За карактер добар, друштвен, шармантен, искрен, внимателен, грижлив, спонтан, вреден, трудољубив.. често пати неодлучен. Кога не му е погоден денот ии кога е нервозен често пати знае да дојде кај мене и само ке ме гушне, ќе ми легне на гради и така се смирува.. понекогаш навистина ги сакам тие моменти. Знам дека е несовршен- но е единствен совршен за мене. Го сакам многу и среќна сум со него! <3
1.82 висок, број на чевли - 42. Црна коса(подолга) црни очи, брада стара 2-3 дена, преубави бели заби, густи дебели веѓи, високо чело, мало носе, средна големина на муцка. Најубавите стомачни , има потемен тен. Ги има оние вени по рацете, нз дали ме сваќате, многу убаво му стојат, УФФФ Има и преубави дланки, слаби, долги прсти Најнежен,најдобар, НАЈУБАВ Е ! Има една мана, порано бил женкар , но сега е толку сменет што најмногу го сакам. Нз за вас, али него најмногу го сакам.