Неам засеа, ама ја замислувам отсекогаш емпатична, искрена и лојална. Физичкиот изглед не ми е менува многу, ама најмногу гледам по очите, тука обрнувам внимание. xD
Мојот лепотан е висок, со мало стомаче, има кафена коса и преубави очи. Најубаво на неговото лице е насмевката, а особено попратена со ококорените очи во мене, му блескаааат. Карактерно е многу добра личност, иако вака на фаца изгледа грубо. Ме сака, ме чува и до сега секогаш ми бил и ми е најголемата поддршка. Искрено низ што се' поминав последните 2 години, да беше друг одма ќе ме фрлеше мислам. Ама не, тој знае да сака и кога сака некого го сака со цело негово срце, би убил за саканата личност. Е ама ако му стапнеш на живци знае и лош да биде, лесно е избувлив. Сака да им помага на тие што им е потребна помош, секогаш е добронамерен. Меѓу најдобрите другари му се кучињата, особено неговото лепотиче. Душата ми се топи кога го гледам како ја игра и како таа му се радува. Навистина има добра душа, а кога ќе ме гушне цела се топам. Па не можеш да кажеш дека е ладно во негова близина кога тој зрачи целиот со топлина.
Премногу е убава, зрачи со убавина. Има многу убав поглед, преубави хазел очи, преубава насмевка, кафеава виткана коса што секогаш ја пегла и ретко кој знае дека и е виткана. Висока околу 160цм, убаво градено атлетско тело. Мали раце и преубава прегратка. Има многу добра душа, паметна, брзо се нервира и тоа за ситници, емотивец е голем, сака деца и животни, обожава мачки ама алергична е и секогаш на улица ме тера да галам мачки место неа.
Има преубави крупни очи, насмевка, како лик е атрактивна Убава атлетска градба, и може да се забележи дека е активна и вложува во здрав начин на живот, има висок интелект и многу е интелигентна, има смисла за хумор, многу ми е слатка со некои рендом постапки голем инат е пошто е лоша, и е звер најголем у сите можни смисли