Собата и јас ја делам со брат ми,ѕидовите се бели сега за сега,со по една плава трака од на страната на брат ми,а кај мене виолетова..тепихот розев со цветчиња жолти со розево..Од едната страна кај што се прозорците е моето биро розево со плаво и до него има регал заедно е со креветот,а од другата страна е бирото на брат ми светло плава боја,и позади вратата имам корпа со играчки од детството што ги чувам и разни глупости
Во мојата соба сите ѕидови се во разни бои еден е зелен друг е жолт друг лилав и другиот розев.ИМАМ КОМОДА А НА КОМОДАТА Е ТЕЛЕВИЗОРОТ од едната страна е креветот на сестрами а од другата страна е мојот кревет тепихот е со мики маус кремав а на зидовите имам многу постери од сите пејачи.На вратата од детската однадвор имам залепено цртежи од Оне дирецтион и имињата на пејачите од Оне дирецтион
Имам своја соба. Кремави плакари,кафен брачен кревет,кафено биро на кое од едната страна ми е компјутерот,па празно место па телевизорот. А до бирото имам стаклена масичка на која стои кафезот на папагалчето а во долниот дел некои списанија и сл. глупости на кои неможам да им најдам место. До креветот имам табуретка на која ставам телефон,полначи,стегачи,и нешо така шо ке го заџиткам. Ѕидовите се бели и кафен тепих. Инаку не ми е омилена кафена боја ама така ја уредиле моите,ама пријатна е. Е да,имам и две големи полици над бирото цели со мечиња..
Кога живеев кај моите бев сама во соба бидејќи немам брат или сестра, и имав два виолетови sидови, другите беа цели исцртани, си имав само мој кревет,до него масичка, биро кај што ми беше пцто, шкаф и фиоки со огледало во крем и посветли виолетови нијанси, големо бушаво тепихче, пред тоа имав уште 2, имав полици со мечиња, книги и разни работи и уште некои предмети
Откако почнавме сами да живееме собата ни е многу убава Ѕидовите ни се бели а на нив има нацртано дрво со лилјаци, пентаграми со превртени крстови и сега се мислиме што е следно Имаме кревет под дрвото, до него мала масичка каде што ни седи една ламба, мобилните и ако се најде нешто друго, две полици големи што се од самиот ѕид, шкаф, фиоки и тоа
- Бели ѕидови - кафеави креветчиња - кафеав тепих - фолем кафеав плахар - кафеаво биро и една столица - кафеави шкавчиеа со по две фиоки - Во пошироки црти секогаш ми е уредна над креветите имам шкавчиња, а на шкавчињата имам секогаш книги или пак тука ми стојат сите потребни работи за цртање итн.....
бели-црвени ѕидови бело големо пенџере кремов кревет кремов плакар црвен ресест тепих мала кафена масичка и телевизор
Ме фатија носталгии што ќе се селам,и шеткајќи си по темичкиве си ја најдов оваа,да си ја опишам сегашната соба Значи,собулево е мало,долгнавесто,како кутија за чевли. Сама сум си во него - сестра ми има голема розева принцес соба. Од некоја причина,ме потсеќа на јајце на око иако нема ама баш ништо жолто во неа. Ѕидовите се светло зелени,и заедно со огромниот, старомоден и темнокафен шкаф со тешки врати,е цел излепен со постери,од кои што 90% се од Еминем. На ѕидовите исто имам и разни слики, испринтани глупости од интернет,потписи од другарки и сл. Шкафот го зафаќа целиот ѕид,и одма пред едната негова врата која што не се отвора ми е креветот. Од другата страна,на милиметар спроти креветот и пред шкафот (многу ми е мала собата бе ) ми е бирото кое што е сиво,изнатрупано со пенкала,играчки,книги,слики и глупости. Таму ми е и компјутерот. На другата страна од собата имам тросед покриен со јамболија кој што искрено,ми е поудобен од креветот и на кој што спијам почесто од што спијам на креветот,и на него секогаш ми стои омилената играчка,едно огромно пикачу Ах бе собо,ќе фалиш! Ако ѕидовите навистина имаат уши,кујзнае колку глупости се изнаслушале моиве.
Јас ја делам со сестра ми за жал. Два sида се сиви, два се виолетови. Плакарот е сив со виолетово. Креветоте се еден до друг и ја прават буквата Г ако ме сфакате. Имам мало масиче на коен стоил телевизорот и биро на коен стои компјутерот.
Мојата соба е прилично мала, нема многу место за и + изведување лудории. Имам плакар кој од времето е вграден во ѕидот . Покрај прозорецот ми стои бирото, потоа креветот, од другата страна фотелја. На ѕидовите имам по некоја икона и еден часовник. Веднаш до вратата имам закачалка, значи не на вратата бидејќи се отвара нанадвор и ќе се гледа купот од алишта кои сум ги "сместила'' таму. И така. Каква е, таква е, и си ја сакам.
Накратко: Мама преферира да го вика дувло, тато бомба. Надолго: Мала соба, со еден кревет, долг плакар и работна маса, два жолто, два виолетови ѕидови, внатрешни темни пердиња темно лилави со жолти смајлиња и надворешно перде од овие белите де, онака светли. Доста е топла и машала растурена. Многу убо мириса зошто баба преферира да чува едно најлонче со чаеви таму ... о.О
Собата е само моја и е со бели ѕидови, имам црвено биро на кое ми стои компјутерот, тепихот ми е кремов а креветот е црвен, лустерот е бел и завесата е бела тоа е моето лично катче каде си слушам музика или пишувам во дневникот кога ми е потребно да бидам сама со себе
Мојата соба не ја делам со никого, ама баш со никого. Има 4 ѕида, плафон и под. Ѕидовите имаат по 2 ќошиња, значи 8. Има трокролен прозор и трокрилен шифоњер. Голем кревет за трокрилен г*з. Се е трокрилно. Заборавив да кажам има и лустер со дијаманти. Целата ебеееела.
Овде можеби https://forum.femina.mk/threads/Стручни-совети-од-архитектки.15564/page-71 Јас би рекла еднобоен потемен , пошто играчки во разни бои и големини се тркалаат, ако е многу шарено може да не ги видам, па да ги изеде правосмукалката.