1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опседната со бившиот

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 8 декември 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Феминки, чудно се осеќам. Еден мој бивши дечко видов на фб дека се оженил, немојте да сфатите дека сум љубоморна, напротив ме повреди со своето дволично однесување. Веднаш после мене имаше тој пауза од неколку месеци, фати девојка и на брзинка свадба. Девојката убава, паметна, богата претпоставувам и затоа ја одбрал, за да и се вгнеди дома, бидејќи е од провинција а сака во ск да живее. Неколку дена се будма ноќе, не можам да спијам на раат, се мачам зошто воопшто си дозволив да го запознам, да влезе во мојот живот, да почнам врска. Го сметав за интелектуалец, меѓутоа освен дипломи однесувањето на крај му беше мизерно кога го покажа вистинското лице. Некако сум опседната и се чудам како злобните луѓе се успеваат со манипулации. Не сакам ништо со енго, се ежам при помисла на него, а не можам да го исфрлам од глава. Помош?
     
  2. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    опседната сум, помош...

    Толку ниски луѓе не заслужуваат да бидат спомнати, а не па некој да биде опседнат со нив. Исполни си го времето, не си го тупи мозокот многу на него. Било што било, поминало, нема да се врати ниту да се смени. Веднаш штом ти дојде на памет потруди се да ги насочиш мислите на сосема трето. Ќе ти помогне. Можеби е само период, но треба да настојуваш да ти помине побргу.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    опседната сум, помош...

    Кога раскинува ми беше така, одвратно се осеќав бидејќи ми кажа еден куп лаги за да го жалам и да останам со него, како тој се сменил заради мене, се откажал од многу работи,а врска нема. Сега пак ми се варати тоа, толку сум гневна на него и на самата себе. Мојата интуиција не лаже, видов дека има нешто подмолно во него, ама ајде си мислев не сум во право, да почекам уште малку и да видам. Кога раскинав бев среќа, тргав терет од мене.
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    опседната сум, помош...

    Штом уште кога си била во врска со него таа врска ти претставувала товар ,немој повторно да се измачуваш ,особено не за неко безвреден трчилаж.
    Нека си живее среќно со жена му ,трудди се да не мислиш на него ,определи си некое хоби ,само и само да ги оттргнеш мислите од него.
    Не заслужува ни да помислиш на него ,не пак да се опседнуваш.
     
  5. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    опседната сум, помош...

    Не заслужува да бидеш опседната.Колку повеќе мислиш толку повеќе ти е мака за тоа што си била со него.Едноставно сврти нов лист и не мисли повеќе на минатото. :)
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    опседната сум, помош...

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... rPfui6DRE-песнава се ке ти каже :)

    немој многу да мислиш, гледај постојано да си зафатена и еден совет + од мене-поразоварај со психолог/психијатар не е страшно и не е скапо-со сини картони е 100 денари партиципација, не е табу тема воопшто :)
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    опседната сум, помош...

    Свати дека така требало да биде..и дека господ чува нешто подобро за тебе...
    ќе си поплачиш некое време ...како и да е времето е лек,барем ќе се навикнеш
     
  8. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    опседната сум, помош...

    Нема потреба да бидеш опседната со некој кој што не го засчужува тоа живеј си го животот и не се оптоварувај со него......а таквите како него злобници да знаеш дека не о_стануваат не казнето......само биди трпелива и секој што нешго си заслужил порано или подоцна ќе во најде
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    опседната сум, помош...

    Фала ви на советите, само се чудам дека такви злобници баш успеваат да си ги наредат коцките и да искористат некого. А јас што ми вреди што не нанесувам зло, кога мене ми нанесуваат, баш такви тупаци што глумат интелектуалци. Кога раскинувавме паднаа многу лоши муабети, и од моја и од негова страна. После ме молеше да се смириме, да разговараме. По такви муабети не сакам очи да му видам. Само се чудам какви наивни девојки има, таа сигурно мисли дека нашла принц на бел коњ. Ќе се свести кога ќе почне кришките леб што ги јаде да и ги преборјува, нормално ако не придонесува дома. Или крајно ја земал за да им се всели дома во Ск, бидејќи во неговото место тој не сака да живее.
     
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    опседната сум, помош...

    Потруди се воопшто да не мислиш на тоа, тргни ги мислите на друга страна. И самата кажа каков бил, мислам дека не заслужува вака за него да се нервираш. Од една страна тоа е завршена приказна, од друга само на себе си правиш лошо.

    Време ќе помине, посвети се на нешто друго и гледај да не се замараш, тоа е нивен проблем веќе. Важно ти не си завршила со таков покрај тебе. Си имала дури и среќа.
     
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    опседната сум, помош...

    Tanjamm-Мораш да продолжиш понатаму бидејки ако дозволиш се уште да размислуваш како и зошто ?!тоа е страдање,а зошто за некој кој не е вреден? Остави го него во твоето минато,заврти нова страница и почни од ново... дозволи му на твоето срце да сака некој кој ке ја заслужи твојата љубов по некое време на сево ова нема ни да се секаваш,ти вредиш многу повеќе од некоја со полн џеп пари и.т.н,но дозволи си себе си да ти биде добро поточно заљуби се и полека но сигурно ке ја надминеш болката- секој е сам лекар за себе си...знаеш како велат "после дождот сонце огрева"
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    опседната сум, помош...

    Фала ви, се ова доаѓа од мојата самокритичност. Сакам да можам да не грешам во меѓучовечките односи. Живееме во свет каде не се знае кој пие, кој плаќа, денеска си со енкој, му верувам колку толку, утре ќе го гледаш како непријател , ама тоа е.
     
  13. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    опседната сум, помош...

    тања, сметај дека ти си во придобивка што не си со него, туку некоја наивна (ваљда) девојка. ти си среќничката во овој случај.
    мислам дека не си опседната со него, туку ти е чудно како тој што те молел тебе да се смирите толку брзо си нашол нова партнерка, па уште и се оженил со неа.
    Не се нервирај, не мисли на него, избриши го од глава, фб, маил, телефон, од се и насмевни се. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    опседната сум, помош...

    Неможам да сватам поради што тука е твојата опседнатост и зошто?зошто ти е влезено во главата дека дечкото на дволичен начин го има добиено тоа што го сака,не мора да значи и незнам зошто на ваков начин размислуваш па одкако сте се скарале секој по својот пат запознал девојка која му одговара и го исполнува во секое поле и решил да ја ожени можеби во неа нашол нешто што во ниедна друга девојка до сега не нашол можеби имаат потполно исти гледишта кон иднината,разбирања планови така да излишно е да се коментира што биднало меѓу нив и зошто си се зеле е сега тука кај тебе сакала несакала сигурно работи љубомората и потајно сакаш да си на нејзино место,и потполно те разбирам тоа е нормално но со тек на време ќе помини сега не вреди да мислиш на тоа сигурно имаш на што да се посветиш во твојот живот и да не се опседнуваш со луѓе од минатото...посебно не за бивши
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    И јас искрено се замислив која е вината на дечково, што се оженил многу бргу? Искрено, не сфатив, вие долго бевте во врска? Што те погоди толку? Што тој се оженил а ти не? Не верувам искрено, но пробувам да сфатам. Не, не, јас не те напаѓам, баш пробувам да сфатам за да ти дадам асален совет. И си мислам, како би ми било мене, после долга врска и после кризата која ја имавме со дечко ми да раскинеме и тој набргу да се ожени. Па што знам, ако е сељак како што го карактеризираш мене искрено ич не би ми било мака, и ко што ти кажа една феминка, ќе ја жалам таа сиротка а себе ќе се сметам за онаа која добро се снашла во ситуацијата, сепак ти си се извадила од лошата врска. Ма што го вртиш, што воопшто размислуваш за него, што воопшто си му отворила профил да го видиш на ФБ што направил, батали го. Јас искрено за никого од бившите мои не сум имала вакво размислување, не сум ги гледала на ваков начин, некако ми било сеедно, кога веќе не е со мене, нека крши глава, освен ако е некој кој ми е близок, додуша еден само имам таков и богами сакам да знам што прави и како прави, бидејќи пред и потоа ми остана добар другат, додуша пред повеќе од потоа ама тоа е. Не сум имала којзнае колку дечковци па да можам да кажам со сигурност, ама мислам дека не треба да те занима што прави и како прави, како што веројатно и него не го занима.
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Тоа беше врска од неколку месеци, значи да продолжев со него ќе завршеше со брак. Ама не сакав, јас бев таа која му раскина. Кога дефинитвно расчистивме ми кажа дека планирал поинаку да испаднат работите. Типот најверојатно е опседнат што побрзо да се ожени и да ќари максимум. Плус сака да избега од неговото мало место, па му се укажала добра прилика и зошто да не искористи некого. Тој е истиот скржавец за кој ви пишував во друга тема. Во денешно време мали ми се шансите некого за 2-3 месеци го знаеш и да стапиш во брак. Мислам дека искористил девојка која има се, ама бара внимание, а тој знае да манипулира вешто, и кога ќе намириса пари, корист, сигурно нема два пати да мисли. Не сум љубоморна, така ми дојде изненадно. Тој знае со машко друштво да седне и да се начука, да троши расипнички, а да се скржави за женско, да неќе едно каде да плати. На која девојка и се допаѓа таков маж, но како што кажавте сум се свестила, некој друг наебал.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Ми помина веќе не се сум опседната, кој што сака нека прави, мене да ми биде ок.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.999
    Допаѓања:
    11.120
    Зборам за човек кој ме уценуваше на некој начин да не му раскинам, па не верувам дека луѓето така лесно се менуваат. Којзнае колку зезнал претходно со такви финти.
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ти ни самата не си свесна колку внимание и енергија трошиш за да го погрдиш овај човек,ако е таков како што пишуваш па женатаму сега нека му ја мисли неможеш да кажеш дека тпа само те изненадило и толку бидејќи се гледа по твоите постови дека не е така а и неможеш да кажеш дека ако ти не си му се скарала дека ќе се земевте извиниама тоа е смешно тврдење и јас со бившиот ако не се скарав може ќе се земев :D тоа не мора да значи ти мислиш на тоа затоа си се опседнаа од цела ситуација а дека може човек да се изненади може тоа е нормално и природно и јас до неодамна разбрав еден бивши мој дека ќе се женел и тоа мајками ми кажа и знаеш што правевме двете?се умревме од смеа друга нека му ја мисли и нека се мачи со некоја стока и некоја роба која јас сум ја пробала и не чинела ;) едноставно не вреди ни да мислиш на тоа повеќе што било поминало...
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Да беше пишано за тебе, ќе останеше со тебе...
    Мафни го, гледај среди си ги животот и не му се мисли за некој за кој не ни вреди...
    Си имала искуство барем, извлечи поука и друг пат биди отворена во очите со кого си. :)