1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опседната со тежината

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley16, 11 август 2013.

  1. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Здраво феминки ! Пред 1 година ослабев 32-33 кг, бев многу дебела имав над 100 кг а сега фала богу имам 70 кг. Но ми се појави еден друг проблем сега откако ослабев постојано сум под страв да не се здебелам повторно, дневно не знам по колку пати се качувам на вагата и бидејќи вагата ме покажува понекогаш 68 понекогаш 70 се мислам дека сум се здебелила и потоа цела ден се нервирам, и се таму ми е умот. Постојано ги прашувам мајка ми и сестра ми дали сум се здебелила, и тие ме приметија и ме искараа дека сум опседната. Исто така постојано одам и се гледам на огледало дали сум здебелена, и кога и да се погледнам наоѓам по некој недостаток на моето тело како на пример денес си ставив во главата комплекс дека имам голем стомак. И самата чувствувам дека не е во ред ова, ама едноставно не можам а да не мислам на тоа. Ве молам за ваша помош, мислење, совет :(
     
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Па да ти кажам и делуваш како опседната. :^)
    Не треба така.Искрено премногу се заморуваш со твоите килограми.
    Дааа,сите сакаме идеална линија,без грамче салце,без стрии,целулит..ама ретко кој е идеален.И идеалниот си има свои недостатоци.Еве ме мене,слаба-преслаба,секој ден јадам со сила за да качам некое кило.Имав 65 килограми пред неколку години,потоа нагло ослабев и ете до ден-денес имам проблеми со храната.
    Прифати се онаква каква што си.Сакај се себеси.
    Се гледа дека си девојка со карактер,зошто да ослабеш 30 кила,треба навистина голема упорност и труд.А ти тоа го поседуваш.
    Заборави на вагата како предмет кој ти е дел од секојдневието.Јади колку што ти се јаде.
    Што се вика,јади за да се најадеш.Храни се здраво и нормално,и нема да имаш никаков проблем.
    Ако постојано пазиш колку јадеш,ќе му наштетиш и на организмот,и ќе бидеш помалку отпорна на болести.
    Со тек на време нема ни да чуствуваш глад а сето тоа води кон едно-анорексија.
    Така да,не дозволувај ништо од тоа да се случи.Занимавај се со нешто,за да не мислиш на вагата и за да не го чекаш постојано моментот кога ќе се качиш на неа за да видиш дали имаш грам плус/минус. ;)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Твојот страв од килограмите можеш лесно да го решиш со малку дисциплина и без да гледаш на вага :).

    Јади на барем два оброка свежи салати кои треба да се барем 50% од оброкот, избегнувај или намали бели печива, пржена храна и шеќер (колачи, газирани итн), исфрли маргарин, паштети и слични масни и штетни продукти, внимавај да не се прејадуваш и ти гарантирам дека никогаш нема да ги качиш килограмите.

    Ако почнеш и со блага гимнастика секој втор ден уште и телото ќе си го затегнеш, на вагата веројатно и бргу ќе заборавиш :)
     
    На babymama и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  4. IrenaMathers55

    IrenaMathers55 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Опседнатост со тежината

    Здраво на сите,јас сум нова тука и сакам само еден совет,го отворив профилов само за да го поставам ова прашање.Можеби ќе се смеете,можеби не.Но вака,тинејџерка сум,страшно сум опседната со мојата ќилажа,со моето тело,трчав,вежбам,на диети бев све направив за да ослабам зашто беше навистина тешко да слушаш како те навредуваат другите!Но сега навистина не ме интересира ништо кој што збори за мене.Идев на психијатар но порано,проблемот е тоа што неможам да се гледам во огледало иако ослабев 15 кила,имав денови што нејадев буквално ништо,и сега бев на диета неможев да издржам више,и имам денови што јадам јадам цел ден прекумерено,и после ме тера на повраќање или морам да повратам немајте појма таман си го оформив стомакот и еве утре пак ќе почнам по старо.Значи многу се нервирам незнам више што да правам.Знам ова е навистина сериозен проблем имам идено сегде и пробано све,од утре сакам само мусли и чајј за слабеење да јадам и да пиам и после пак ќе дојде тој ден кај што ќе јадам цел ден прекумерено и ќе се надуам .Знам за булимија но сите ми викаат за да ја имаш оваа болест треба да си премногу слаб.Се нервирам многу :@
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Ве молам отворете

    поретеметен ти е организмот , но мораш да идеш на лекар да го прегледаш желудникот !
    ИНАЧЕ НЕСУМ НИ ЈАС СЛАБА НО КАКВА СУМ ТАКВА СУМ ЗА СЕБЕ ДОБРА СУМ! КОЈ МЕ САКА САКА КОЈ НЕ АЈ ЧАОО НЕ СЕ НЕРВИРАЈ ЗА ГЛУПОСТИ ПОЧНИ ДА СИ ЈАДЕШ КАКО ТИ СЕ ЈАДЕ
     
    На srcekrsacka и kristijana88 им се допаѓа ова.
  6. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Ве молам отворете

    Направи си ред во јадењето. Не е убаво ни премногу да гладуваш ни пак премногу да се прејадуваш. Можно е јадењето да ти е поврзано со психичката состојба односно расположението. Како што можам јас да протолкувам ти се изгладнуваш од преголемата желба да ослабеш па потоа се разочаруваш ти доаѓа преку глава од тој проблем па потоа од нервоза јадеш неконтролирано. Треба да се обидеш да се смириш, како што кажа нена, да си кажеш каква си таква си кој те сака ќе те сака секаква но, да се потрудиш, умерено да ослабеш без да се опседнуваш со слабеењето и со дебелината. Неможе преку ноќ да се симнат многу килограми а некој едноставно има таков организам сколон кон дебелеење. Пробај да го смениш начинот на исхрана, со здрава храна, можеш и нутриционист да се консултираш кој ќе ти направи распоред да јадеш тоа што на твојот организам му е потребно. Во секој случај не се оптеретувај толку со тоа.
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ве молам отворете

    пубертет ко пубертет-бубачки во глава
    сакаш да изгледаш убаво ама до толку многу опсесионирање навистина е претеризам
    не за друго анемична ке станеш :!: ке почнеш да се онесвестуваш
    јади три оброци дневно-почесто по малку
    помалку лебче, тестенини, благо
    повеке зеленчук, овошје и пиј најмалку 2 литри вода дневно :!:
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Ве молам отворете

    Секоја втора девојка во тинејџерските години се справува со овој проблем. Недоволна сигурност и самодоверба. Искрено-јас така почнав да вежбам за да станам сега (веке 5 год) профи во тоа. Имаш 2 опции
    1. Конечно да се погледнеш себеси во огледало, да си ветиш дека веке нема да се изгладнуваш-прејадуваш и ке балансираш.
    2. Има психијатри кои се баш за пореметена исхрана стручни.


    Позз и секое добро.
     
    На a.c.k.a и tessie им се допаѓа ова.