Опседнатост со коса!

Дискусија во 'Коса' започната од Scarlet88, 4 април 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Dali vas vi se slucuva da ste opsednati so vasata kosa, i kako se spravuvate so toa!
    Jas licno sum opsednata so mojata kosa, kolku e ostetena, kade ima rascvetani vrvovi, sekoja nedela pravam maski...ednostavno umot mislite mi se....koga ke imam dooolga zdrava kosa........znam deka zvuci smesno ama ova za mene e problem! :lol: ;) :P :worried:hock:
     
    На roxy123 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    И јас сум опседната со косата, постојано трошам пари за шампони, маски, силиконски капки, регенератори, лакови, пена и слично. Миењето и средувањето на косата за мене претставува цеел ритуал. После секое миење самата си ја фенирам и пеглам. Секое утро си ја средувам, ако се извиткало некое праменче го решавам проблемот со фен и четка. Редовно одам на фризер, а ако налетам на некој расцветан врв, сама го потскратувам :lol:

    Не се ни обидувам да ја надминам опсесијата, едноставно сум многу педантна, многу внимавам на својот изглед и се сакам да си е на свое место.А бидејќи косата е круната на изгледот - секогаш внимавам да е средена!
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    265
    Косата на една девојка мора да биде секогаш убаво средена па и не е некоја мана да ти биде тоа опсесија.Имам среќа што имам квалитетно влакно на косата па по секое миење ја пеглам,и така убава ми стои 3 до 4 дена не ми се оштетува за брзо време,не ја фарбам и не и ставам ништо освен шампон а имам убав сјај :) Мислам дека кога косата не ми е средена и цела изгледам неуредна :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.781
    Допаѓања:
    78.785
    На работ на опсесивно компулсивно нарушување сте...
    Искрено темава за во психологија е,не е за во коса...зошто тука не се прави муабет за нега на коса,туку убаво си вели темата,опседнатост...
    А уредноста е само изговор...
    И јас сакам убава коса и посветувам внимание,но само после миење,тука приказната завршува.Сите салтанати уз бањање,после бањање се тераат и после тоа нема...пред факс,пред излегување се поправа тоа што е растурено и нема философија...Шишање во звисност од формата...ја растам ли на месец и пол,сакам куса,на три недели,не и бројам расцветани влакна...ако ми смета некој проблем барам решение,го решавам и ја одржувам рутински...
     
  5. natasa69

    natasa69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    не да сум опседната со мојата коса секогаш ја средувам купувам свашта за одржување и нега и никогаш не ми била расцветана
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Па не би рекла баш дека сум опседната со мојата коса, но сакам да ми е уредна во секое време. Ја мијам со шампони против перут, маска за коса обавезно и силиконски капки. Ја шишам тогаш кога мислам дека е потребно, не дремам често по фризери но затоа си ја фенирам и пеглам дома :) Во последно време приметувам дека ептен брзо ми се мрси па еве некој може да ми даде некој совет за добар шампон за мрсна коса, би ви била благодарна ;) Иначе и кај мене се јавува тоа непријатно чувство доколку излезам со не средена коса :worried: Си мислам дека сите ме гледаат во косата :) Позз :*
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Хеј Мис Перфект а на колку време ја миеш косата!? Затоа што јас мојата ја миев еднаш неделно, но откога прочитав на форумов дека со почесто миење побрзо растела косата решив да се мијам секој 3 ден! Верувај после тоа многу брзо ми се мрсеше косата...и си се вратив на стариот начин еднаш неделно! и косата пак ми е супер, ми се мрси последните 2 дена само! Значи ако се миеш многу често види експериментирај помалку миј ја косата и верувај дека ке заприметиш супер резултати! Поззззззз
     
  8. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Ја мијам на секој втор ден, морам :worried: Косата, особено кај шишките почнува да ми се мрси после само неколку саати миење :worried: Нема никаква шанса да преспијам една вечер и сабајлето шишките да ми бидат нормални, не измрсени. Имам пробано милион шампони за мрсна коса, но ниеден не ми се има баш погодено, т.е. не сум забележала некои промени :worried: Незнам што да правам со оваа луда коса, излудев и јас :lol: Позз :f:
     
  9. Verica96

    Verica96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Па не сум баш опседната..Секогаш се грижам да ми е суредена :D
    Но кога ја пеглам се гори многу дали некој знае што да ставам да не ми двети толку??
    Благодарам однапред
     
  10. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    Си имам виткана коса па само минута две со прстите ја прочешлувам и супер ми е - разлетана на сите страни али сите ми ја сакаат таква а и јас си ја сакам :$ Понекогаш знам да се изнервирам кога ке е ептем исплеткана али ништо страшно - си ја фаќам во репче и кој е ко мене :D 8)
     
  11. sweetybaby

    sweetybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Јас сум она НАВИСТИНА опседната со својата коса :) Премногу внимавам на неа, користам 300 чуда, и пак ми се оштетува.. Или е многу безживотна или незнам више..
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    И јас сум дел од групата "опседнати со сопствената коса"! :D И ич не ми е срам да си признаам, ниту ми е нешто чудно или ненормално. Сите можни средства, од шампон, регенератор, маска, силиконски капки, масло за коса, спреј популарно кажано омекнувач, :D восок, крема што не се одмива и сите останати салтанати. Редовно одам на фризер заради врвовите, се фарбам на секои 15-20 дена, косата ја мијам во просек 3 пати неделно, па ја фенирам, ја пеглам или ја виткам, се иритирам од нефарбан корен, а мрсна коса... :^) Искрено, немам почитување за девојки со мрсна коса, што така ноншалантно излегуваат од дома, мрснички си шетаат и немаат гајле. Нека звучи колку сака површно, едвај и да прозборам со такви. Да, се случува, ама кога константно гледам девојка со мрсна, несредена или пресува коса и уште не и гајле, ја отпишувам од списокот. Животот не трае 300 години, па првите 150 да се рашетуваме како од кревет станати. :lol:
     
    На MarchelineAmaru и girl1985 им се допаѓа ова.
  13. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    И јас го делам мислењето со Trendafilka, страшно ме иритираат девојки со мрсна коса, нека е и несредена битно да е чиста и ако ништо друго прибрана во репче.
    И јас сум си опседната со мојата коса и многу си ја сакам таа особина :D
    Имам долга плава коса и баш поради тоа произлегува мојата опседнатост, многу мразам метла на глава, сува, безживотна, нечешлана...
    Редовно ја мијам, со маски, со капки со 300 салтанати и ми е многу убава.
    I love my hair :emo:
     
  14. DesertRose

    DesertRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пред 2-3 години воопшто не се замарав со мојата коса и тогаш ми беше и најубава но после тоа кога почнав да и обрнувам внимание и се повеќе да ја негувам ми стана некако по оштетена....наместо обратно да е и сега сум опседната со мојата коса користам разни шампони,регенератори,вчера мајка ми некој спреј за коса ми донесе од дива ружа на Schwarzkopf...и така...пуста опседнатост.... :?:
     
  15. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Опседнатост во нормала, ја мијам кога треба, ја стрижам на 5/6 месеци (затоа што ја растам), не ја пеглам права ми е , користам убави шампони на Ревлон, ставам маски, ја фарбам ама сеа ми е пак моја/та боја. :angel:
     
  16. swety

    swety Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    5
    opsednata hm nesum bas opsednata ja mijam 2pati nedelno nekogas i 3 pati i stavam regenerator i silikonski kapki i na 3-4 meseca ja skratuvam ne ja peglam prava mie ne ja feniram nemam potreba meka mie kako ja namestam taka stoe taka da pa ne sum bas opsednata :!: i mrazam da me pipkaat za kosa dodeka se sisam se ezam cela so dusa cekam da stanam od stolceto :D
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.589
    Опседната сум со растот на косата. Но секогаш малку кога ќе ми порасне, одма ја кратам.
     
  18. TanYa

    TanYa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    I jas ja mijam 1 nedelno na zima, na prolet i esen a na leto na 5 dena i super mi e taka :)
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.818
    Опседната сум -не се гордеам со тоа -ама убаво ми е :)
    кај и да појдам ретко некој поубава коса од мојата да има
    ми се случува во маркет шампон кога купувам да ме следат луѓето да видат од кој ќе земам :D
    а незнаат дека и во аптека одам после тоа
    и полнам кеса од тие малечките со витамини и 300 глупости :D
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Па штознам, голема е веројатноста да сум опседната.
    Одам секој втор месец на фризер, ја мијам секој втор-трет ден, си имам распоред уствари, така ускладен, да не се случи да излезам со нетазе миена коса за викенд.
    Ако ми се случи да видам како се замрсила, веднаш одам под туш, без разлика дали ќе каснам некаде или не. Искрено, си се гнасам од мрсна коса, и прво што приметувам кај девојките е косата. Така механички погледот прво таму ми лета. Сепак, косата е битен момент кој ја прави целосна сликата за еден човек.
    Никогаш си немам допуштено да мрднам од дома со мрсна коса, апсолутно никогаш!!!

    Во последно време почнав да експериментирам со препаратите. Ставам ампули, масла на косата, и уште неколку глупости, покрај редовниот процес на миење. Си правам колекција од спрејови за коса, што би рекла сестра ми.
    Нешто што страшно ме иритира е кога ќе видам расцветано врвче, или бело врвче пред расцветување. Страшно ме нервира, зошто и покрај толку грижа, косата пак по свое си тера!