Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опседнатост со коса!

Дискусија во 'Коса' започната од Scarlet88, 4 април 2010.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас не сум опседната. Само нормална хигиена и средување, ништо повеќе. Не ми се мрси многу косата и ја мијам на 5 дена. Е коа доаѓа ред за миење и ставам масла, ампули, шампон, регенератор, масна, силиконски капки......ама ова ми е ко ритуал веќе, не е опседнатост туку нега. И во тие 5 дена само пред излегување ќе ја потсредам 10тина мин и толку, не ми е во мисла цело време.
    Ја немам испеглано цела година од причина што ваква природна најдобро ми стои. Природно ми е од вратот надолу кршена и малку виткана, а ако ја испеглам бидејќи иам многу тенко влакно и ми е ко залепена за глава, не ми се свиѓа. Само фризер може убаво да ми ја среди ама избегавам да ја горам. Не ја ни сушам со фен па немам потреба често да одам на фризер, не ми пукаат врвовите

    Тоа е тоа, во 5 дена и посветувам 3 саати, додека ја измијам и да ми се исуши природно и толку. Сега нормално не ми е тој распоред и толку, ама треба да излегувам навечер ја средувам повеќе

    Едно време бев опседната со должината. Ја израснав и сега ја оставив на мира :)
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас дефинитивно сум опседната со мојата коса, си признавам. Секогаш што и да правам си ја местам косата, морам да знам како ми изгледа, дури некогаш премногу се оптеретувам со мислата : Каква ми е косата?! Ја мијам минимум два пати во неделата и тоа само со шампон и регенератор бидејќи ако користам било што друго ми се појавува првут. Покрај тоа користам понекогаш пена и секогаш силиконски капки. И да, покрај тоа што премногу сум опседната со косата, свесно си ја горам. Не можам да не ја испеглам после миење, а по потреба и преку останатите денови, а пред излегување обавезно. После миење ја сушам со фен и потоа ја пеглам, а во лето ја оставам сама да се суши. На фризер одам тогаш кога имам потреба, обично на три-четири месеци кога ќе почне да ми се расцветува косата и фризерката знае најубаво да ми ја среди косата.

    За мрсна коса ми се има два-три пати да имам излезено така, бидејќи сум се брзала, иако не си дозволувам да имам мрсна коса и секогаш ја мијам на време, ама ете ми се случило и на мене така да излезам.
     
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    хех Значи јас овде си сум нај опседната со мојата коса ,нормално то прво го забелезувам и кај другите затоа што ми е тоа прфесија , плава сум и мојата коса бара многу нега ја мијам на 2 дена , ја фарбам на 2 ипол недели , ставам регенератор секое миенје ,силиконски капки,па лосион од рецепт па од шбарцкоф за сјај и нон стоп си ја фенирам ,секое миенје ,мора то ми е задолжително мора средена косата да ми е , ко ке видам некои девојки како шетаат со несредени коси ми се крева оваа мојата и се чудам како мози некој д ане ја мие косата и така да излезе со мрсна пошто има и такви :emo: :fubar: :?: :^)
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ZIrinka

    ZIrinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Јас сум опседната со мојата коса. Не сметам дека тоа е лошо, многу ми е догледана )
    Како поинаку - незнам. Долга е 100 см, природно руса и немам расцветени врвови иако се шишам еднаш годишно. Опседнатост со својот изглед е убава работа!

    Полошо е кога девојката е опседната со некои модерни фризури, се шиша 4 пати месечно или менува боја, па косата не успева да одрасне.. .
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Па и не сум ептен ептен опседната. Единствен проблем ми е мрсењето, претерано ми се мрси ама нема што да и направам, со глава ѕид не се руши. Ја пеглам или средувам кога не ме мрзи. Ја кратам еднаш годишно, затоа и ми е толку долга. Затоа што ретко одам на фризер дури страв ми е, ми треба психичка подготвеност да идам да се скратам. Вчера ја скратив едно 5 цм :doh:
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Здраво јас сум маче85 и сум опседната со мојата коса.. :bow: Деновите пред да одам на фризер ми се страшно трауатични и во 99 % од случаите завршуваат со плачење..Патетично..знам.. :tmi: А да не правам муабет за тоа дека секој ден си гледам до каде ми е порасната, каква ми е на сјај, да не ми се расипани кадриците, да не имам некое расцветано влакненце и сл. Маски, ампули, витамини се се клукам и шлакам. Пролет и есен МРАЗАМ од причина што како на сите така и мене ми паѓа, ама со таа разлика што јас сум строго убедена дека ќе останам ќелава..и така... :D
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Еве и јас кревам два прста за опседнатост со коса.
    Па женски сме, да му се сневиди, мора да си водиме грижа за косата, сепак таа е меѓу првите нешта кои соговорнкиот ги заприметува на нас и каков впечаток би добиле еве, конкретно вие, кога би зборувале со некоја си икс особа со мрсна, несредена, да не кажам запуштена коса !?
    Отсекогаш сум ја имала таа некоја си опседнатост со косата, почнувајќи уште од 5то-6то одделение, кога секој ден си правев разни фризури за во школо- ту ваква, ту таква плетенка, репче, она - ова..
    Сега пак, многу си ја свиѓам косата права, ама пошто сум преголем ситничар, дефиниција за права коса ми е буквално права, без ниту едно непоминато, или не дај боже извиткано влакно! Знам дека звучи шмизловски, ама едноставно јас се чувствувам убаво кога и мојата коса изгледа беспрекорно и убаво.
    До пред скоро имав многу долга коса која секако си бараше и нега, но и сега кога ја скратив, ништо од претходните тинтрења не и' е ускратено - разноразни шампони, маски, регенератори, пени, спрејови, силиконски и какви ти уште знам капки, гелови-мелови сеуште се користат. Редовно одам на фризер секој месец, а неретко другарките знаат да ми замерат за таа моја би ја нарекла и навика во последно време - абе ај остај ја да живне малце, таман ти порасне косата ти - оп, одма на ножици ја маваш!
    Ја мавам одма или не, сега или веднаш - ама баш моја работа си е, бидејќи јас си ја носам на себе и сакам да изгледа убаво. :)
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Јас сум претерано опседната со косата, со боја, корени,испукани врвови , а најмногу со должинта. Во 2-ра средно (пред 5 години ) си ја скратив косата на кец (а претходно ми беше до половината, ете, сиот гнев го истурив врз неа и изгледав ко тифусарка :rofl: ) После тоа, ми потпорасна4-5 цм и така си ја носев една година,дури бев сигурна дека никогаш повеќе нема да посакам долга коса .Но,по точно година од масакрот,се запнав да ја растам, а ваму не сакав да се откажам од плавата боја,па можите да замислите колку време, нерви и пари ме чинеше сиот тој процес ! И ден денес не сум задоволна од должината (39цм) ,постојано си го тегнам едно праменче од зад убо и го мерам, ако не секој ден - преку еден, небаре тарана и турам, Бог да чува и сето тоа ме вади од контакт! Ја мијам преку еден ден ,лак,пена и гел не користам, само капки (и тоа од немајкаде, сум ги купила веќе ,да не ги фрлам за бадијала) ,фен и преса -ретко ...И крајно време е некој да ме опамети во врска со ова,најголема опсесија ми е од се друго во животов!
     
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Не сум опседната.
    Сакам косата да ми изгледа убаво, да не е мрсна или нефарбана на корен, ставам капки да ја заштитам и толку.
     
  10. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Јас сум опседата со мојата коса многу сакам да ми изгледа добро,да има сјај и да ми е голема,задоволна сум и од тоа што користам ги земам шампоните и регенаторите на елсеве и силиконските капки од авон,одвреме на време и ставам и к'на за да ми се зацврсти...но никако не можам да ја пораснам.....
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Нее, со шминка-можеби, ама со коса-не...
    Порано бев по малку опседната, со често бојадисување и такви работи, ама ете... поминаа 2 месеци, а јас планирам дури во август да се фарбам. :D Причина-ме мрзи... :yawn:
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    опседната сум и тоа многу
    ја мијам преку 2 дена а се случува да затерам и секој ден и фатена да ми е сакам влакно да не лета и чиста да ми е шампони често менувам морам да имам квалитетна маска за коса и квалитетен спреј за расчешлување да не ми се куби косата ретко ја фарбам да не ја оштетувам,секогаш гледам колку ми е порасната не ми е,пиев ампули против опаѓање на косата незнам што уште не неможам да се замислам да излезам со несредена или пак недај боже мрсна коса ...
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Незнам дали тоа би можело да се нарече опседнатост, но сепак многу сакам да се грижам за косата, секогаш настојувам да ми биде средена и чиста. Кога косата ми изгледа добро, и јас самата се чувствувам поубаво, полна сум со самодоверба без разлика на тоа како сум облечена, дали сум нашминкана итн. Не си дозволувам да излезам некаде со мрсна или несредена коса, или со нефарбан корен, користам маски, регенератори и силиконски капки за што поголем сјај и здрава коса. И да, секој ден гледам до каде ми е порасната. :tmi:
     
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не сум опседната со коса.Сакам да ми е средена, нерасцветана и секако да не ми е мрсна, ама не се оптеретувам многу со тоа ;)
     
  15. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Се пронаоѓам тука многу :D
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    преопседната сум со долга коса ! не смее влакно да ми штрчи на страна, забегувам во тие моменти хахаа
     
  17. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Јас сум многу опседната со мојава коса. Значи секој минута ја чепкам ја гледам,да не ми е расцветана,да не ми забегува некое влакно од локните,опсесија ми е. :D
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    апла опседната во врска со мојата коса....рацете нон стоп ми се заплеткани во неа.... :/
     
  19. n.a.k.e

    n.a.k.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    7
    сум мн..... :( бидејки ми пајга али сега си земав сампон и нема да мислам мн на косава и да ја гледам цесто нека си стои и мозеби ке биде подобро ;( а колку само имав убава коса но ете сама сум крива сто ја остетив
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сите навлечени на тревка јас на коса :lol: Премногу сум опседнаа со косата.Летото ја мијам секој ден а зимата преку ден.Кога излегувам секогаш нешто и правам, не ми се случило да излезам без ништо да и направам :| Нештото на кое трошам најмногу време е косата :)