Опседнатост е малку за да се опише. Посебно бидејки не ми беш во најдобра состојба опседната сум со неа. Ја исфарбав пред околу година ипол и сеуште имам некои посветли прамени кои се како слама и ми ја уништуваат цела коса. За излегување најчесто ја носам со крупни локни, а обични денови ми е пеглена поточно фенирана. Ретка ми е но многу инаетлива
И јас сум опседната со мојава коса зашто никако не расне и цело време се замарам со нејзе и се што ке прочитам на форумов одма идам купувам,вака дефинитивно ке забегам
Опседната сум со мојата коса.И правам секакви третмани и сл.Ама пак не сум задоволна со неа.Сите ми ја фалат а јас во неа пронаоѓам еден куп маани.Едно накршено праменче на пеглана коса кај мене предизвикува пореметување.Многу ми смета оваа опсесија а неможам да си речам да одам на психијатар, мислам смешно е МИ смета кога шишките ми немаа волумен, т.е. ми се сплескуваа или оти сета ми лета.Неможам повеќе
Едно време богами си страдав од овој проблем, ама сега ич не и се замарам! Психата ми ја уништуваше порано, ама сега кој ја Спојлер ебе
A да препорачате некој добар шампон,со кој убаво би се дефинирале локните,но и меѓу другото да мириса сакам убаво.
Исто и јас како тебе , некогаш ми е страсно неверојатна , а некогаш неверојатно страшна....Препорачи ми некој производ ??
Не сум опседдата со мојата коса и не трошам премогу пари за маски за коса ампули за коса или силиконски капки.
Порано бев многу опседната со косава. Се мораше да ми биде цакум пакум Сега па и не се замарам многу со неа, само ја мијам со шампон и доста и е
Порано бев многу опседната, но сега не се замарам воопшто. Си користам шампон од бреза заедно со ампули за да ми расте косата побрзо, си користам и регенератор исто така но не се притресувам многу. Во саботата си ја ишишав, а ми беше многу долга и ич не ми е гајле . Коса е си расте.
Па и не сум нешто опседната со мојава коса Ја мијам 2 пати неделно бидејќи ми се мрси на 3-4 дена. Користам само шампон, бидејќи убаво ми се расчешлува и не ми требаат регенератори. Порано користев бидејќи не можев да ја исчешлам, ама тоа беше порано, нели. И да малце забегав од темава, инаку нормално дека не сакам да излегувам со неуредна или мрсна коса. Најпрво непријатно се чувствувам, а секако и се грижам за мојот изглед.
Си кревам срамежливо две прстиња. Опседнатост малку е да се рече. Претерано сум опседната. Ја чешлам, мијам 3-4 пати неделно, маслиново масло ставам, хемичар се правам и маски правам за косава, абе нема нешто што не пробав и ни сантим не е порасната како што треба. Тоа што ќе порасне метил На крај сфатив. Не треба толку да се малтретирам со косата
Не нема шанси.Не корситам никакви маски или капки ја мијам редовно со еден шампон пошто кога ги менувам ми се јавува првут и тоа е тоа...инаку ја кратам на 3-4 месеци
Не сум опседната. Никогаш не сум ни била. Можда затоа и ми е толку долга и јако влакното. Значи цврста и густа коса имам јас, згора на тоа и виткана. Уште ако се опседнам со неа ќе треба само на секое да отплеткувам тутки и да бидам со распрскувач за расчелшување во раката. Се грижам за неа, не викам не, ама не дотолку за да ми прерасне во опседнатост. Се што е во границите на нормалата е дозволено, значи дозволено е нормално грижење за косата, ама претерано не. Никој не сака да има три влакна на главата или коса со неубава форма. Сите сакаат да имаат убава и негувана коса било дали е долга или кратка. Негувана коса е најубава коса.
Jas i obrnuvam povekje vreme na kosata no sepak ne do tolku da se maltretiram inaku imam vitkana kosa i ic ne mi e problem dali mi bila naprcena ili ova ona bidejki mi e premnogu vitkana i na se ni primetuva dali sum ja uredila ili ne sakako za izlevanje i obrnuvam povekje vreme bidejki mi e gusta.. A najmalku sakam da ja peglam ili da me peglat zatoa sto potreben e 1 ipol cas i na kraj pak ke mi se izvitka za nepoln saat @
Не сум опседната од типот како некои девојки што прават, мора ваков шампон,мора да е испеглана,леле маска не сум и ставила или кој знае што. Си ја миам редовно, уживам да ја средувам пред излегување. И тоа е тоа. Дури и ќе потенцирам дека не ја пеглам-сметам дека со тоа многу би ја оштетила. Дури и локни кога правам тоа е со виклери а не со фигаро.
Да опседната сум и го мразам тоа -.-Значи за да искочам од дома косата мора да ми биде се под ред. Ако некое влакно не е убаво испеглано веднаш зимам пегла.. И користам 83746 тракатанци-спрејови,капки,шампони за ваква па за таква.. И уште мноогу други работи
Да, и јас спаѓам во таа група... Масла, креми, маски, спрејови... Што ли уште не, се со цел здрава коса Уште целам кон тоа, немојте да мислите сум ја постигнала целта А, и ја шишам секои 2 месеци...
Па... не може да се каже дека сум опседната.....Али онака сакам да ми е средена а кога ќе ме изнервира замам стегачот и растурена пунџа сместа и пак ми е убава.... Иначе за миење субрина и ставам понекогаш а и не ја пеглам скоро ич бидејќи ми е природно права и си се гордеам