Дали ви се случило некогаш да се опседнете со некого кој едвај го знаете или воопшто не го познавате само поради некоја работа која ве привлекла кај него? И почнувате деноноќно да барате податоци за таа личност, дури и заморувајќи ги луѓето околу себе? Се разбира, тука не станува збор за јавна личност, туку за која било личност од секојдневниот живот која ни на крај памет не би и дошло дека токму вие ќе се опседнете со неа. Ова најчесто е споредувано со еротоманија, иако нема баш некакви допирни точки бидејќи „еротоманите“ најчесто се убедени дека сите кои ги окружуваат (најчесто спротивен пол) се вљубени во нив. Овие луѓе најчесто се сексуално опседнати со некого, но немора да значи. Може едноставно таа особа да ги инспирира и да им предизвикува восхит и стремеж да бидат како неа/него. Имам другарка со ваков проблем која навистина ми значи и затоа ме интересира вашето мислење на оваа тема. Дали овие луѓе се манијаци или психопати?
Секако дека се психопати. Не е нормално да се опседнуваш толку со некој уште од првиот пат кога ќе го видиш.Без да сте имале некој контакт или некаков однос.Друго е привлечност и симпатија а ова е сосема друго.Досега не сум сретнала таква личност,но мислам дека постојат. Си мислам сега,изгледа и јас ќе да сум нешто вакво.Да му го гледам профилот 50 пати во ден и не е баш нормална работа .Се шалам,секако.
Не е нормална работа опседнувањето. Но колку се тие луѓе психопати, незнам. Може да стнува збор за минлива фаза, најчесто во пубертетот. Мене не ми се случило да бидам опседната со некој, сум осетила љубов, привлечност и се тоа но да премине во опсесија-никако. Ако позанаваш личност со ваков проблем, натерај ја да побара стручна помош, затоа што таквото однесување не е добро ни за неа, ни за другите околу неа.
На една моја другарка која е постара од мене една година и се има случено ова.Баш ова. Таа еднотавно беше опседната со една девојка која беше поголема од неа 3 години.Цело време за неа зборуваше,и се околу неа се вртеше во главата на другарка ми.Дури и беше под влијание на таа `девојката`.Ги запоставуваше и најдобрите пријателки за една личност која нема ништо да и значи понатака во животот.Незнам зошто и како но со текот на времето таа се отуѓи.Јас сум виновникот за тоа. И ја избистрив главата и и покажав дека неа воопшто не и значи бидејќи едвај ја познава..Нема смисла до опседнување.Ние самите сме си криви.Се сеслучува во нашата глава. Сега кога ке ја потсетам се смее...
Јас имав една другарка која беше опседната со нејзината комшика, нон стоп и го гледаше профилот, постојано зборуваше колку е паметна колку е најубава, колку е слатка, како била убава дента, како и кажала здраво имала прекрасни заби. Ја имитираше луѓе, одеше и кај козметичаркава на девојчето за да си ги прави таму ноктите, на истиот фризер... Мислам дека девојчево веќе почна да приметува и ја избегнуваше. После се откачи од неа па и фрли око на друга...Оток...Не беше психопатка, таман работа, ама сепак мене тоа малце ми е настрано сеа сеоддалечив малце од неа, а баш ме интересира која е најубавата моментално
Зависи со која личност би се опседнал... Примери- -Ако е спрема некое машко, можеби се работи за некоја хемија, привлечност, па почнуваш само да мислиш на него.... -Спрема женско, ако е новата девојка на твојот бивши, а теренот уште го чувствуваш како свој, па почнуваш да ја `манијачиш` девојката... / или бившата на сегашниот дечко... -Спрема некоја тетка/комшивка, ако имаш недостаток на љубов од мајката, па се фасцинираш и приврзуваш со друга жена... ИТН. Има многу примери, не можеш со една реченица да објасниш. Во секој случај, е губење време и енергија беспотребно, но не би рекла дека е психопатски. Би рекла дека е психопатски ако почниш да ја следиш стално таа личност, да ја манијачиш, и тоа трае дооолго време.
Мислам дека повеќе станува збор за идеализирање на одредена личност, која најчесто се јавува кај оние луѓе кои немаат доволна самодоверба и се стремат да ги допрат границите на идеалното,па бираат објект кој ќе им биде репер и совршенство за креирање на сопствената личност. Доколку духовната свест не е доволно развиена да ја осмисли интеракцијата со околината, се формира силно чувство на едно полусвесно его кое се карактеризира како заблуда, како за самата личност, така и за неговата околина. Со оглед на тоа дека ништо не настанува од свеста, туку од потсвеста, таквите чувства остануваат во неа и тоа како најблизок и најчест талкач на свесноста од кои свесноста ги формира своите мисли. Таквите мисли имаат дисфункционален карактер, бидејќи не се формираат од суштината на духовната свест и суштината на постоењето, туку остануваат „заробени“ со појавата и физичката егзистенција или околностите во кои личноста се наоѓа. Таргетна група најчесто се оние личности, да ги наречам лабилни по природа, кои го обезвреднуваат онаа што самите го поседуваат, а го воздигнуваат до бесконечно величање, она што некој друг го има.Нивниот поглед на стварите, најчесто е разбирање пропратено со чувство на беспомошност, страв, бес, тага и стремејќи се да имитираат нечиј туѓ начин на живот, си влеваат на некој начин самодоверба дека ќе ги исполнат сите критериуми за да бидат поприфатени од околината и дека нивниот живот ќе стане еднакво идеален како што е животот на личноста која ја идеализираат. Ниската свесност за себе, не мора секогаш да биде пропратена со негативни чувства.Понекогаш може да биде пропратена од задоволство и радост, а тоа најчесто се случува со исполнување на нивните себични потреби и желби, како и след од арогантни мисли за сопственото значење и вредност.Меѓутоа, таквото задоволство и радост, секогаш се разликува од суштинските чувства на радост, мир и смисол за духовната свест.
А,заборавив да напишам па затоа сега ќе допишам- И уште го чувам тевтерот во кој мојата другарка пишуваше за таа девојката.Кога и помогнав на другарка ми да се извлече од опседнатоста и реков дека се ќе и земам што чува од таа девојката.Тевтерот го земав каде што другарка ми пишуваше за неа. И реков дека ќе го запалам ама ете не го запалив до ден денес го чувам..Исто така и конецот од блузата.Сега сигурно ќе се прашате кој конец... епа еден ден другарка ми и исекла конец од блузата на девојката за да ја потсеќа на неа..глупости. И така..Ехе хе..со колку вакви јас сум си имала работа..
Јас мислам дека мојата другарка е крајот-опседната е со еден цели 10 години дали ви се верува?тој знае за тоа ама не и обрнува внимание а она упорно вели дека е затрескана во него ццццц
Матеа а таа е заљубена во него?Мислам дека таа повеќе е затрескана во љубовта отколку во него.Ако со тој човек немала ништо,тогаш како можеш да сакаш некого а љубовта и вниманието да не ти биде возвратено и тоа цели 10 години?? Се надевам дека ќе и помогнеш на другарка ти.Среќно!!!
Јас мислам дека се најдов во таква ситуација. Колку е сериозно не знам. Значи човекот и пред тоа го имав видено неколку пати и бев сосема рамнодушна, но тој еден ден не знам што се случи, ми го заврте умот одеднаш, почнав да си правам некои филмови во глава, ме привлече како никој дотогаш, почнав секојдневно да го отварам неговиот профил на Фејсбук и да ги гледам неговите слики додека еден ден не можев веќе да издржам така и го додадов иако се сомневав дали воопшто ќе ме прифати. Сега веќе се запознавме но и посмирена сум со тоа лудило. И да, заради таа опседнатост ја прекинав врската што ја имав.
Ама видете вака.Еве да речеме опседнати сте со некој,им зборувате на другите луѓе за таа личност,истражувате за неа и т.н. и на крај ќе ви здосаде и ете ќе ви помине таа опседнатоста.Дури и не мора да е личност,може да е некое хоби на пример.
Сум се нашла во слична ситуација запознав еден дечко на еден семинар прво се запознавме комунициравме како другари нормално потоа почна водичка да ми пушта и јас како и повеќето женски како будала се затрескав затоа што ретко кој може да му одолее ( како Брад Пит е ) имам дечко и мислам да ме викнеше одма ќе трчав кај него,дури неколку пати ме викаше на кафе среќа не можев да излезам некои обврски баш тој период имав и така некако оладив и сепак самоконторла си имав, но да го видам низ град не знам како би изреагирала најискрено ви кажувам
Ova se onie koi znaat detali za tebe, zjapaat vo tebe kade i da te sretnat, se obiduvaat da ti prijdat, a ti ili ne gi poznavash dobro, ili ne gi poznavash voopshto. Mi se sluchilo i na ulica da bidam zaprena i da me molat za razgovor zatoa shto dotichnata lichnost znaela deka pominuvam niz taa ruta. Jezivo. Ignore samo za vakvi i nadevajte se deka budalata ne e agresivna, pa kje ischezne sama.
Не ми се случило да се опседнам со некоја личност. Се случува понекогаш некоја личност од спротивниот пол да ми стане привлечна, ама да го замарам, да го прогонувам, да си правам филмови, не. Имав една случка од пред 8 години кога еден тип се опседна со мене. Јас имав нешто со негов другар и овој изгледа се надеваше дека ќе имам нешто и со него. Ми ѕвонеше на телефон, ми праќаше пораки. Јас не му враќав ни на повиците, ни на пораките. Па тој почна и од други броеви да ми досаѓа. Тоа траеше скоро 2 години. Не знам како, ама типов се откажа.