Почнав да комуницирам со еден дечко онлајн. Типот на почеток ми изгледаше сериозен но сега ми изгледа опсесивен уште од самиот старт. Се немаме ни видено а ми збора за деца,запросување,правење бебе. Сношти легнав да спијам и гледам ми испратил 30 нови пораки што не сметам дека е во ред за стабилна личност. Дали да ја прекинам комуникацијата со него додека е сеуште време или да му кажам дека таквиот начин на однесување ми смета?
Прво прашање, колку години има дечкото? Можеби е повозрасен и се разработила желбата за семејство, меѓутоа ова не е оправдување за неговото однесување. Сега до тебе е, зависи колку ти се допаѓа типот, доколку можеш да премижеш преку ова, доколку ти се допаѓа, комуникацијата е решение за се, go for it, но доколку нема нешто што би те привлекло и задржило кај него (напомена дека сеуште не сте се виделе, дека комуникацијата ви е online, па не знам колку добро мислиш дека го познаваш и колкава желба имаш за да го запознаеш), решението е прекин на комуникација. Мој избор би било прекин на комуникација и кратко објаснување за истото, не би сакала таков старт со некој уште пред да го запознаам, но сепак тоа е мој избор, секој си знае најдобро за себе. Поздрав.
Ти прави филм, за тоа демек колку е сериозен во намерата а во живо ке му биде незгодно да ти се доближи а камо ли деца да ти прави! Сум правел и јас такви филмови порано на девојки за кој ке сум проценел дека може да упали кај нив таков муабет. Ама изгледа грешно те проценил
Прекинав нормално е да не верувам дека некој се заљубил од 2-3 дена пишување.Па уште кога ми спомна дека имал само една врска а има 26 години ми падна сомнително.
30 нови пораки не звучи во ред па дури и да сте во долга врска. Дефинитивно има нешто чудно во неговото однесување и добро што си ја прекинала комуникацијата.