1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    ова е една од моите најголеми тајни (апсолутно никој не знае за ова). Го имам ова пореметување уште од многу мала возраст, не е претерано се работи за некои мали ритуали обично пред спиење(иако сум свесна дека ништо нема да се случи ако не ги направам, ама е многу посилно од мене), знам да се контролирам, не дозволувам некој да примети па макар и да ме убива тоа од внатре.
    Е сеа ме интересира дали знае некој како да ја искоренам оваа да ја кажам болест без лекарства,психолози или психијатри.
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    за што станува збор не можам да сватам :?: некако не ми е јасно
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    се работи за правење на некои ,,ритуали,, на пример трипати да измиеш раце, да изброиш колку предмети има некаде... Доколку не се направи тоа се добива некое анксиозно чуство и едноставно те гуши и излудува додека не ја направиш таа ,, постапка,, иако си сосема свесен дека и да не го направиш тоа ништо лошо нема да се случи. Не дека не знам сум глупа или било што ова пореметување го има секој 3 човек на планетава.
    кај мене не е многу изразено (среќа)
     
    На Istata od vcera, Eli23, Srebrna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    OCD или опсесивно-компулсивно пореметување колку што знам подразбира нервно пореметување кое се карактеризира со неконтролирани, несакани мисли и постојано повторување на исти ритуали и однесувања, кои имате чувство дека мора да ги извршите за да на некој начин вашиот свет , биде во ред.
    Со пообични зборови, значи да се биде опседнат со перфекција. Некои луѓе знам дека се опседнати со броење чекори, или прозорци или било какви објекти, кај некои се манифестира со подредување на предмети по големина, боја, форма, парен број, опседнати се со симетрија, еднаквост, болна чистота ...

    Не знам точно кои ти се ритуалите пред спиење и како ти се манифестира, во каква форма е, ама имав другарка која беше опседната со подредување на предмети, дали по големина или боја, значи не можеше да го тргне погледот од предметот додека не го мрднеше, ми вика не можам да заспијам ако знам дека не ми се наместени што знам некои предмети на еднакво растојание, на почетокот и не се забележуваше толку, ама после почна да се нервира, дури и до хистерија се доведуваше... Чаре? Пак ќе кажам, зависи од степенот на ОCD, како и за секое психолошко пореметување, според мене најубаво е да се зборува со стручно лице.
     
    На senjorita-v, Eli23, lovee и 2 други им се допаѓа ова.
  5. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    епа и јас изгледа имам некоја блага жичка на тоа облеката во гардароберот ми е наредена по боја и големина,исто и гаќичките ми се наредени по бои,чипки,детски,вакви,накви,чорапките,по бои.....имам нервно пораметување...... :?: јас за ова првапт слушам :|
     
    На flower55555 и Ana Chio им се допаѓа ова.
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    кај мене уште еднаш ќе кажам не е многу изразено
    пред спиење морам да ја исчешлам косата да измијам заби и 3 пати да ја исплакнам устата. и толку.
    други такви ,,ритуали,, немам.
    ама ако има некој некое решение без лекарства или психолози, ме интересра нека каже
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Колку што можев да прочитам, се делат во неколку групи:
    1) Опседнати со чистота. Се плашат од било какво загадување. Значи се работи за страв од бактерии, опседнатост со чистење и миење на раце (Хауард Хјуз имал вакво пореметување).
    2) Oние што постојано проверуваат по неколку пати дали апаратите за бела техника се исклучени, дали вратата е затворена и се поврзува со страв од опасност и повреда.
    3) Луѓе кои се плашат дека доколку се не е во перфектен ред, нешто страшно ќе им се случи и токму заради тоа ќе бидат казнети.
    4) Бројачи и подредувачи на нештата, опседнати со ред и симетрија. Можно е да имаат суеверија поврзани со некакви броеви, бои или начини на подредување на предметите.
    5) Собирачи - луѓе кои се плашат дека нешто лошо ќе им се случи доколку се ослободат од некои стари предмети. Постојано ги собираат работите , дури и оние од кои немаат никаква потреба (ова го имаше на Опра, баш ја гледав епизодата, и е прилично сериозно пореметување).

    Сега зборуваме значи за екстремно однесување, доколку не се препотувате, не ве фаќа нервоза и хистерија ако не е подредено нешто како што треба, тогаш е во ред, немате OCD ;)

    Princes, па не ми изгледа толку опасно ова однесување искрено, какви се не ритуали и однесувања не сум видела, ехееее... Кај мене книгите се подредени по автор и по големина, па не се сметам за ocd, ... yet... :lol:
     
    На Eli23, ditrih и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    да ама на пример порано се враќав дома пијана, повраќав и си ја чешлав косата :D
    не можам да заспијам ако не го направам тоа, едноставно ме јаде во натре, ме убива, не можам да спијам ако не го направам. А ,, не дај боже,, да отидам на одмор и да си го заборавам чешелот(трагикомедии е), или патувам негде со кола и ја треба да се чешлам.
    затоа ако знае некој како да ми престане тоа смотано чуство нека ми каже
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Принцес,немаш пореметување не си прави филм да ти е тешко...Тоа го прават сите луѓе,затоа што е единствен начин на кој сметаме дека имаме контрола на нештата и ни влева сигурност.
    Значи ти тоа што го правиш е ритуал,а не опсесивно компулсивно нарушување...И јас имам ритуал,морам да измијам лице,заби,да го поминам лицето два пати со лосион,да ставам крема,да ја спуштам ролетната ( и да е веќе така наместена,јас пак ја спуштам до доле и ја местам) до одреден степен...и легнувам свртена кон лево,правам круг околу своја замислена оска и заспивам на стомак со главата свртена на десна страна...тоа е,ритуал кој сум го стекнала оддамна и ми влева сигурност и чувство на контрола над нештата,малите деца пијат млеко,им читаат приказна за полесно да заспијат или пред училиште прават нешто кое ги прави замислено посилни за полесно да го поминат денот.
    Сите луѓе имаат нешто такво...
    Рушка наша убаво ви пишала,тоа е тоа нарушување,не ова твоево.
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    не си правам филм !
    а заборавив дека .......... овие точки морам да ги избројам колку се и !!!!!!!! морам да избројам колку се и сите можни интерпункциски знаци морам да избројам колку е а кога ќе видам :))))))))))))))))) вакво нешто косава ми се крева.
     
  11. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    Секој има ритуали кој ги прави пред спиење јас на пример пред спиење мијам заби се чешлам ставам креема лице повторно го местам креветот иако претходно бил наместен (ова го преавам уште од кога знам за мене) и не се чуствувам убаво ако не си ги направам овие ритуали
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Сите сме такви,тие се нештата кои ни даваат сигурност и кога сме најнесигурни.Речиси сто проценти сме сигурни дека секогаш имаме контрола над тоа,плус навика е во прашање,а кога не сме во можност тоа да го направиме имаме чувство дека нешто не е ок...И ви велам,не е само за пред спиење,ритуал пред факултет,работа,училиште...пред ручек....
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    значи ова моево не е загрижувачки многу? ама ме нервира тоа што мора да бројам интерпункциски знаци :(
    ај тоа со чешлањето и ред такви работи пак иде некако ама ова другово...
    и би ве замолила да не ставате повеќе од три точки, или запирки
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    :lol: :lol:
    И јас бројам коли понекогаш и обавезно ги гледам сите регистрации па што?? Секој има некоја „глупава“ навика :lol: Што си испаничила толку ?

    Имаше во една епизода на Вовев во анатомија човек со OCD и се сеќавам дека не сакаше да го оперираат дури не изброи 99 сирени и мислам дека мораше да стиска едно копче исто така 99 пати пред да го оперираат ТОА Е ПОРЕМЕТУВАЊЕ а не броење на интерпукциски знаци или чешлање на косата
     
  15. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам за ова, а имам и јас некој дел од тоа нарушување. Кога седам на маса мора неколку пати ќошето од масата да го допрам. Тоа од секогаш се случува, еве и сега додека пишувам... Ако не го допрам ме глода нешто одвнатре :) Чудна работа...
     
    На ReinaDeCielo, Stoimenovska и ditrih им се допаѓа ова.
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Охооооо, ја колку вакви ритуали имам.
    Пред спиење секоја вечер облекувам чисти пижами, значи нема шанси едни пижами да ги облечам два пати ако не се испрани. па следи тресење на перницата и обавезно перницата и постелнината да се на лице, значи копчињата надоле и цветовите нагоре, инаку ме фаќа паника и не можам да заспијам. Чаша вода до мене мора да има , на ја пијам , ама мора да е до мене. Без да ги измијам забите нема шанси да легнам. Сум пробала и цело време ме фаќаат паранои дека имам црви во устата.
    Пред да излазам од дома се мора да е исклучено, сите бољери, телевизорите па дури и фенот од струја го исклучувам.
    И јас често бројам безвезе ствари. Еднаш во салон 19.19 бев на рецитал и почнав да ги бројам летвичките од ламперијата... немаше крај... ама цела ја избројав :D Имав чувство дека ако не ја избројам нешто лошо ќе се деси.

    Мислите дека сум за на лекар :^) :D

    Сите луѓе имаат по некоја опсесивно компулсивна жичка. Тоа не е пореметување освен ако не е претерано силно изразено.
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Мислам дека оние ритуали како чистење лице и миење заби пред спиење не се дел од OCD. Нормално дека кога си стекнал навика дека ќе ти е тешко да заспиеш со немиени заби или со шминка на лицето.
    Јас во текот на животот сум имала повеќе такви манифестации. На пример кога и да слушнев или да помислев нешто лошо барав дрво да чукнам. Тоа ми се случуваше може 100 пати во еден ден. Мислев ако не чукнам навистина нешто лошо ќе ми се случи. Среќа се одвикнав. Сега имам други пореметувања. На пример кога си го мијам лицето мора прво 5 пати да плиснам вода за да го намокрам, се тријам со гел, па 10 пати вода да го исплакнам. Незнаете колку се нервирам од оваа моја навика. Се правам за да се одвикнам, се трудам да мислам на нешто друго само за да не бројам ама тешко ми успева. Друго, кога одам по плочки постојано се трудам да не згазнам на линијата туку ногата да ми дојде точно во средина на квадратот. Или на пример, постојано да удирам по 5 пати Refresh на компјутерот. Ако не се 5, незнам што ќе се деси. :$
     
    На taznata :(, ditrih и SummerLove26 им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Принцез немај гајле...кај тебе не е многу изразено туку во блага форма која е застапена кај секој втор или трет (како што напомена ти) човек..Брат ми имаше потреба се да му биде доведено во ред до перфекција..Од дома до на работа..Ама се исели на др континент и нели пошто се работи доста скоро цел ден се поминува во вожња и на работа..нема време дома многу да мисли и да се нервозира за тоа како му е подредена гардеробата, дали Тв или системот или лап топот му се под конец наместени на одредена далечина и слични некои работи..И кога помина одрдено време ми кажа само дека веќе не е толку опседнат со тоа се да му е до перфекција средено..Инаку јас имам слична навика али не нешто изразена..Едноставно отфрли од глава дека си опсесивно компулзивна..не си..Инаку ти препорачувам да ја гледаш серијата МОНК е таму ќе видиш што значи да го имаш ова психичко нарушување...јас би кажала.
     
    На Srebrna и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Уште од почеток сакав ова да го пишам! :nod: :y: Да, Монк си е посебна приказна :D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Принцес, ако твоево е за плашење, моето е директ за на лекар :lol: И јас си имам такви ритуали, навики , не знма како уште да се наречат. Јас обично некои работи ги правам исклучиво во непарен број. На пример кога правам слатки или кифлички ги бројам и на крај се правам за да излезат непарен број. Пред легнување прво секогаш проверувам дали има нешто под перница :$ не знам зошто, така од мала. Кога ќе излегувам се случило да се вратам три пати да проверам дали е исклучен бојлерот, ел. шпорет и слично. Дури гола од купатило се повраќам да видам дали бојлерот тогаш е исклучен, пошто на врата ни е индикаторот за вклучување. Никогаш не се капам со вклучен бојлер. И воопшто не знаев дека ова било некое „пореметување“ :?:
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.