1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Овде сите OCD испадна дека имамат :headbang: Миеле заби, чистеле, уредни биле, се чешлале, броеле плочки.... Дали вие разбирате што значи OCD и колку им е тешко на луѓето кои го имаат тоа? Тоа не е нешто кул, за фалење. Тие што го имаат OCD не можат да живеат нормално, тоа им го диктира животот. Не можат да се дружат со луѓе, нон стоп се анксиозни и се измачуваат во секој дел од денот. Миете раце??? Епа сите меиеме, њусфлаш!!! Тие луѓе мијат раце по 100тина пати во ден, после се што ќе допрат, било да е друг човек, храна, маса, компјутер. Нивната кожа на рацете е оштетена од прекумерно миење. Ако нешто мора да биде наредено во специфичен редослед, тоа не важи за во нивната соба (како кај некои што се 'пофаливте' тука), туку важи за каде и да се наоѓаат. Ако дојдат кај вас на гости и видат нешто дека не е подредено во специфичен редослед, ги фаќа паника, напад, забрзано чукање на срце, препотување, и сакаат или да излезат од таму, и да го наредат тоа, или да седат таму и да плачат. Ама истото им се случува и ако видат дрва кои не се наредени, на пример, по висина, згради итн. Тие се измачуваат и ако шетаат по улици. Ако таа што си ја чешлаше косата има OCD до сега без коса ќе останеше оти ќе требаше да поминува барем 5-6 саати во денот во чешлање, а остатокот од денот да се тресе и измачува оти баш во тој момент не се чешла.
    За жал, оние што имаат OCD многу се нервираат со коментари како вашите. Ова е тешко пореметување, до тој степен што не се издржува, а некои се прават КУЛ оти имале OCD оти си ги миеле рацете пред јадење!!! (facepalm)
     
    На Bojana890, Cherry333, tina2018 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
  3. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Колку што разбирам, опсесивно однесување е нa пример кога:
    - Ја затвораш вратата.
    - Проверка дали е затворена.
    - Затворена е.
    - Еден чекор назад.
    - Дали ја затворив вратата? Не сум сигурен да проверам.
    - Проверка. Затворена е.
    - Можеби не видов како што треба да проверам.
    - Проверка. Затворена е.
    - Два чекори на страна.
    - Треба да ја затворам, ама ја затворив или не?
    - Проверка. Затворена е.
    - Три чекори на страна.
    - Вратата мора да биде затворена. Дали ја затворив?
    Мислам да. Дали се сеќавам дека ја затворив?
    Да, се сеќавам дека ја затворив. Дали сеќавањето ми е денешно или од вчера? Денешно е.
    Како ќе знам? Има некаква денешна знаменитост. Која. Никоја. Ајде пак.
    - Проверка. Затворена е.
    - Пет чекори на страна. Затворена е, ама дали е добро затворена? Добро е затворена.
    Како ќе знам ако не проверам пак. Ајде пак.
    - Проверка. Затворена е.
    - Шест чекори на страна.
    - Вратата мора да биде затворена. Затворена е. Дали проверив? Да. Како ќе знам дека денес проверив а не вчера? Знаменитост на денес? Нема? Можеби е од вчера. Ајде пак.
    - Проверка. Затворена е.
    - Седум чекори на страна.
    - Ја затворив ли вратата? Да. Дали е добро затворена? Можеби нешто е оштетено со механизмот.
    - Проверка. Затворена е.
    ...
    Време за спиење.
    - Ја затворив ли вратата? Мислам да. Можеби не е добро затоврена, можеби нешто блокира од страна.
    Ајде пак проверка. Затворена е.
    Да не ја оштетив проверувајќи?
    Да не ја оставив отворена проверувајќи?
    Ајде пак...
    Вратата мора да биде затворена.
    Дали е вратата затворена?
    ...
    Пет сабајле, склет, паника, бес, доста бе веќе остави ме на раат да дишам.
    Нема мир, нема безбедност, нема дом - дарот земен.

    Амплификациски feedback loop, исто како фонија, само со фракталните групни хиерархии на неврони во главата. Позитивно е што барем е знак на свест која што работи, ако е тоа доволна утеха.
     
    На JustBeautiful, IamSexyAndIKnowIt, Regina.Phalange и 5 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Сакав да прашам дали е вродено нарушувањето(генетско) или се стекнува во животот?

    Од секогаш сум се чудела,дете на пријателка како реагира.
    Си умислил дека на семафор мора да стојат тројца па се додека не се соберат тројца не ја минува улицата.
    Второ.Пред да легне дома певберувал дали има 46 цвета на завесата..па три пати ќе ја угаси и запали сијалицата...и ред ритуали.

    Некако детето беше нормално се додека ненадеен смртен случај ги изненади (почина дедо му т.е. таткото на пријателката) па таа лошо реагираше и падна во депресија.
    После ова се смени детето.
     
    На theowndemon и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Сите по некое симптомче си имаме од ова :doh:
    #заМенеСиКажав
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Skorpija25 и referentka им се допаѓа ова.
  7. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Јас имам OCD, и не, воопшто не е лесно, некогаш и не знамкакви мисли ми доаѓаа само за да не поминувамнеколку саати пред спиење во разни ритуали кои што немаа никаква смисла, и тоа се за да не им се случи нешто лошо на луѓе кои што ми се блиски. Заебано е, и тоа многу, ама еве се борам некако
     
    На Remember, theowndemon и Me_Beatrix им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Има многу разлика од OCD,перфекционизам и ритуали,тенка е границата меѓу сите нив.

    Не знам @crimson со што се соочила,али знам дека е сосема во право.
    Нити е модерно,нити пак е лесно,и не си дијагностицирајте сами срања и психички пореметувања само зашо некој познат лик имал,или некаде сте прочитале дека некоја си таму статистика покажала дека лица со натпросечна интелигенција имале OCD.
    Примери како миење заби,чекорење по линии на плочки,броење на плочките,подредување книги и слично е многу различно од ова нарушување.
    Веќе кажано е се погоре,некој се потрудил да укаже на ова,нема да се повторувам.

    Ама се додека броење на плочки,миење на заби,подредување книги,облека,чистење на своја сопствена соба или дејства кои се поврзани со ваши лични предмети,тогаш нормални сте,и далеку е од OCD.
    Јас имам едно добри 5-6 годинки,почетоците ми се пред средно некаде во прва година средно се ,,фатив,,на дело како имав нагон да ја ставам чантата на мајка ми на одредено место,зошо ми сметаше да ја остави онаму кај шо ја остава вообичаено.Тоа беше ништо,во споредба со сега.

    Подоцна за кратко,премина бркање од дома потреба да сум сама целосно дома,неможност да живеам со некој,зашо имав потреба да контролирам и туѓи акции.
    Одам на одмор или друго место,и од прв ден почнувам да се обидувам да имам контрола во таа средина.Креирам правила како треба и почнува да ми смета.
    Да ти смета сликата да е ставена малку накривено е сосема нормално,можеби перфекционизам,али да полудуиш додека не ја видиш перфектно наместена и едно 30 пати да провериш дали е океј е стварно страшно,не дава можност за фокус,туку размислуваш само на сликата.

    Имам многу трауми од дество,имам и кажувано за семејни работи,исто како помала сум имала некои предмети што верувам дека не смеам да ги загубам,скршам и сл,зошо тие биле до мене во моментот на настанот кој ми предизвикал траума.Ова и не е толку страшно,суеверие би рекла.
    OCD-то кај мене се влошува од година на година,претходно на почетоците, јас не ни имав слушнато за вакво нешто оти бев прилично мала под 15 години,и се страмев,гледва да не ме забележи никој и се јавуваш некоја агресија и вознемиреност.
    Мајка ми нонстоп ја ,,бркав,,од дома кај пријателка или слично,уживав додека не е дома оти можев да ги следам моите нагони,од кај трета средно почнав многу да полудувам и да се иритирам,тогаш некаде дознав дека имало име и дека било нарушување.
    Имав тетратки испишано,малку шизо е да,за работи за кој морам да внимавам да се средени и слично,морам да ги памтам сите информации,апсолутно сите а нели е малку невозможно тоа,тоа ми е од страв од посрамување,страв да не знам нешто,ми води корени од основно од професорка по математика.
    Многу знаев тогаш,многу ме сакаше,се 5ки и еднаш нешто утнав ми стави 4ка,изреагирав,блиц прашање за да докажам дека треба да имам 5,трема или неспремност не знам,утнав малку,ме избрука како да докаже дека е таа во право и од тогаш имам страв од говорење јавно,испитување усно пред повеќе мина и сл.

    Информации секако запишувам буквално секоја информација,што за мене е битна,бројки,регистрации,факти...и од таму и тетратки куп.
    Миење раце,перење на постелнина ако некој седне на неа,макар и еднаш,премивање на садови,подредувања....
    Мислев дека е перфекционизам и нормално,се додека поради тоа не се осетив многу чудно и различно,немам фокус за учење/работа,коа излезам на кафе/забава јас не лудувам ко останати,туку правам слики во глава,пресметки и слично.
    Дури и додека сонувам,толку сум опседната што се трудам да запомнам се додека сонувам(луцидно сонување или? како год).
    Пред 2-3 години прво кажав на мама,али некако тешко ме сфати,као не ти е ништо нормално е,а и пред тоа ме имала забележано...и од околина као,те сфаќам знам,не ти е ништо обиди се да медитираш,да се смириш...а најмногу од се ми е застрашувачко напади на бес ако не ја следам потребата,а многу се воздржувам.
    И далеку дека ми е ова гордост или достугнување,само сакам да продолжам да живеам нормално као сите останати,ептен е непријатно и уморува,одмзема многу енергија и еден период западнав многу во депресија поради ова.
    Се надевам ќе има лек,собрав храброст за разговор со психијатар,собрав храброст отворено да зборувам тука,ама сепак тетратките никој не смее да ми ги гибне сеуште,многу ми е непријатно и страм да чита некој.
    Страв од заборавање/не знаење што год.
     
    На Remember, tina2018, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="kikkki,

    Najvazno od se e shto si otishla na lekar, so seansi i soodvetna terapija se kontrolira pa duri i nadminuva.....
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    dali ima nekoj so OCD da mi pise poraka
     
  11. Dr.Zzz

    Dr.Zzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Во одреден период уште кога бев тинејџерка, забележав вакво однесување кај мене. Посебно беше изразено за време на стрес(школо, домашни проблеми), тогаш не знаев дека се работи за ОКП. Се состоеше од некои мои мали ритуали кој ако не ги извршев мислев дека нешто лошо ќе се случи со моите најблиски, и немаше да се смирам додека да речеме не го изгасам светлото три пати, или тонот на телевизорот не биде на 5,10,15,20. Во некои периоди беше толку ужасно што буквално ми го контролираше денот, а ми беше срам да се доверам некому едноставно знаев дека нешто не е во ред. И се решив дека нема да дозволам обичен ритуал мене да ми влијае на животот дека тоа ништо не значи, и ништо лошо не се случува доколку не го направам тоа. Со време симтомите исчезнаа, но одвреме навреме, забележувам дека се враќаат особено кога сум во некој стрес. Изгледа јас сум го спречила на време и сум сд соочила со него, без да го знам неговото име ОКП. А инаку сметам дека секој човек е помалку "опсесивно-компулсивен", но само оние кој дозволиле да ги надвладее, и да го контролира нивниот живот ја имаат таа дијагноза.
     
    На tina2018, Viki693, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Си страдам и јас од ова пореметување.

    Морам 1498397438 пати да се измијам раце, некогаш гледам да ги игнорирам тие потсвесни мисли што ме тераат да направам нешто, ама некогаш е посилно од мене.Пример преѓе на масата имаше две запалаки едната беше до мене другата подалеку и нешто ми рече мораш другата да ја земиш и одам другата ја земам.Така за ситници си правам или ако оставам светло нормално го оставам и после нешто ми вика оди угаси го, оди одма.

    И многу други работи, се трудам да не обрнувам внимание ама некогаш е посилно :worried:
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Јас имам OCD со броење букви и спелување уште од мала.
    Имам OCD со тоа што секогаш мора да е се како ,,под конец” пример до крај да го дотрошам пенкалото, до ивица да пополнам фиока, пефектно да ми е здиплено нешто, шампоните да се наредени по висина, после галење животно макар и домашно обавезно 2-3 пати мијам раце.Цигарата ја пушам до крај, кафето го пијам до крај..
     
  14. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.231
    Пол:
    Женски
    I have CDO it's same as OCD just the letters are arranged as it should be
    .... На кратко.... Редам книги по висина, исто и чаши, чинии, прибор за јадење, совршено здиплени крпи, долен веш, алишта подредени по боја, текстил, спарување на штипки да се со иста боја како и алиштата што ги спружувам, алиштата да бидат подредени по големина.... Ухууу... Се ова ме вади од такт ако не е така..... :worried: ме фаќа паника ако не е како што треба да биде ... (facepalm)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hoex

    hoex Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    189
    Не знам само како живеам вака. Уште од детство имам OCD. Сега ќе ви набројам неколку работи што сметам дека ако не ги направам ќе се случи нешто лошо на моите наблиски или на мене...(дури и некои работи не можам да ги објаснам едноставно со зборови)
    -кога ќе искочам надвор ги гледам регистрациите и поврзувам некои датуми и мислам дека на тие датуми нешто лошо ќе се случи
    -пример кога ќе видам некоја регистрација не смеам некои бројки што не ги сакам последни да ги видам, морам последно да видам бројка која ја сакам
    -мора пример некогаш на поминување да допрам ѕид
    -кога се качувам по скали прво стапнувам со десната па после со левата нога
    -морам последно со десна рака да допрам некој предмет
    -мора да биде наместено се' како што јас сметам дека треба да биде наместено
    -исто сметам дека светлото треба да го исклучам по втор пат и станувам да го направам тоа
    -при облекување морам прво да го облечам десниот ракав па потоа левиот
    -сите работи што ги правам мора да бидат во непарен број
    -надвор на улица морам да скинам некоја гранка или лист
    -при миење на заби морам да се гледам во огледало
    и уште многу работи кои како што споменав не можам да ги објаснам едноставно...
    Иако на многу од вас ќе им изгледа дека нешто не е во ред со мене или ќе си речат психопат/ка, тие што навистина го искусиле ова, се надевам ќе ме сфатат.
    Сакам да пробам се' ова некако да го победам... и сум пробувал и пак не можам...
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dd1

    Dd1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Odamna nikoj nisto ne napisal, na temava.
    Ima nekoj vklucen, da si pomuabetime?
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Moze slobodno
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    И јас сум тука.. Од ова растројство глава не можам да кренам се полошо и полошо. Катастрофа:( Морам се да правам по 3 пати, воздухот што го дишам мора да го задржам додека одам (а секако ме фаќаат и вртоглавици од тоа) ама ако не направам мислам дека којзнае што лошо ке се случи. Морам 3 пати да се качам по скали, исто така се во непарен број мора да правам, кога работам на лаптоп мора со глувчето да поминам на секаде на екранот по 3,6,9 пати зависи на што лошо мислам дека ке се случи ако не го направам тоа. Со еден збор цел живот мислам дека ми е уништен, мислам дека нема спас ке морам да живеам со ова не можам да функционирам нормално кога ке тргнам некаде да стигнам како што треба или пак да направам нешто како што треба.. Катастрофа
     
    Последна измена: 1 јули 2020
  19. Dd1

    Dd1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Ima li nekoj, sto uspeal da se spravi so ovie gluposti ?
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Опсесивно-компулзивно растројство се третира со лекови и со когнитивно-бихејвиорална терапија. Иако симптомите може да траат и после терапијата, но луѓето што посетувале терапија се стекнале со вештини како да се справат со проблемот, како да имаат подобра контрола врз ритуалите и со сето тоа им се подобрува квалитето на животот.