1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски
    Na DRZAVNO PREGLED SO UPAT E 150 den,na privatno 1000 ili 1500 den.
     
    На Boka98 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    За оние со сексуални несакани мисли ОКП и сензациите кои истото ги предизвикува до мера што можат да се случат дури несакани оргазми од анксиозноста што ја предизвикуваат при мастурбирање или водење љубов со партнерот.
    Во моментите на секс кога ви доаѓаат несаканите мисли( не фантазии) тоа се мисли што не ги сакаме и не се од нашата реална сексуална природа, не секогаш гениталиите се исклучуваат, често, напротив, се чувствуваат поголеми сензации од стравот од мислите.
    Се вика одговор на препони и е сензација како пулсирање, печење, вибрирање.

    Во текстот сѐ е многу добро објаснето зошто се случува тоа и дека нема простор за паника.
    ОКП игра на тој трик со кој после ќе ве убедува дека сте "уживале" и дека има "доказ" за тоа.
    Истите сензации ги чувствуваме и кога гледаме нешто што е од морбидна природа, оти гениталиите реагираат со сензации и на нешта од кои чувствуваме задоволство и од тие од кои стравуваме / се гадиме.
    Прочитајте ако знаете англиски за да не се трауматизирате поради сензациите.
    Најнормален одговор се на ОКП!


    https://www.psychologytoday.com/us/...ense-physical-sensations-in-sexual-themed-ocd
     
    Последна измена: 3 април 2022
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Minhen987

    Minhen987 Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Браво, убаво е вакво нешто да се прочита .
    Ве молам за совет кај кој психијатар и психолог одите ?
     
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Одев во минатото кај психолог и психијатар кои сега се во пензија.
    Повеќе од деценија не живеам таму.
     
    На Srebrna и Minhen987 им се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, поготово за сексуалните ОКП и нивните сензации кои ги предизвикува без да ужива во нив лицето.
    Истите се одговор на препони од преголем страв и лицето може да ги поистоветува со задоволство, а НЕ Е.
    Пример ако имате несакани мисли кои одат до степен на ОКП со нешто што не го сакате, ама окп то ве убедува дека можеби го сакате и кога ќе го видите или замислете објектот од кој стравувате можно е да се почувствува вибрации, жежење, пецкање, помрднување во гениталиите како кога се стресувате од адреналински шок, или ако тие мисли ви дојдат додека имате секс исто можат да се почувствуваат многу повисоки сензации без разлика што вие всушност се гадите од тие мисли.
    Гениталиите не секогаш се исклучуваат кога ние сакаме.
    И на тој трик игра сексуалното ОКП кое ќе ве убедува дека сте уживале чим сте осетиле "нешто".
    Затоа е добро да ги знаеме овие телесни феномени кои се природни и да не тонеме во уште поголема неизвесност и барање докази оти тоа се храната на ОКП ТО.
    ЗА жал како нација сме многу слабо едуцирани на овие теми и 90% од луѓето мислат дека ОКП е само опсесивно миење раце или броење плочки.
    Сѐ што е опсесија и компулсија а не уживаме во неа, а нешто одвнатре нѐ тера постојано да анализираме и бараме докази е ОКП.
    Плус има пјур О од кое пациентот нема надворешни видливи компулсии, и опсесиите се случуваат само преку мислите.
     
    На Minhen987 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Minhen987

    Minhen987 Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Кај кој психијатар и психолог одите ?
     
  7. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Ви одговорив не живеам таму.
    Не знам сега кој е толку добар таму за ОКП.
    Слушам дека многу психолози и психотерапевти таму не се добри за ова растројство и не се запознаени со сензомоторниот систем кој ова растројство го активира и имитира сензациите, и многу пациенти всушност поминуваат погрешно дијагностицирани таму.
    Знам лице кое имаше повредување ОКП и психијатарот за малку што не му викнал полиција, замисли.
    Таму многу поверојатно е да те доразболат.
    Плус срамот да се зборува за табу теми е исто така голем.
    Стварно не знам кој е баш добар за ова таму.
    Двајцата кај кои одев се веќе во пензија.
    Ама еве од членовиве овде многу се жалеа дека не ги разбираат и не работаат терапии кои по светот на големо се спроведуваат и многу помагаат за ОКП.
     
    На Minhen987 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.387
    Пол:
    Женски
    Опсесивното компулсивно растројство е мнолгу повеќе од "миење раце"
    Мнолгу се големи шансите да премине во фаза на психотичност.
    Е тоа е веќе проблем,а не миењето раце на една минута.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Па зависи од пациентот колку има капацитет да го разбере своето растројство.
    Има луѓе кои го разбираат и умеат да го одвојат ирационалното од рационалното и го контролираат окп то кое со работа на себе може многу успешно да се препознава носи и разбира, но за жал има и такви кои немаат капацитет да го разберат и веруваат дека некој ѓавол влегол во нив и уште повеќе го хранат ирационалното во растројството што секако може да резултира со психотичност.
    Знам случај кој почна да зборува и вика сам по улици зашто мислеше дека е опседнат од некои демонски сили, шизофренија немаше, имаше ОКП кое за жал не умееше да го разбере.
    Затоа треба да се зборува многу на оваа тема, зашто со секоја издржана информација плус и кршење на табуата, спасуваме нечиј живот од агонија.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Разликата помеѓу психоза и неуроза е многу голема, а окп спаѓа во неуроза. Симптомите не се ни малку слични, така да веројатноста окп да премине во психоза е еднаква на нула. Има и цели истражувања за ова. Психозата е дел од шизофренија и биполарно растројство како примарна дијагноза, а окп може да е секундарна. Затоа е многу добро да се пронајде добар психијатар да се дијагностицира , а потоа работа со психолог.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и баш на оваа тема ти имам одговорено Вера Јовановска Типко една од најдобрите дијагностичари за окп. Не знам дали ја имаш исконтактирано, ама докторката има големо познавање.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Наталија, се согласувам со напишаново, но имам читано дека во многу тешки(напреднати) верзии на ОКП иако е екстремно ретко, можело да резултира со психотични карактеристики..
    Во еден документарец гледав случај со нетретирано ОКП со години константни опсесии кои за жал кај лицето преминаа во делузии и покасно имаше прва психотична епизода.
    Се работеше за мајка со повредување ОКП.
    Дали жената имаше латентни други растројства, не знам, го исклучив документарецот зашто ме фати паника.

    Од дете имам ОКП. Нема категорија која не сум ја поминала.
    Најдосадното е што знам дека е тоа, многу прецизно го препознавам, но и понатаму наоѓа теми каде знае да ме сопне и да ме натера да се преиспитувам, и толку треба, новата опсесија е тука.
    Многу работа треба на ова, премногу.
    И пренасочување на опсесивниот карактер во продуктивна опсесија.
     
    На Minhen987 и Ordinary им се допаѓа ова.
  13. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Самото изолирано ОКП секако дека нема ништо заедничко со психоза, но за жал нетретирано и неразбрано од самиот пациент во комбинација со други надворешни фактори кои би влијаеле деструктивно по лицето мислам дека можат да насочат кон психотични епизоди..
    Познавав лице кое имаше само ОКП, дијагностициран беше веќе, не се заинтересира да го среди, земаше едно време терапија со медикаменти, па беше добар, ама не го имаше разбрано своето растројство, се потпираше само на медикаментите и психијатар и толку. После му се случија некои приватни драми, сиромаштија, лош социјален живот, нови тригери, нови опсесии, неуротична долга состојба, делузии и за жал еднаш го видов како се кара сам со мислите по улица и одбегнуваше да оди таму каде му беа опсесиите зашто тогаш веќе веруваше (делузија) во нив. За жал!
    А пред ова ниеден психијатар го немаше дијагностицирано со нешто шизофрено или биполарно.
    Имаше само ОКП.

    Превисока анксиозност може исто да доведе до психотични моменти, секако додека трае нападот и не е класична психоза која доаѓа од нигде никаде како кај биполарно и шизофренија. Али може да има психотични сегменти.

    Сум дошла до вакви информации и ми изгледаат логични, ако грешам поправете ме.
    Не сакам никого да плашам, пред сѐ самата го имам растројствово и би им препорачала на сите да не се срамат и плашат да зборуваат за истото и да вложуваат МНОГУ во него.
    Целокупниот социјален живот, работата на растројството и информираноста за истото се клучни.
     
    Последна измена: 21 април 2022
    На Minhen987 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kriss..

    Kriss.. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош. Како може да се помогне на личност со окп? Моја блиска го има тој проблем долго време , но веќе почна и луѓето околу себе да ги оптеретува во смисол да направат таа што ќе направи или да повторат таа што ќе каже, да поминат каде што таа поминала, миење раце и т.н.
    Секој ден има нови "ритуали" и никако да престанат.
    Се работи за личност на 30 годишна возраст, притоа несака да побара стручна помош бидејќи е убедена дека нема проблем и дека било само глупава навика.
    Како јас д и помогнам?
     
  15. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    2.311
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со ОКП иако пијам апчиња и за тоа (асентра). Ама тие се и за други ствари што јас ги имам ама не сметам дека имам некои ,,ритуали". Мој совет ако и идете по кеиф да престанете.
    Да пробате малце со лошо. Ваљда би требало да се освести. Игнорирајте ја и ќе смени нешто.
     
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    8.021
    Пол:
    Женски
    Блиската личност со OCD има претерана потреба да се осигура, да и се потврди и да се провери (ERS - excessive reassurance seeking). Тоа што го прави е исход на целиот процес што претходно се одвивал во неа- некоја непријатна мисла која и се наметнува и предизвикува страв, тоа и предизвикува потреба да реагира некако, зошто ако не реагира расте вознемиреноста и конечно прави нешто што моментално ќе ја смири.
    Блиските, ти во случајов, интуитивно сакаат да помогнат на лицето со OCD да му олесни и да му ја намалат вознемиреноста и не одбиваат да им даваат потврда, односно да ги осигуруваат кога ќе им побараат макар и по 100ти пат. Блиските сакаат да помогнат макар и на кратко да му олеснат на тој што се мачи со OCD, па не им е тешко да им ги одговараат прашањата и да им ги исполнуваат барањата.
    Но, реално одговарањето на таквите барања само ги зајакнува компулсивните навики. Кога им давате одговор на повторувачките прашања или правите нешто на нивно барање за нивна сигурност, уствари имплицитно им кажувате дека нивните прашања се логични, валидни и добри (а не нелогични, непотребни, неосновани) и дека нивниот ритуал/однесување можете да ја правите, потребен е и функционира (а не дека е уствари непотребно, нефункционално и заморно однесување).
    Да, моментално и привремено ќе им олесните ама на долга стаза не. Само го зајакнувате. Лицето со OCD и после твоето осигурување и потврда не престанува со опсесивните мисли и не му згаснува импулсот, туку оди да провери самиот.
    На пр. ти самата ќе провериш врата, шпорет, светло и се што ќе ти побара, за после некое време сама да стане и да провери уште еднаш.
    Тоа е затоа што со самото тоа што ти си проверила, одговорила и сл. си и ставила до знаење дека навистина она што ја загрижува е за загрижување и за проверување. И штом е такво, тогаш што и да направиш и кажеш нема да е доволно за да се осеќа сигурна. Ќе мора сама провери и да се осигура.

    Најдобро е да побара третман за состојбата кој обично вклучува психотерапија и медикаменти. Сега негира велиш, но можеби со време ќе си признае дека има проблем и ќе побара решение. Со сила неможеш да лечиш никого. Ако не го третира, постои можност со тек на време да се влоши состојбата и тогаш да сфати дека има проблем зошто и смета во секојдневното функционирање.

    За лица кои одат веќе на терапија се препорачува за повторувачките прашања/барања да имаш однапред подготвени фрази со кои ќе им одговориш, кои ќе им ја намалат лагодноста која се навикнале да ја добиваат од тебе. Со други зборови, не сакаш да и помогнеш да со тоа што ќе и ги олесниш ритуалите.
    На пр.:
    -Ова звучи како прашање со кое само ми бараш потврда. Можам да ти го одговорам но на тој начин ќе ти одмогнам. Што сакаш да направам?
    -А што ако малку почекаме пред да ти одговорам на прашањето, да почекаме да видиме дали и попосле уште ќе те мачи исто толку многу, па да ти одговорам подоцна? или малку погруба варијанта:
    - Ова ти ме прашуваш или твоето OCD?

    Но, ако се работи за личност која не си признала дека има проблем, која не оди на терапија, или која е под третман, ама само што почнала со него, можеби треба тие одговори да се малку повнимателни, поумерени и постепено да почнуваш да и ја ограничуваш поддршката.
    Значи да и дадеш повратна информација на некој љубезен, нежен ама сепак искрен начин, како тие барања тебе ти влијаат (или на твојата работа, брак, семејство и сл.).
    Многу ефикасен одговор некогаш е одговор без ниту збор да проговориш, односно да дадеш невербален одговор само со поглед, мимика или гест. Да направиш фаца во стилот -навистина ти треба одговор на прашањево? или нешто сл.
     
    На Srebrna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kriss..

    Kriss.. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Одам по кеиф да, сум пробала и со лошо со одбивање меѓутоа тука нставуваат караници, нервози, викање и досаѓање се додека не го направам тоа што "треба"
     
  18. Kriss..

    Kriss.. Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Благодарам премногу. Ова со прашањата ми изгледа како добра варијнта, вреди да се проба..
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. butterflyflowerr

    butterflyflowerr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Ве молам за помош.Нова сум на форумот а и со таа цел го направив да побарам помош .Доста време страдам од OCD кое можев да го поднесам и контролирам но во последен период почнаа да имам интрусивни мисли од кој и јас самата себе не се сакам повеќе ми се гади ја губам волјата за живот немижан да издржам повеќе каде мислам дека ме привлекуваат луѓе од исти пол иако имам партнер,ги повредам саканите премногу ми е тешко незнам каде да се обртама барав по форуми нема многу информаци дури прочитав каде некој побарал помош и не го имаат разберено погрешно .Ве молам доколу знаете некој психолог или психијатар кој знае и разбира нека ми помогне било каква информација би ми било од помош .
     
    Последна измена: 16 јули 2022
    На Boni3 и Boka98 им се допаѓа ова.
  20. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Pisi mi licna poraka, ke gledam da ti odgovorom sto poskoro..
    Poslabo imam vreme periodov.
    P.S Ke se smees eden den na ova.
    Gi pominav site seksualni kategorii na OCD I intrusivni misli, vreme treba , trpenie, I verojatno dozivotna rabota na sebe..
    Godini nemav nisto pa lani doziveav teska epizoda posle stresot so koronata so bizarna tema povtorno.
    OCD sekogas naoga novi temi posle nekoj trigger .
    Nakdobro se raboti so psihoterapevt na ova I posle samata, ama ne znam kolku dobri gi ima tamu pogotovo za seksualnite OCD a , mnogu pogresno mozes da bides razbrana.
    Ke ti pisam poopsirno I ke ti pratam dobri video koi mi pomognaa mnogu skoro koga me insmm poveke vreme
    .
    Pozdrav I NE se sekiraj., ke se smiri♥️
     
    На Srebrna и butterflyflowerr им се допаѓа ова.