1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесивно-компулсивно пореметување (Оbssesive compulsive disorder)

Дискусија во 'Психологија' започната од princessofthedark, 2 јули 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сметам дека тоа не нити пореметување,нити болест,затоа што секој човек си има ритуал,кај некого е повеќе изразено,а кај некого помалку,а ритуалите не се од сега,туку од одамна,без разлика за каков ритуал станува збор.Ритуал имам и јас,а што сосем е нормално,ги мијам забите два пати на ден,нема шанси, а да не ги измијам,да направам една генералка,миење,па чистење лице,ставање крема,церемонии кои секоја вечер ги правам,инаку така да се оставам без ништо,нема шанси.Друго,незнам дали ми е мана или не,точно знам во мојата соба,кој предмет каде стои,ако е помрднат од својата положба,тоа веднаш го приметувам,пред да ја пратам поракава,го видов и другиот пост,па ми текна дека и јас имам нешто слично,со проверување што има под перница,околу кревет,исто и кај мене ми е останато од мала.Само се што правиме е ритуал,дури и обврските кои треба да ги завршиме во текот на денот,одењето на работа,ритуал се и молитвите,одењето во црква,обичаи,традиции,се е ритуал.Можам да кажам дека и до негде тоа ни е вродено,не дека е пореметување.
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ау, јас па појма немав дека ова било „болест“.
    Јас имам вакви навики со облеката. Секогаш морам да знам колку точно пати сум го облекла нештото откако сум го испрала. Ако е три пати облечено, и да не е валкано или потно - директ во машина. После, ремените ми се наредени во ред и ако го земам првиот на пример, откако ќе го извадам од фармерки го редам последен и другите ремени имаат предност за наредниот пат :rofl: Исто и со марамите. После за косата: првиот ден по капењето ја носам пуштена, вториот - со шноличка, третиот - во репче. Точно знам која ташна со кои штикли ми оди, кој парфем кога го редам и со кое млеко за тело го комбинирам.
    Исто опседната сум со бројот 7, па ако нешто (кое било) треба да го изберам, ги бројам и го одбирам седмото (ова доколку ми е сеедно кој е изборот)... и ред други работи.
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Хипи, со тоа седумката и јас имам навика, бројам до седум, што излезе тоа :D
    Друго што ми е така во “навика„ да се рече е кога јадам последното залче си го правам така мераклиски, со се што има на маса :$ :D
     
    На sweet-star и SummerLove26 им се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    хммм, се препознав :^)
    е па сега вака значи, ми се случува значи ова во кое се препознав, ми се случува да го забележам тој што е до мене како не го затвора убаво шишето со тапата и се буди чувство на немир во мене и напнатост и некако какo рацете да ми ги привлекува да го затворам :$
    имам навика да бројам точки на блуза или што и да е :^)
    да подредувам, еве прво нешто што ми падна на памет ќофтињата. нема шанси да ги послужам ако не ми се под ред убаво со стил наредени :@ се нервирам дури...

    и во последно време се трудам да ги отргнувам мислите, и кога ќе забележам дека нешто ми пречи веднаш помислувам на друго и поради срам и од другите и од самата себе не го правам намисленото :)

    мојата дијагноза? :(
    ама не сум толку многу навлечена на тоа. како помала повеќе бев може, ама сега скоро и ич :)
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Од сето ова што го прочитав не ви е ништо. Скоро сите напишавте дека тоа се само ритуали, и јас мислам така.
    Е јас на пример ги бројам белите испрекинати ленти на автопатите секогаш кога се возам. Навика, шо ќе прајш. :lol:
    Исто и сенките на автопатот од околните објекти.
    Кога поминувам покрај автомобил, регистрација гледам и после едно десетина пати дури не ги повторам бројките |( не знам што ќе се случи.
    Па исто кога одам некаде, ако допрам било што тогаш се што е исто такво, а се повторува по патот мора и него да го допрам. Па еднаш ми се случи тоа да го правам со бастуните на старите :fubar: :$ .
    За миењето заби, чешлање коса, па тоа ти е хигиена. А проверка под перница, заклучена врата итн, е тоа тие од сигурност.
    А и уште еден коментар за Монк. Супер серија и понекогаш посакувам да сум како него. Се ти е под ред , а и плус и супер детектив си :P
     
  6. smartass

    smartass Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7

    Ајјј не знаев дека има вакво пореметување и дека и јас сум пореметена!!! Пред некое време неможев да издржам на пример (ова глуп пример ама не ми текнува друго )ако несакајки си ја допрам едната рака 2 пати , мора тоа да го направам и на другата...И милиони такви примери,ситници :D Сега не толку ама порано постојано го правев тоа! чудно.....
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Следечи мој пример-кога одам низ плоштад, секогаш чекорам преку две плочки :$ Сум се повратила чекор назад ако згрешам :$ :lol:
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    А јас внимателно пазам да не ги нагазам краевите на плочките, исто ми се случува да си ги мерам стапалата на секоја плочка :lol:
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Мои луѓе :rofl: :rofl: :rofl: . А кога се малку помали плочките од моето стапало е тогаш ми иде :@
     
    На SummerLove26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ИСТО! Ме фаќа некоја нервоза внатрешно ми иде незнам што да направам :@ И цело време очекувам плочките да ми бидат тамам на стапалото затоа што носам 35 број :lol:
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^Смешки сме нели? Другарка ми кога ќе ме зебелжи ми вика ајде оваа почна да ги мери плочкиве, чек да се тргнам понастрана ќе ја збунам :rofl:
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ах Дарки среќна си ти со 35, а јас што носам 39, а? :rofl:
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ќут, Лолипоп, јас носам 39-40 :$ Ама среќа во Пп се плоштадските плочки поголемки малку :rofl: :rofl:
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    ^^ :rofl: :rofl: ќе ги опитам на Пиво фест, само ако не ме собираат.
    Инаку имам уште еден дисордер. Кај нас во село нели нема толку густ сообраќај и често наместо по тротоарот си одам по улицата. И нели има такви бели линии на сред улица и јас се трудам од една линија до друга да направам 5 чекора. Ц,ц,ц која психа сум. Одиме со дечко ми и јас често така замајана заостанам малку ( нели мора поситни чекори да правам за да се соберат 5 ) и тој стално ми се кара. Ама не сум му кажала уште за овие мои фрикови
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^ХАаххаа, ај па ќе ми кажеш. АМ аима и помали, ти барај ги оние кои се насреде, околу фонтаната, или па најголеми се оние кај комерцијална :lol: :lol: Ех, стварно за ова првпат слушнав дека било... како се викаше...некое нарушување или што :^) Е па човекот е сложено суштество де :lol:
     
  16. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Јас ако плочките се помали од моите нозе одам на прсти да не стапнам по линија :D секојпат така правам ..Поздрав
     
  17. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Јас скоро секогаш поминувам на прсти. Ногата ми заваѓа по две плочки. 40-41 број и кога купувам обувки продавачките само :o :P
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Секој има по некои опсесивно-компулзивни моменти,ако можат така да се наречат,во смисла на некои навики,суеверија или нешто слично,меѓутоа за пореметување може да се смета само ако е претерано изразено и го нарушува секојднерното функционирање.
    Јас не сум во групата не бројачи :P ,не бројам ни плочки ни ѕвезди,не проверувам нешто дали е исклучено по сто пати.Ми се случува да настојувам некои работи да ги завршам исклучиво некој утврден редослед,во смисла првин облекувам пижами па мијам заби,после мијам лице па пијам чаша вода итн.Сепак,не гледам на ова како опсесивно-компулзивно пореметување,туку мислам дека постои некоја оправданост од прагматична и функционална гледна точка.Сум утврдила дека така е најпаметно(а не мора да значи,но така ми се завртело во умов) и така си терам,не дека нешто ќе се случи лошо ако пробам поинаку,но ете...
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Јас за ова не ни знае, па нормално е тоа да ги миеш забите или пак лицето
    на пример јас неможам да се замисалм повеке од 3 дена да ја носам косата немиена на секој 3ти ден ја мијам , потоа лицето два пати во денот мора да го измијам на секој оброк по 2 чаши вода мора да испијам инаку не станувам и кога седам на маса секогаш гледам да не седам од крајот или на некое ќоше...тие се моите ритуали или навики, јас повеке го сметам тоа како навика а не како некоја болест сите имат по некоја навика така да не плаши се далеко од ова пореметување си барем јас така мислам :)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене исто ми се случува и кога одам да ја прескокнувам намерно едната плочка и внимателно да згазам на другата во средина :lol: Потоа едно време ќе се свестам и продолжувам без овие испади :tmi: